Епа има разлика од “извини“ до “извини“.
И секогаш го сеќавам дали е искрено од срце или ај колку да речам. И ако е искрено го прифаќам со цело срце, исто како што некој го дал. А ако не е, тој некој уште толку ја “оплескал“ кај мене.
А јас кога се извинувам, барем до сега, секогаш било искрено и од срце, кога знам дека сум ја утнала работата.
Има и “извини“, од учтивост(извинете, ако може...) што ретко го кажуваат денес, ама одма знам дека е воспитана таа личност што го кажува, и ми прави позитивна слика.
Ама “извини“ секогаш треба да се поткрепи со дело, ако не, празно е и без значење.