Книги кои би ги препорачале

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.488
Поени од реакции
5.967
Вокерка, мислам дека мислењата се токму тоа што се - мислења. Не треба да бидеме пристрасни (освен ако не се вулгарни или навредуваат членови/одредени групи) :)
Мислењата се off topic, немаат врска со Книги кои би ги препорачале. ;)
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Тери Прачет. Неодамна со задоволство прочитав неколку негови книги:
- The Colour of Magic
- Equal Rites
- Mort
- Wyrd Sisters

Сите се од серијалот Discworld (фантазија + доста хумор). Вештерки, волшебници, ковчези кои знаат да се грижат самите да се грижат за себе, по некое џуџе и по некој дух итн. Кој сака вакви турлитави, нека повели.
Препорака и за Good Omens, која Прачет ја има пишувано со Нил Гејмен.


 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Тери Прачет. Неодамна со задоволство прочитав неколку негови книги:
- The Colour of Magic
- Equal Rites
- Mort
- Wyrd Sisters

Сите се од серијалот Discworld (фантазија + доста хумор). Вештерки, волшебници, ковчези кои знаат да се грижат самите да се грижат за себе, по некое џуџе и по некој дух итн. Кој сака вакви турлитави, нека повели.
Препорака и за Good Omens, која Прачет ја има пишувано со Нил Гејмен.
Ако ми се свиѓа Хари Потер би ми се свиѓало ова?

Дали ме чекаш од Гијом Мисо:)
Денес бев во Топер, издадена е нова книга од Гијом Мисо. Чистп информативно :)
--- надополнето: 20 октомври 2012 во 00:08 ---
First world problems. На киндлот си имам 1000 книги и теко ми е да одберам што да читам следно :)
 
С

Сибињанин Јанко

Гостин
Драгољуб Живоиновиќ - Успон Европе

Авторот е академик во САНУ. Книгава е на српски, а мислам дека не е преведена на македонски. Го обработува, според мене, најинтересниот дел од историјата на Европа - периодот од почетоците на ренесансата и реформацијата, па се до појавата на нациите, просветителството и Француската буржоаска револуција. Во некои 500 страници е детално опишано зошто Западот е светлосни години пред нас. Напишана е на лесен стил, па дури можат да ја читаат и лаици на кои што историјата им е комплетна непознаница.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.681
Поени од реакции
13.295
Драгољуб Живоиновиќ - Успон Европе

Авторот е академик во САНУ. Книгава е на српски, а мислам дека не е преведена на македонски. Го обработува, според мене, најинтересниот дел од историјата на Европа - периодот од почетоците на ренесансата и реформацијата, па се до појавата наа нациите, просветителството и Француската буржоаска револуција. Во некои 500 страници е детално опишано зошто Западот е светлосни години пред нас. Напишана е на лесен стил, па дури можат да ја читаат и лаици на кои што историјата им е комплетна непознаница.
Можно е да се најде по книжарниците кај нас? Или морам стриктно да ја порачувам од Србија? Пошо по тематика ми се допаѓа.
 
L

Luki Junior

Гостин
Мерсо, Едно време читах една таква кинга шо се вика The Idea of Europe шо ја разработува таа тематика. Нешто како колекција од 15 есеи од различни автори соберени на куп од Anthony Pagden. Па баш ми ќе ми биде интересно да видам дали тука имат нешто слично овие две книги.

пс. Кој ја сака, може да ја наредеме работата да ја ставам негде на интернет. На англиски е.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Ако ми се свиѓа Хари Потер би ми се свиѓало ова?
Веројатно. Сепак, се работи за вкусови. Книгите не се нешто големи, па една од нив секако нема да ти одземе многу време, ако се решиш да ја читаш.
 
С

Сибињанин Јанко

Гостин
Можно е да се најде по книжарниците кај нас? Или морам стриктно да ја порачувам од Србија? Пошо по тематика ми се допаѓа.
Што знам, едино да провериш во Табернакул. По другиве книжарници ептен тешко. Знам многу беше барана во Србија едно време па дури имаше 3-4 изданија. На интернет се мота некоја пдф верзија, ама не е скенирана туку пишувана. Ми изгледа дека е прилично лошо напишана и осакатена. Ако сакаш можам да ти ја пратам чисто да добиеш идеја за што се работи.

Мерсо , Едно време читах една таква кинга шо се вика The Idea of Europe шо ја разработува таа тематика. Нешто како колекција од 15 есеи од различни автори соберени на куп од Anthony Pagden. Па баш ми ќе ми биде интересно да видам дали тука имат нешто слично овие две книги.

пс. Кој ја сака, може да ја наредеме работата да ја ставам негде на интернет. На англиски е.
Успон Европе е повеќе како класична историја. Не навлегува толку во социолошки и антрополошки расправи. Мене ми е допаѓа бидејќи освен политичка историја, авторот зборува и за секојдневниот живот во Европа, религијата и обичаите на луѓето, појавата на банкарството, напредокот во војната стратегија и оружјето, дипломатијата, развојот на културата и филозофијата и др теми. Освен за Западна Европа има и неколку глави посветени на Русија и Османското царство. Поради што Западот, а по Петар Велики и Русија започнуваат да се издигаат во нагорна линија, а како во Османската Империја триумфира верскиот фанатизам и неуспева да се прилагоди на новите општествени промени што резултира со нејзиниот постепен пад.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom