Книги кои би ги препорачале

Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Пред мене е Куцкамен. Имам трема не можам да ја почнам додека не сум сигурен дали задолжително да ги следам насоките дадени на почетокот? :)

пинг @ЈуријАркадиевич , @Вокерка , @CafeDelMar
 
ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.792
Поени од реакции
7.012
Пред мене е Куцкамен. Имам трема не можам да ја почнам додека не сум сигурен дали задолжително да ги следам насоките дадени на почетокот? :)

пинг @ЈуријАркадиевич , @Вокерка , @CafeDelMar
Пoчни јa, и тaкa дo 56тa глaвa се oди прaвoлинискo. Пoсле сaм ќе пoчувствувaш дaли дa пoчнеш или не спoред упaтствaтa дa ги следиш. :)
 
Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Ми треба препорака за романи на тема WW2. @ЈуријАркадиевич, @Saladin, @Вокерка, @anyone?

Имам уште едно прашање, дали било што од Ж. М. Г. Ле Клезио е преведено? Ја барав Пустина, ама никако да ја најдам книгата.
Препораки на кои ми текнува во моментов се два бестселери „Крадачка на книги“ од Маркус Зусак и „Искупување“ од Ијан Мекјуан. Имаат одлични екранизации.

А од Клезио се преведени: „Пустина“ (ТРИ, Скопје), „Африканецот“ (Слово, Скопје) и „Златна рипка“ (Микена, Битола). Ги немам читано и не знам какви се преводите, ако некој читал нека ме дополни. :)
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
@Вокерка да не знаеш дали излезе македонскиот превод на Atonement, насловен Воцеление? Беше најавен во издание на Магор со овој наслов, но не знам дали го има во продажба, а гледам на www.vbm.mk уште го пише дека е во печат. Едвај чекам да излезе и да го купам, сигурен сум дека ќе биде одличен превод. До сега само Амстердам и Бетонска градина се преведени од него кај нас.
 
Да, во печат е. Сè уште не е излезена. Во најава е уште од летниот саем и тоа во едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“. Знам дека преводот е на Зорица Теофилова, значи школа на Драги Михајловски што не би требало да потфрли. :)
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Бидејќи дооолго време немам читано поради факултетот и стручната литература, имам некоја замисла секој месец да си купам по една книга. Е сеа, бидејќи осеќам ко да сум закржлавена во мозокот, би сакала ако може да ми препорачате некоја полесна психологија. Не знам колку Моќта на потсвеста од Марфи може да се вброи во ова што го барам, но отворена сум за предлози. Однапред благодарност :)
 
Josef K

трагач
Член од
4 јануари 2014
Мислења
193
Поени од реакции
690

Батали Џозеф Марфи и остала квазипсихологија.
Мој предлог:

Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.033
Поени од реакции
6.698

Мистерија тешка !!

А за љубителите на трилер и акции препорачувам сите 19 дела за Џек Ричер од Ли Чајлд.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom