Јас кога сум нервозна не сум баш најдобро друштво.Се случува да собирам се во себе, па да ја истурам цела нервоза и лутина, ама некогаш не собирам, туку одма избувнувам.значи зависи, некогаш се истурам и врз погрешни луѓе и потоа ми е многу криво, па ми се случува да заплачам и после да им се јавувам и да им се извинувам на луѓето на кои сум се истурила :nesum:, ама сепак на крај тој што ќе ме извади од такт си го добива својот дел .
Малце сум незгодна кога сум изнервирана, затоа подобро е да сум сама во тие моменти ,искрено. Но, некогаш па нервозата ја изразувам со зборење. Значи блаботење, зборам премногу и повеќе од што треба.
Сакам да слушам музика кога сум нервозна затоа што ме релаксира и ме смирува.Инаку имам неколку личности, другари и другарки, кои имаат некоја финта и секогаш ме расположуваат.
Додуша мене не ме држи многу лутина и нервоза и многу брзо ми пројдува,за среќа.