А
Александра Д.
Гостин
Јас гласав за пролетта затоа што не е ни премногу топла ни премногу ладна. Ја сакам по убавата миризба насекаде, по навестувањето на летото...најубава ми е.Кое годишно време најмногу го сакате? Кога се чувствувате најубаво?
Секое си има своја убавина, но најмногу си ја сакам пролетта. Тргнувајќи од тоа дека сум родена во најубавиот месец во годината (според мене) - мај, па се е расцутено, насекаде се чувствува мирис на цутови, луѓето како да „оживуваат“, денот станува подолг.
Летото не го сакам многу ако е премногу жешко, но убаво е затоа што тогаш можеш убаво да одмориш и да шетнеш некаде надвор (ако преку цела година работиш), посебно градов живнува, доаѓаат туристи и секој ден гледаш нови фаци.
Есента ми е убава затоа што целата природа е во разни нијанси од жолта, зелена и кафеава боја. Посебно сакам да патувам во овој период, уживам во глетката, посебно ако врне дожд.
Зимата ја сакам затоа што сакам кога паѓа снег, кога се е наоколу бело, луѓето ми се интересни што се „туткаат“ во потопли алишта, со шалчиња, нараквици, капчиња. Прошетки повеќе сакам зимно време отколку летно.
Годишните времиња влијаат различно на секого. На вас?
Летото не го преферирам-многу е топло и мораш попладне дома да седиш:nesum:.
Есента...ја сакам затоа што е убава, со сите тие раскошни бои, но го навестува заладувањето...
Зимата ми е по пролетта. Ја сакам нејзината ладничка свежина и ми се допаѓа гардеробата.