Книги кои би ги препорачале

Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.681
Поени од реакции
13.295
Да, најголемиот грев што некој може да го направи на пишаниот збор.
Што ако ти кажам еве јас почнав со такви лимунатки па вкусот ми еволуираше во покомплексни изданија?
Каков грев е тој што некој чита книги од полесен калибар?
Не е ли подобро да чита нешто, отколку воопшто ништо а да се изјаснува демек е интелект кој ги разбира сите книги?
 
Член од
9 јуни 2014
Мислења
12
Поени од реакции
21
Ако си за потешка и македонска литература дефинитивно ''Вештица'' од Венко Андоновски, од надвор први на памет секогаш ми идат книгите на Ден Браун, пред се' ''Кодот на Да Винчи'' и ''Ангели и Демони'', ако си за љубовни драми нешто од Гијом Мисо: ''Затоа што те љубам'' или ''Седум години подоцна'', омилена од овој жанр ми е ''Вероника реши да умре'' од Пауло Коелјо. Последно ја читав ''Ајнштајновата девојка'' (историски трилер) и е мноооогу добра книга!
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.147
Поени од реакции
10.084
Има овде некој што чита на француски? Ако може да ми препорача некоја книга со лесен стил, бидејќи нивото ми е слабо, накај жалосно. Фала.
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.536
Поени од реакции
2.222
Овде само како наслов ги препорачувам 1984 и Животинска фарма од Џорџ Орвел, а повеќе за нив имам напишано во темата: Што читате во моментов.
 

Celeste

Егоист,курва,социопат.
Член од
6 јули 2014
Мислења
58
Поени од реакции
89
Од покомплексни имам посегнато само по Фројд.
Инаку читам криминалистика,трилери,мистерии.
Може лимонатки,не ме интересира. Ако не се чувствувам компетентно на 17 години да читам Достоевски,нема да читам. Се додека јас сметам дека си зголемувам и вокабулар и се надоградувам,нема потреба некој да ме осудува за тоа што и како читам.


"Шепнувачот" од Каризи е книга која ми остави впечаток и со пресвртите и со морничавите елементи. Би ја препорачал на секој што сака добар трилер.
 

Josef K

трагач
Член од
4 јануари 2014
Мислења
193
Поени од реакции
690
Научно-популарни книги што мора да се прочитаат :


1. Карл Саган – Космос ;

2. Стивен Хокинг – Кратка историја на времето ;

3. Бил Брајсон – Кратка историја на речиси се ;

4. Ричард Докинс – Себичен ген ;

5. Кристофер Хиченс – Бог не е голем ;

6. Мирча Елијаде – Историја на верувањата и религиските идеи 1-3 ;

7. Х. Јансон – Историја на уметноста ;

8. Бенедикт Андерсон – Нациja-замисленa заедницa ;

9. Ерик Хобсбаум – Доба на крајности-кратка историја на XX-от век ;

10. Едвард Саид – Ориентализам ;

11. Бертнард Расел – Мудроста на Западот ;

12. Марвин Пери – Интелектуална историја на Европа ;


Делам пдф-ки. Ако му требаат на некого нека пише по ПП. :icon_mrgr:
 
Член од
29 септември 2014
Мислења
7
Поени од реакции
13
„Без страв“ од Лурлин Мекдениел би ја препорачала, не верувам дека постои некој на кого не би му се допаднала. И останатите нејзини книги се вистинско воодушевување, вреди да се прочитаат.
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
534
Поени од реакции
1.359
Девојката со тетоважа на змеј - Стиг Ларсон
Засекогаш омилена и ја препорачувам на сите. Иако ретко гледам филмови откако ќе ја прочитам книгата, тука совршено се вклопуваат и опфатени се голем дел настани.
Останатите две од трилогијата се на wait листата. Кај и да е ќе ги начекам. :)
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.848
Поени од реакции
11.070
Железната петица. Може не е најсјајното дело на Лондон, но е еден од првите дистописки романи.
Една од моите омилени (y)

Препорака од мене - Ние од Замјатин. Исто меѓу пионерите во дистопијата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom