Веројатно ќе добијам храброст за да направам некои работи кои можеби сум требала и претходн да ги направам но ете, кога ќе знаеш дека е крај сепак чувствата се мешаат, во такви тешки моменти сфаќаме колку и што всушност ни значи здравјето и секако самиот живот па ги гледаме работите со други очи.Мислам дека во тие моменти не постојат лоши мисли, туку доаѓаат до израз чувствата и човечноста и сме спремни да простиме на некој или едноставно би ги искажале своите чувства за некој ако тоа веќе не сме го направиле претходно..Но мене не ми се допаѓа фактот што треба да дојдат тешки моменти за да човекот сфати која е поентата на животот, или едноставно не мора да значи дефинитивно крај како што е случајов во темава, туку едноставно верувам дека секој од вас некогаш кога бил болен се почувствувал колку му значи животот и во такви моменти едноставно гледаме на работите поинаку од обичноЗначи, дознавате дека имате уште еден ден од животот.
Што се би направиле, во овој последен ден?
Може да бидете сериозни на темава? Без сеир, затоа што ако сакав да биде на сеир, ќе ја отворев во Чек Дис Аут.
Иначе,
јас прво ќе бидам со целото мое семејство за последен пат, и секако ќе бидам со сестра ми и брат ми некој саат за да ги видам за последен пат. После ќе одам со целото мое друштво да се видам, па ќе одвојам 2-3 саати за моите нај нај другарки. После ќе одам во црква. Откако ќе направам се што сум сакала, ќе одам со тој што го сакам...и со него сакам и да бидам за последен пат...
Вие?:raz: