Книги кои би ги препорачале

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Најголемиот трговец на светот и....
--- надополнето: Aug 18, 2011 3:30 PM ---

...За Македонцките работи од Мисирков, книгата не само што е политичко историски документ и ке ви ги отвори умот и очите , туку е и еден дневник на еден деец, обичен човек со големо срце и железна воља кој со своите реченици и обид да пишува на централното македонско наречје ке ве треанспортира во годината на неговото постоење, како да пиев кафе со човекот, делото не е книга туку разговор со Мисирков.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Океј - значи ги препорачувам книгите кои ги прочитав на одмор, можеби за некои од нив веќе имам тука пишано, ама за секој случај еве пак.

Вештица - Венко Андоновски. Немам доверба и одбегнувам Македонци писатели, освен овој гениј. Му се восхитувам, стварно. Не може секој да го напише тоа што тој го има напишано. По втор, трет пат ја читам книгава и сфатив дека некои работи не сум приметила претходните пати.

Мандолината на капетанот Корели - Луј де Берниер. Лелеее кога почнав да ја читам книгата си реков дека е многу глупа. Ама после, се приврзав со ликовите и ми стана една од омилените. Планирам филмот да го гледам деновиве. Значи, книгава во исто време ќе ве пресмее и ќе ве расплаче. Преубаво четиво.

Заедно. ПС Љубовна приказна - Џоди Пико. Па јас би рекла и дека не е баш љубовна приказна, туку трилер. Исто така влезе во моите омилени. Јес да крајот ме изнервира ненормално. Ја препорачувам на сите, има од сите жанрови по нешто. Се работи за еден пар кои заедно пораснале. Во почетокот на книгата, ќе ја најдат девојката мртва. Момчето е единствен сведок на чинот и тврди дека е самоубиство. Лесно се чита, типичен бестселер кој ќе ве потресе.

Папата Јована. Не верувам дека некој не чул. Историски роман. Потресна приказна, многу убаво напишана.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
"Колекционер" - Џон Фаулс

"Сите го сакаме она што не може да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа."
Колекционерот не е од вистинските луѓе, од чиновниците е. Од оние луѓе што ги среќаваме у лифт и личат тотално нормално, секогаш чисти, миризливи, залижани, опседнати со својата исправност и пристојност, сервилни се и понизни кон газдата, но кога ќе им дадеш моќ, ака пари, ќе ги затечеш во право светло. Со години бараат каде да си го сместат лудилото се` додека не начекаат жртва.

"Се` што е убаво и слободно се затвора во гнасни подруми од страна на одвратни луѓе на кои не им е гајле."
Остра критика на општеството, каде оние кои размислуваат со својот здрав разум се замолчени на разни начини од луѓе кои пропагираат вера и "фино" однесување, а се најлицемерните, духовно-празни луѓе. Нема исправен пат или бар за секој поединец тој е различен.

"Ќе ги изгубам и срцето и телото и умот и душата по некој идиот како Џ.П. Кој ќе ме изневери. Да ме сакаше навистина, немаше да може да ме избрка. Да ме сакаше навистина, ќе ме избркаше."
И тоа е начинот на кој жената сака. Целосно, па макар и удирајќи се со глава во ѕид.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
''1984''-Џорџ Орвел
Визионерски опис на идно тоталитарно општество,каде секој чекор и звук се набљудувани,и обидот на бунтовникот Винстон да се оттргне од стегите на Партијата и да го сруши перфектниот систем.A must за секого.
''Q & A''-Викас Сваруп
Екранизирана во филмот Slumdog Millionaire,приказна за едно сиромашно момче, кои и покрај тоа што е неписмено ќе успее да победи на квизот Кој сака да биде милионер само со помош на чиста среќа и знаењата кои ги стекнало низ животот.
 
С

Сатори

Гостин
За оние кои што преферираат историски романи:
„Sins of the House of Borgia “ - трагично е што книгата нема македонски превод, но да бидеме искрени, ништо не го заменува тоа да се чита книга на матичниот јазик.Прекрасна приказна со трагичен крај и многу заплети и интриги за најпознатата папска фамилија во историјата.Стилот е прекрасен, доволно лесен а сепак дескриптивен, приказната нормално е шармантна ако си заинтересиран и портретите на Лукреција и Чезаре Борџија се совршено опишани.Во суштина е приказна за неуспешна љубов, преживување, војни и инцест.
„Раѓањето на Венера“ од Сара Дунант - приказната е сместена во ренесансна Италија, Фиренца во времето на Савонарола и Медичите.Слична на горе наведената секако со различен стил и многу по...пристоен крај.

Секако за реалистите секогаш би го препорачала Достоевски, за постмодернисти, Ханиф Курјеши „Буда од предградието“ или Охран Памук „Снег“, иако мој личен фаворит секогаш Кундера, апсолутно се што има напишано или Алесандро Барико од италијански модернисти. :)
(постов излезе многу поголем него што требаше)
 
S

Sattva

Гостин
Julio Cortazar! Bilo koe delo od nego, ne samo shto nema da ve ostavi ramnodushni, tuku i mnogu ke ve podzamisli i, na momenti, dlaboko voznemiri... dopre... rasplamti...
Osven "Plochka" moze da ja pobarate i neverojatnata kniga raskazi (jas ja najdov kako "Ostrovot na pladne"), "Progonuvachot" itn.

Tuka ke go naglasam i Horhe Luis Borhes i site mozni kreatori na mokjniot latinoamerikanski "magichen realizam", koj e eden od moite omileni "patuvanja"... Ponekogash tuka se nadovrzuva i neizbezniot francuski "egzistencijalizam", zaedno so Sartr, Simon de Bovoar, Kami, Kafka...
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Препорачајте ми добра психолошка книга.
 

Opsessive fangirl

Безнадежен интелектуалец.
Член од
14 декември 2009
Мислења
291
Поени од реакции
137
Игра во 'ржта - Џ.Д.Салинџер, книга што сметам дека секој мора да ја прочита. Истотака голем љубител сум и на англиските класици како Џејн Ер - Шарлот Бронте и сите романи на Џејн Остин, особено на Гордост и Предрасуди. По можност, прочитајте ги сите овие на англиски зошто стилот е прекрасен а ние за жал, немаме соодветни зборови.
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Ми падна во раце деновиве "Девојката со бисерна обетка" од Трејси Шевалие.
Мислев дека ке биде досадна, ама на мое задоволство ја прочитав во еден здив. Станува збор за една девојка на 16 годишна возраст која работи како слугинка во домот на еден сликар, кој го инспирира да црта.
Имате топла препорака од моја страна.
 
Член од
13 мај 2009
Мислења
687
Поени од реакции
283
Александриска врска - Стив Бери.
За љубители на детективски романи, трилери.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Книгите се како блачко: некогаш ти се јаде баклава, некогаш еклер, некогаш чоколадо со 99% какао, некогаш афтер еит, наполитанка, пита со јаболка ,а некогаш ти сака душата само бонбонче. моја препорака:

Haruki Murakami- Аfter Dark
Mark Haddon- The curious incident of the dog in the night-time
Danijel Turina-Nauk joge

Dubravka Ugrešić-Forsiranja romana-reke
Sue Townsend- Tajni dnevnik Adriana Molea
„Воскресение“ од Толстој
Murakami “Blind Willow, Sleeping WOman” (Murakami го препорачувам на англиски),
Андерсен „Бајки“
Никола Маџиров „Преместен камен“

„Ана Кренина“ од Толстој (без прерипување на местата каде што се Левин и Кити) ,
„Волшебниот брег“ од Томас Ман,
Robert Musil “Pomutnje gojenca Törlessa”

Препорака (за оние кои немаат време):
„Не ми е страв“- Никола Аманити
„Жената која чекаше“-Андреј Макин
„Природен роман“ Георги Господинов
„Едноминутни новели) Иштван Еркељ
„Пролетната песна на жабите“-Маргарет Етвуд
„Во земјата на магијата“ Анри МИшо(оваа е за пред спиење, за сладок сон

„Интимност“-Ханиф Курејши
„Од Агендата на КАлина КАлин“-Лилјана Пандева

За оние што имаат време, пропорака :
Достоевски „Браќата Карамазови“

„Како вода за чоколада„ од Лаура Ескивел
„Естетика на исчезнувањето“Пол Вирилио
„Дивата мисла„ од Клод/Леви Строс
„Љубена„ од Тони Морисон
„Разбој“ -Владо Малески
„Парфем“ -Патрик Зискинд (го имам читано на ср-хр, не знам каков е македонскиот превод, зашто германскиот е малку комплициран)
„Zen and the art of motorcycle maintenance-Robert M. Pirsig (препорака од човек на кого му верувам)
„Pristup Yogina”‘ Danijel Turina
„Новела за сонот“ (кратка е, ама е сепак за тие што имаат време

„Триумфалната капија“ од Е.М. Ремарк
„Дивите палми„ – Вилијам Фокнер
„Алиса во земјата на чудата“-Луис Керол
„Мајсторот и маргарита„ Булгаков

За оние што сакаат да вкусат од СФ нешто,
Roger Zelazny “Stvorenja svetlosti i tame“
Далгас Адамс „ Водича за ауторстопере кроз галаксију“

И се разбира, сите книги што биле за обработка и лектира во средно.
не е исто кога се чита Меша Селимовиќ или Иво Андриќ (расказите „Аникина времена„ , „Мара МИлосница“, „Мустафа Маџар„ можам вечно да ги препрочитувам) или Достоеввки на 17 години, на 27 и н а37 итн.

и уште неколку бонбона книги (за оние што немаат време):
„Необични раскази“ и „Цинк„ од Давид Албахари
„Вампир-психопат„ од Јуриј мамлеев
„ Ајнштајновите сништа“ ален лајтман
„Љубов за 17 ипол долари“ Ч. Буковски (долго избегнував да го читам мислејќи дека е само сперма и срање, ама е не е. преводот на Марко Петрушевски-сер гут)
„Антропологија“ ден Роудс
„Трска што мисли“ Нина Берберова
„Ако една зимска ноќ некој патник“* (каков флерт со читателот

„13 Бајки из краљевства Лаилонија за велике и мале“ Лешек Колаковски (со тврдо Л)

Инџој д рајд!
 

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.425
Поени од реакции
9.759
Брајан Трејси ''Моќта на самодисциплината''. Потпишувам со двете раце за неа :) Книга која во голема мера ќе влијае на начинот на размислување,активностите,определување цели во животот и исполнување на истите. Simply perfect !!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom