Ја сакам зимата. Посебно кога врне снег. А не е толку ладно. Па дури и кога е ладно. Ама да имаш некој до тебе да те згрее
Сакам кога носам шалчиња, ракавици, капчиња...и сакам да ги гледам другите околу мене кога ги носат. Ми недостигаат оние времиња кога како мали правевме снешковци. Не дека сега да падне некој убав снег, не би излегла надвор да направам
И сакам кога се маваме со топки...убави, снежни, бели
Кога по долгата прошетка на снегот, оставајќи траги зад нас, сме седнати во некој кафич и пиеме чај. Да се стоплиме
Ја сакам и есента. И сакам кога се шетам, а лисјата паѓаат од дрвјата. И обожавам да газам врз паднатите лисја. И да ги слушам како шушкаат. Има нешто посебно во нивниот шепот. И сакам и кога врне. Сакам да шлапам по вирчиња. Сакам и кога ветерот ми ја дува косата. А со него носи некаков интересен мирис. Посебен.
Го сакам и летото. Сонцето огреало, сите навор по кратки ракави. Единствено всушност што не сакам во врска со летото, е претоплото време. И ноќите што не можам да заспијам бидејќи е прежешко. Ја сакам еуфоријата што владее...кој каде на одмор. Сакам шетање по плажа, пишување на името на песокот, пливање во водената шир. Да не продолжувам понатака...сакам се во врска со летото...само не гореспоменатото.
И велат, ѕвездите се секогаш последни. Моето најнајнајомилено годишно време(и покрај тоа што сите ги сакам, сигурно веќе разбравте) е се разбира ПРОЛЕТТА! Принцезата што ги топи снеговите, притоа постелувајќи го зелениот килим, полн со шарени миризливи цвеќиња. Не знам, можеби најмногу ја сакам пролетта од самата причина што сум родена во пролет. И можеби затоа најмногу го сакам Мај, зашто тој е мојот месец. Сепак, пролетта е единственото годишно време во кое целосно се одразувам. Се пронаоѓам во него, ме одразува како карактер. Го сакам сонцето кога нежно ме гали. Зрачи живот. Полно со оптимизам, вердина, радост. Цутот на дрвјата...опојниот мирис...топлиот ветер што шепоти...долгите прошетки...излетите...насмеаните лица на луѓето...сето тоа во едно годишно време. Па дури го сакам и дождот во пролет. Силен дожд. Не го сакам, го обожавам. И секогаш излегувам навор и стојам да накиснам, или уште подобро, се шетам. И громовите...ненадејните молскавици...сето тоа заедно некако ми изгледа мелахонично, тажно, но сепак прекрасно. Веројатно Вивалди во своето дело „Годишни времиња“ најубаво ја има опишано пролетта... Како и да е...со ова завршувам. Мој последен збор-гласав за пролетта се разбира.