Драгољуб Живоиновиќ - Успон Европе
Авторот е академик во САНУ. Книгава е на српски, а мислам дека не е преведена на македонски. Го обработува, според мене, најинтересниот дел од историјата на Европа - периодот од почетоците на ренесансата и реформацијата, па се до појавата на нациите, просветителството и Француската буржоаска револуција. Во некои 500 страници е детално опишано зошто Западот е светлосни години пред нас. Напишана е на лесен стил, па дури можат да ја читаат и лаици на кои што историјата им е комплетна непознаница.