Зима.
И чист, бел снег.
И љубената до тебе.
И крцкање на снегот.
И зима...
И чистота...
И убав бел снег.
Улица која првпат ја разгазувате токму вие.
Гушкање, единственото што грее под намрштените облаци.
Бакнеж, ги омекнува испуканите од студ усни.
Сакам зима... и снег... и чистота... и белина... единствената ТАА од годишните времиња, која е недопрена бела, додека не дојде пролетта за да и` ја одземе убавината.
Единствено нејзината убавина насилно се одзема.
Сакам зима... и снег... и прошетки со љубената, додека снегот срамежливо крцка под налетот на вљубените нозе.
Да не забегав јас малку?