Кога Ќ стана Ч?

  • Креатор на темата Креатор на темата VladSch
  • Време на започнување Време на започнување
се согласувам со Коловрт. Српската Ќ е слична во изговор со нашата Ч. Ние велиме Чао, тие велат Ćao. По наше тоа би било Ќао.
Ć е латинизирана форма на ћ
 
Си имаме наша транскрипција и тоа ч место ќ ми е препич.
 
На бројни патриоти не им е битно дали србите ги пишуваат со „ќ“ или со „ч“.
На истите веројатно им е исто дали Иран се пишува со „к“ или со „н“.

Од друга страна пак, од „сеедноста“, дојде и до ситуација, Кирил Пејчинович да биде напишан со „Ќ“.
Пример -

Е, до таму оди таа „сеедност“.
 
Си имаме наша транскрипција и тоа ч место ќ ми е препич.

На страна фактот што и Србите ја имаат ч како буква, па така што ако требало презимето да завршува на ч, ќе било ч и на српски јазик.

Ѓ = Đ
Ќ = Ć

Не знам што не е јасно.
Тоа шо ние изговараме како ни е полесно, не значи и дека е правилно.
 
Без разлика дали ја имаат ч како буква и глас, според мене (а и според вас штом веќе велите дека ни е полесно вака), нивниот глас ћ е многу поблиску до нашето ч отколку до нашето ќ. Во македонскиот јазик, освен можеби во северните дијалекти кои чинат дијалектен континиум со српскиот и бугарскиот, не постои гласот ћ значи треба некако да се препише, а тоа обично се прави со најблиско звучниот еквивалент во македонскиот јазик. Е сега не знам како на Конески му се чуло пред 70 години, но јас денес сиве сите овие презимиња ги слушам со ч.
 
Без разлика дали ја имаат ч како буква и глас, според мене (а и според вас штом веќе велите дека ни е полесно вака), нивниот глас е многу поблиску до нашето ч отколку до нашето ќ. Во македонскиот јазик, освен можеби во северните дијалекти кои чинат дијалектен континиум со српскиот и бугарскиот, не постои гласот ћ значи треба некако да се препише, а тоа обично се прави со најблиско звучниот еквивалент во македонскиот јазик. Е сега не знам како на Конески му се чуло пред 70 години, но јас денес сиве сите овие презимиња ги слушам со ч.
А Српското ч? Нели ч=/=ћ а презимињата им се пишуваат "Јовановић" , "Балашевић".
Со причина
Ч=Ч;
ћ=ќ.
 
Воопшто не се слуша како ч изговорот, посебен изговор е, кој ние не можеме да го изговориме затоа што ја немаме таа буква во азбуката и затоа имаме соодветна замена....
Они пишуваат кућа, ние пишуваме куќа.... Сигурно не пишуваме куЧа...
 
На страна фактот што и Србите ја имаат ч како буква, па така што ако требало презимето да завршува на ч, ќе било ч и на српски јазик.

Ѓ = Đ(Ђ)
Ќ = Ć(Ћ)

Не знам што не е јасно.
Тоа шо ние изговараме како ни е полесно, не значи и дека е правилно.
Баш ова(дополнив со српските кирилични букви).
 
А Српското ч? Нели ч=/=ћ а презимињата им се пишуваат "Јовановић" , "Балашевић".
Со причина
Ч=Ч;
ћ=ќ.

Да но не е тоа поентата. Работата е што и двата гласа нам ни звучат исто, или барем, не можеме да ги изговориме различно.
Еве еден друг пример.
Германците имаат глас i, но имаат и глас ü, што како глас го нема во нашиот јазик. Нам тоа ни звучи како нашето и, па затоа германскиот град München, ние го викаме Минхен, без разлика што на германски ü =/= i.

Значи, ако може од германски:
i = и
ü = и
зошто не би можело и од српско-хрватски:
ч = ч
ћ = ч
 
Леле каков пример даде, врска нема примерот...
Не е исто, не е ист изговорот, не ни звучат исто, туку така подифолт го изговараме иако не е правилно, односно ни е полесно. Ако веќе одиш така буквата е измеѓу Ч и Ќ, ама никако не може да се поистовети со Ч.
И Србите не можат ни Ѓ, ни Ќ да изговорат пошто ги нема тие букви во азбуката нивна, а не за нешто друго.

Башка за ü нема соодветна замена, а за ћ има, а тоа е Ќ.
 
Леле каков пример даде, врска нема примерот...

Мислам дека е баш на место, но во ред е....

Не е исто, не е ист изговорот, не ни звучат исто, туку така подифолт го изговараме иако не е правилно, односно ни е полесно. Ако веќе одиш така буквата е измеѓу Ч и Ќ, ама никако не може да се поистовети со Ч.

Па нели токму тоа е и суштината на транскрипцијата на зборови од странските јазици - да можеме да ги напишеме со наша азбука и ги изговориме со наши гласови како што ни е нам полесно?
 
Ние велиме Чао, тие велат Ćao. По наше тоа би било Ќао.
Со ќ, ѓ се предаваат приближните гласови и од другите јазици (на пр. од италијанскиот): Ќано, Ѓовани, Ѓенова и слично.
Блаже Конески
Граматика на македонскиот литературен јазик - Скопје: Детска радост, 1999
 
Не ве нервира што во последно време сите српски презимиња ги пишуваат со Ч. барем по билбордиве и на kirilica.com.mk i kurir.com.mk.

На пример Тијана Дапчевич, Жељко Јоксимович....

Ај шо ме нервира коа тоа ќе го напишат, него од такт ме вади што и покрај тоа што знаат каква глупост напишале, дотичнине новинари, истите тие, ако стане збор да го прочитаат презимето што завршува на „Ќ“, тоа исто „Ќ“ го читаат небаре да е стаено на почеток на зборот, онака меко и лигаво „ќ“ - небаре читаат „ќенеф“, а не на пр. Дулиќ, Дабиќ, Јоксимовиќ, Дапчевиќ и шо ти јас знам..

Не ми е јасно зошто тоа го прават?!?!
 
Jас намерно ги пишувам со ч, нема да им одам по ќеф па да си го кривам jазикот за да го доловам нивното ќ/ч кое каj нас како вокал го нема. Многу поблизу е до ч отколку до ќ. За ова се испокарав со професорката по македонски, ме тераше да го пишувам со ќ а да го изговарам некако чудно како тоа што го прават самите срби. Епа нема!
--- надополнето: 3 септември 2012 во 20:20 ---
Ај шо ме нервира коа тоа ќе го напишат, него од такт ме вади што и покрај тоа што знаат каква глупост напишале, дотичнине новинари, истите тие, ако стане збор да го прочитаат презимето што завршува на „Ќ“, тоа исто „Ќ“ го читаат небаре да е стаено на почеток на зборот, онака меко и лигаво „ќ“ - небаре читаат „ќенеф“, а не на пр. Дулиќ, Дабиќ, Јоксимовиќ, Дапчевиќ и шо ти јас знам..

Не ми е јасно зошто тоа го прават?!?!
Извини, не посетувале србомански курсеви за правилен изговор на српското ќ кое во македонскиот вокален систем го нема. Ако го пишуваме како ќ тогаш треба да го изговараме како ќ т.е како она ќ во ќенеф.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom