Кога Ќ стана Ч?

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Jас намерно ги пишувам со ч, нема да им одам по ќеф па да си го кривам jазикот за да го доловам нивното ќ/ч кое каj нас како вокал го нема. Многу поблизу е до ч отколку до ќ. За ова се испокарав со професорката по македонски, ме тераше да го пишувам со ќ а да го изговарам некако чудно како тоа што го прават самите срби. Епа нема!
Е па добро, ондак немој да викаш куќа, туку викај куча, дека исто е...
 
Член од
27 февруари 2012
Мислења
64
Поени од реакции
48
Ако одиме со правилото пишувај како слушаш, тогаш ние слушаме Ч каде србите обично пишуваат Ќ. Така да јас сум за Ч, макар и да не е правилно. Нема смисла да пишуваш Ќ а да читаш Ч. Кај нас сите српски презимиња на иќ се изговараат како ич, скоро без исклучок.
сите останати словенски „ич“ (руски, словенечки, полски, ураински итн) ги читаме и пишуваме со ич. Што е разликата со србо/хрватите ?
Уште поголема глупост е кога руски презимиња ги пишуваат со иќ, не еднаш сум видел на телвизија. Па од тоа нема поглупо.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Е па добро, ондак немој да викаш куќа, туку викај куча, дека исто е...
Куќа е македонски збор и како таков фигурира во речникот на македонскиот jазик а изговорот си е нормално со ќ. Можеби има српско потекло но е одомаќинет и прилагоден на нашите jазични правила додека Српските презимиња треба да ги изговараме како што ни е наjлесно. Или со нормално ќ или со ч. Немаме буква ћ. Тоа е тоа
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Јас ги пишувам со -иќ и ги изговарам со -иќ, затоа што македонскиот литературен јазик си има правила и во конкретниот случај соодветна замена за дадената буква.

Огромен процент од луѓето пишуваат сВаќам, место сФаќам, тоа не значи дека е правилно. Дај заради нив да ги смениме правилата.

Па со нормално Ќ де, јас не ни знам како поинаку да го изговарам.
На пример Ѓоковиќ, со нормално Ќ ќе си го изговорам, како би можело поинаку? Не те сфатив што подразбираш под тоа нормално ќ.

Точно, немаме буква ћ, но имаме соодветна замена за неа, а тоа е ќ. :)
 
Да, има правила кои се донесени во Jугословенско време па наjвероjатно од емотивни причини денес никоj не се залага да го реформира фонетскиот правилник за странски имиња и презимиња. Македонскиот литературен jазик е конструиран според правилото „Пишуваj како што слушаш, читаj како што пишуваш“. Србите/Хрватите се изземени од ова правило а Русите не се.
--- надополнето: 3 септември 2012 во 20:32 ---
Точно, немаме буква ћ, но имаме соодветна замена за неа, а тоа е ќ. :)
Дали ќ е соодветна замена за ћ треба да проценат лингвистите. Според мене не е. Ниту визуелно се исти ниту вокално. ћ е многу поблиско до ч
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Да, има правила кои се донесени во Jугословенско време па наjвероjатно од емотивни причини денес никоj не се залага да го реформира фонетскиот правилник за странски имиња и презимиња. Македонскиот литературен jазик е конструиран според правилото „Пишуваj како што слушаш, читаj како што пишуваш“. Србите/Хрватите се изземени од ова правило а Русите не се.
Ни Србите, ни Хрватите не се изземени од правилото. Таа буква не е Ч, ниту се слуша како ч. Поспецифична е и ако гледаме така најблиску може да се каже дека е измеѓу Ќ и Ч, но не се слуша како Ч во никој случај, си има разлика и затоа за мене Ќ е и повеќе од соодветна замена. Таман си е.
Не гледам зашто ако тие пишуваат кућа, а ние куќа, зашто истото не би важело (а очигледно и важи, пошо на моја страна си ги имам македонските правила) и за презимињата.
Од друга страна Русите изразито го изговараат презимето со Ч ,а така и го пишуваат (Пример, на руски јазик е: Влади́мир Влади́мирович Пу́тин, така и ние го пишуваме пошто ја имаме истата буква)
Дали ќ е соодветна замена за ћ треба да проценат лингвистите. Според мене не е. Ниту визуелно се исти ниту вокално. ћ е многу поблиско до ч[
И они имаат ч, така да не гледам зашто би имале две “исти, а различни“ букви во азбуката.

Македонскиот јазик си има правила. А правилото е дека српски презимиња одат така Јоксимовиќ, Дапчевиќ и така натаму. Сеа тебе може не ти се свиѓаат, тоа е друг муабет.

Како што реков, на многу луѓе може не им се свиѓа што СФАТИВ се пишува со Ф, па си го пишуваат со В, ама не значи дека се во право.
 
Член од
6 февруари 2012
Мислења
17
Поени од реакции
9
Страшно еј, им ги сквернават презимињата на Србите...не знам како ќе спијам сега
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Па со нормално Ќ де, јас не ни знам како поинаку да го изговарам.
На пример Ѓоковиќ, со нормално Ќ ќе си го изговорам, како би можело поинаку? Не те сфатив што подразбираш под тоа нормално ќ.

Точно, немаме буква ћ, но имаме соодветна замена за неа, а тоа е ќ. :)
Ѓоковиќ се чита Џокович само колку да знаеш.
Исто како што Мајкл Џексон е Мајкл, а не Михаил.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
„Ќ“ од српските/хрватските/црногорските/босанските презимиња (и не само презимиња) стана „Ч“ поради повеќе причини. Прво, немање асални лектори и јазични уредници кои вршат корекција на текстови. Второ, општо слабо познавање на стандардниот правопис. Трето, оддалечувањето од српско-хрватското јазично подрачје по распаѓањето на СФРЈ. Четрврто, да му се покаже среден прст на правописот на Блажета Конески. Мене, мува не ме лази. Кој како сака нека пишува - со сила не се наметнува ни правопис, ниту пак со сила може чоек да се описмени.

Некои тврдеа дека македонските „Ч“ и „Џ“ се послични на српските „Ћ“ и „Ђ“ отколку „Ќ“ и „Ѓ“. Фонетиката и фонологијата велат поинаку. Сите варијанти на српски/хрватски/босански имаат „Ч“ и „Џ“ но имаат и „Ћ“ и „Ђ“.

И во српски/хрватски/босански и во македонски „Ч“ и „Џ“ се посталвеоларни африкати. По место на артикулација се посталвеоларни, а по начин на артикулација се африкати. Разликата е што „Ч“ е безвучен, а „Џ“ е звучен посталвеоларен африкат.

Од друга страна, „Ќ“ и „Ѓ“ (од фонетски аспект) се речиси идентични со „Ћ“ и „Ђ“. Сите овие четири фонеми се палатални африкати. По место на артикулација се палатали, а по начин африкати. Разликата е што „Ќ“ и „Ћ“ се безвучни палатални африкати, а „Ѓ“ и „Ђ“ се звучни палатални африкати.

Значи, според фонетските особености македонските „Ќ“ и „Ѓ“ соодветствуваат на српските „Ћ“ и „Ђ“. Затоа стрико Блаже Конески ја предложил таа транслитерација -- не ја извадил на бавтана.

Е сега, сосема друга работа е кому како му фаќа уво и како му се бендисуе да си пишуе. Некои (поради исцрпни познавања на јазичната норма) на пример, си сакаат „естетски“ да го пишуваат „естецки“, „средство“ како „стресво“, или „манијак“ како „мањак“. Кој ќе им забрани на овие слободни граѓани вака да си пишуваат? Никој. Така и на оние што сакаат да си пишуваат Џокович, Дапчевич, нека си пишуваат. Е сеа, ќе биде малце заебано кога некој Србин по име Владимир Илиќ ќе го пишат Владимир Илич -- некој може да си помисли дека се работи за Ленин. Али баш те гаље, не е е тоа некој голем проглем.
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
„Ќ“ од српските/хрватските/црногорските/босанските презимиња (и не само презимиња) стана „Ч“ поради повеќе причини. Прво, немање асални лектори и јазични уредници кои вршат корекција на текстови. Второ, општо слабо познавање на стандардниот правопис. Трето, оддалечувањето од српско-хрватското јазично подрачје по распаѓањето на СФРЈ. Четрврто, да му се покаже среден прст на правописот на Блажета Конески. Мене, мува не ме лази. Кој како сака нека пишува - со сила не се наметнува ни правопис, ниту пак со сила може чоек да се описмени.
Мислам дека со целиот коментар ја затвори темата. Крај на муабетот, барем што се однесува до тоа што е правилно а што не :)
Сепак „проблемот“ не треба да се генерализира па секој србин да се пишува со Ќ. Треба да се види неговото презиме како е заведено во неговата земја па потоа да се суди дали е грешка или не. Што ако се на пример србин со руско потекло?
Пред неколку страни имаше коментар за србите во македонија како треба да им се пишуваат презимињата. Хах, тоа некако не очекував дека ќе го прочитам тука, но ете ... Нормално, се пишуваат исто како што се заведени во матичната книга на родени. Зарем е потребен разговор во стил србин е со Ќ ќе го напишеме? Ако во официјалната евиденција презимето му е заведено со Џ, тогаш ќе се пишува со Џ без размислувања за потекло и како би требало да биде. Нема муабет како треба, туку како е, па ако е грешка нека ја исправат во официјалната евиденција.
Во првиот случај треба да се направи соодветна транслитерација, а во вториот коректно запишување. Простор за генерализирање и пишување на презимето согласно на тоа дали е србин или не нема, но сепак се создава простор во кој може да се воочи кој знае правопис а кој не :)
Интересен ти е делот од коментарот „оддалечувањето од српско-хрватското јазично подрачје“ ... кој дава одговор на неколку досегашни коментари дека они презимињата ги изговараат со Ч. Таков коментар може да се добие само од човек со македонско увце ненавикнато на србски говор, кое нормално неможе да ја воочи разликата во изговорот.
Патем, кафето е при крај, време е за работа :)
 
Член од
27 февруари 2012
Мислења
64
Поени од реакции
48
ок, прифаќам за причинити и зошто Ќ кај нас се заменува со Ч.
Но ајде обратна ситуација, разаговараш со србин, или поточно му пишуваш и немаш на тастатурата нивно Ћ. Како ќе му напишеш? „Хоќеш“, или „Хочеш“ ? Јас ја имам таа дилема практично секојдневно, и најчесто бирам ч.
Ќ они просто немаат освен во Пирот, би звучел како Шоиќ од „Тесна кожа“ ..

Отидов да работам и јас :) ...
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ѓоковиќ се чита Џокович само колку да знаеш.
Исто како што Мајкл Џексон е Мајкл, а не Михаил.
Само колку да знаеш, не, не се чита Џокович, туку се чита така како што е правилната транскрипција според правилата, а тоа е со Ѓоковиќ. Тоа што 80 посто се обидуваат да го изговорат како што е на српски па за да нагласат кажуваат ч е сосема друг муабет и е секако неправилен.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
ок, прифаќам за причинити и зошто Ќ кај нас се заменува со Ч.
Но ајде обратна ситуација, разаговараш со србин, или поточно му пишуваш и немаш на тастатурата нивно Ћ. Како ќе му напишеш? „Хоќеш“, или „Хочеш“ ? Јас ја имам таа дилема практично секојдневно, и најчесто бирам ч.
Ќ они просто немаат освен во Пирот, би звучел како Шоиќ од „Тесна кожа“ ..

Отидов да работам и јас :) ...
Вака ќе му пишам: „Сакаш ли?“ А он ако не разбира, кој му го упикуе. Нек учи малце, нек се едуцира. Е сеа, ако пак ти сакаш да се изражаваш српски, и си цепаш „Ч“ кајшо требе „Ћ“ и тоа си е у ред. Практично е, кој ќе се заебаа со шалтање азбуки. Једино шо би саветуел у тој случај е благовремено упозорење на Србинот (нешо као дисклејмер) у кое би му пишал: „Во понатамошном тексту чу се служити са буквама које су македонске, али чу пишувати на српски и надам се да је то све океј са вашу стране. Ако хочеш согласи се са тим ако нечеш, со здравју.“
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Само колку да знаеш, не, не се чита Џокович, туку се чита така како што е правилната транскрипција според правилата, а тоа е со Ѓоковиќ. Тоа што 80 посто се обидуваат да го изговорат како што е на српски па за да нагласат кажуваат ч е сосема друг муабет и е секако неправилен.
Крејзи..Пак ќе прашам.
Мајкл Џексон - Мајкл го читаш? Или Михаел?
Михаел Шумахер? Или Мајкл?
Мишел Куртeменч? Или Микел?
Со -ич завршувам. Не ми кажувај како се презивам.

edit: еве ти 2 у едно комбо
George Michael - Џорџ Мајкл или Ѓорѓе Михаел?
 
Член од
8 септември 2011
Мислења
84
Поени од реакции
23
Од друга страна, „Ќ“ и „Ѓ“ (од фонетски аспект) се речиси идентични со „Ћ“ и „Ђ“. Сите овие четири фонеми се палатални африкати. По место на артикулација се палатали, а по начин африкати. Разликата е што „Ќ“ и „Ћ“ се безвучни палатални африкати, а „Ѓ“ и „Ђ“ се звучни палатални африкати.
Ћ и Ђ навистина се палатални африкати, но Ќ и Ѓ не се африкати!
Ќ [c] e безвучна преднонепчена избувна согласка = безвучен палатален плозив (voiceless palatal stop).
Ѓ [ɟ] е звучна преднонепчена избувна согласка = звучен палатален плозив (voiced palatal stop).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom