Неодамна прочитав три книги од Роберт Ладлам (1927-2001):
- The Holcroft Covenant
- The Road to Gandolfo
- The Bancroft Strategy
Ладлам пишува шпиунски, акциони трилери. Мислам дека се работи за сосем солиден автор. Во рамките на жанрот пред се`.
Негови се книгите за Борн (The Borne Identity, The Born Supremacy, The Born Ultimatum) по кои е снимен и серијалот за Борн. И The Osterman Weekend е негово дело. Но како што може да се прочита и во Википедија, а во случајов напишаното се погодува како точно, Ладлам често се повторува во своите книги
Тоа не пречи премногу, ама секако е доста забележливо. Забележливо е и кај други автори, па не гледам зошто би пречело овде. Значи главно станува збор за солидни трилер романи, добри за скратување време, забавни за читање. Кој сака ваков жанр книги не би требало многу да му се мисли.
Супер избор. Само The Road to Gandolfo не сум ја прочитал од овде. Собирам негови книги и се слагам со тоа дека често се повторува, ама е еден од оние автори кои те тераат да ги прочиташ книгите од едно читање. Имаше некоја критика од Њујорк Тајмс и беше нешто во смисла "Не почнувајте книга од Ладлам ако следниот ден сте на работа.".
Јас ова лето прочитав три негови книги, Наследството на Скарлати (The Scarlatti Inheritance) која патем му е прва книга. Интересна е, ама не може да се мери со книгите кои ги пишувал подоцна.
Ја прочитав Илузијата на Скорпионот (The Scorpio Illusion) и Предвидувачи на Апокалипсата (The Apocalypse Watch, оваа му е последна книга). Стратегијата Банкрофт е напишана од друг автор според записи кои ги чувал Ладлам и неколку книги (5-6 мислам) се издадени така постхумно со трејдмаркот на Ладлам. Освен Стратегијата Банкрофт која стварно вреди од тие постхумни изданија вреди исто да се прочита и Операцијата Амбер.
Не знам дали ја имаш прочитано, ама мене лично најмногу ми се свиѓа Сложувалката на Парсифал. Во два дела е, во Матица на попуст кога имаат се по сто денари, двете книги се нешто феноменално. Го имаат оној Борн шмек, за разлика од повеќето други книги кои му се чисто политички трилери.
п.с. Серијалот Кавер Еден, посветен на Ладлам, со главниот лик Џон Смит, креиран од повеќе автори не го пронаоѓам како интересен.