За пица и пиво - Џон Гришам
Playing for pizza е оригиналниот наслов. Прва книга што ја читам од Џон Гришам. Ја прочитав за еден ден, неверојатно многу интересно раскажува, едноставно и без многу тупење.
Се зборува за 27 годишен дечко, играч во врвовите на лигата на американски фудбал во Кливленд. Му пропаѓа кариерата и принуден е да оди и да игра во Италија, за мала плата во анонимен клуб. Се запознава со италијанската култура, јадење, вино, дружба...
На моменти многу замара со прераскажување на утакмици, ко коментатор е, а ја појма неам како се игра американски фудбал, ама останатото е супер xD
Книгата има преубава порака, многу е лесна за читање и ме опушти максимално.
Деновиве ќе одам уште некоја да си земам од овој писател, ако имате некоја да ми препорачате од него, well, do it.