Две години сум овде на Кајгана,и пред можеби две недели ја открив оваа тема.
поточно решив да го кажам моето ХОБИ - колекционерство прв пат овдека, а тоа е доста старо,можеби и над 50 години.
Но овде за ХОБИ само се рачуна,одење во кладионица,фан клуб јурумлери и трубарево, женски газиња,колекција на употребени кондоми и нешто слично.
Видете ги вашите одговори на некои теми што ги отворив за моето хоби и колекција и се ќе ви биде појасно иако многу и ги избришава,а од кои ве многу заболе и глава.
Прво почнав да собирам,уште како копиљ мали минијатурни грниња,бокалчиња и бардачина кои ми ги носеа моите од Бугарија кога одеа на бања.Се уште ги чувам.
Но сакав да имам нешто посебно само јас да го имам,бидеиќи такви видов и кај други на милињата на намештајот.Затоа почнав прво со оние мелници за Бибер исто така од Бугарија,кои се уште ги имам полн сандак и се уште ги собирам.
Но собирам и други мелници, ете во темата на Латиница од пред некој ден видете.
А во петок или сабота ќе отворам нова тема за едно мое друго ХОБИ, и...
и се молат членовите на Кајгана да не трескат глупости на истата,кои сака нека ја отвори и нека погледа кој не сака нека не отвара,како што јас ни еднаш до сега не сум отворил ниедна тема што почиња со зборовите ФАН КЛУБ ... и нема ни да отворам.