„Ќ“ од српските/хрватските/црногорските/босанските презимиња (и не само презимиња) стана „Ч“ поради повеќе причини. Прво, немање асални лектори и јазични уредници кои вршат корекција на текстови. Второ, општо слабо познавање на стандардниот правопис. Трето, оддалечувањето од српско-хрватското јазично подрачје по распаѓањето на СФРЈ. Четрврто, да му се покаже среден прст на правописот на Блажета Конески. Мене, мува не ме лази. Кој како сака нека пишува - со сила не се наметнува ни правопис, ниту пак со сила може чоек да се описмени.
Некои тврдеа дека македонските „Ч“ и „Џ“ се послични на српските „Ћ“ и „Ђ“ отколку „Ќ“ и „Ѓ“. Фонетиката и фонологијата велат поинаку. Сите варијанти на српски/хрватски/босански имаат „Ч“ и „Џ“ но имаат и „Ћ“ и „Ђ“.
И во српски/хрватски/босански и во македонски „Ч“ и „Џ“ се посталвеоларни африкати. По место на артикулација се посталвеоларни, а по начин на артикулација се африкати. Разликата е што „Ч“ е безвучен, а „Џ“ е звучен посталвеоларен африкат.
Од друга страна, „Ќ“ и „Ѓ“ (од фонетски аспект) се речиси идентични со „Ћ“ и „Ђ“. Сите овие четири фонеми се палатални африкати. По место на артикулација се палатали, а по начин африкати. Разликата е што „Ќ“ и „Ћ“ се безвучни палатални африкати, а „Ѓ“ и „Ђ“ се звучни палатални африкати.
Значи, според фонетските особености македонските „Ќ“ и „Ѓ“ соодветствуваат на српските „Ћ“ и „Ђ“. Затоа стрико Блаже Конески ја предложил таа транслитерација -- не ја извадил на бавтана.
Е сега, сосема друга работа е кому како му фаќа уво и како му се бендисуе да си пишуе. Некои (поради исцрпни познавања на јазичната норма) на пример, си сакаат „естетски“ да го пишуваат „естецки“, „средство“ како „стресво“, или „манијак“ како „мањак“. Кој ќе им забрани на овие слободни граѓани вака да си пишуваат? Никој. Така и на оние што сакаат да си пишуваат Џокович, Дапчевич, нека си пишуваат. Е сеа, ќе биде малце заебано кога некој Србин по име Владимир Илиќ ќе го пишат Владимир Илич -- некој може да си помисли дека се работи за Ленин. Али баш те гаље, не е е тоа некој голем проглем.