Книги кои би ги препорачале

Кртот

Лоботомичар
Член од
19 април 2007
Мислења
653
Поени од реакции
23
Си ја читал ли тирлогијата на Стиг Ларсон?
јас не сум баш по таквиот жанр, и тој е преценет, слаб на одредени места, ама земено во целина, е ОК.
Па мислам дека Ларсон е еден од по темелните писци, на моменти знае да забега како што кажа, ама битно му е темелно да ги опфати работите, знае премногу да задлабочи ама битно не прерипува и не менува приказни толку брзо како што е во случај со '' брзите '' писатели, од цела триологија впечаток само ми остави - ДЕВОЈКАТА КОЈА ИГРАШЕ СО ОГАН.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.710
настана голема фама околу неговите книги,
јас го прочитав само првиот дел Мажи коишто ги мразат жените и некако од прва ми беше очигледно дека таа што ги праќа сликите е жива.

интересно ми беше да влезам во шведското општество каде што воопшто не е така идилично како што мислиме. интересно е дека сите Швеѓани се прикажани малку извитоперено (сите имаат или мрачни тајни или начин на живот којшто не е баш како што треба), а едниствениот лик којшто е најчовечен е Драган ... ( не ми текнува како му беше презимето). тој е единствениот човек кој сочувствува во книгата и за жал, никому не му го привлекува вниманието.
сите се фатија за Лиз Саландер, која е многу нестварна, таа е девојка од стрип, а не од крв и месо, што од друга страна, е показател дека живееме во врмее кога нема живи херои, ама имаме потреба од нив и од задоволување на правдата, што на крајот на трилогијата и се случува...

не сум љубител на филмски верзии на книгите.
ама ја гледав филмуваната шведска верзија на првиот дел и го препорачувам.
сета онаа сива атмосфера којашто ја има во книгата е пренесена и во филмот.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.202
Поени од реакции
1.943
Странец во огледало-Сидни Шелдон
Се работи за љубовен трилер, приказна за две фиктивни холивудски ѕвезди, нивниот подем и пад, осаменоста, самоуништувањето...Ја прочитав со големо задоволство.
 
H

-HRO

Гостин
„Четирите Спогодби“ од Дон Мигуел Руис

Зборувајќи за животот, низ призмата на учењето на Толтеците, Дон Мигел Руис успева да создаде дело, во кое на совршено едноставен начин ќе нè научи да се соочуваме со сите неволји кои се испречуваат на нашиот животен пат.
Многу се зборува за тоа како другите луѓе влијаат, а со тоа манипулираат врз нас. Како тоа ние се обидуваме да се промениме и да бидеме нешто што не сме, само со цел да бидеме прифатени од општеството. Значи всушност со тоа се зборува дека ние самите правиме од нас една бледа лажна копија, предизвикана од стравот да не бидеме одбиени од останатите.
Книгата е многу моќна, доколку се разбере правилно-ја препорачувам на секој.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Кланица 5 од Курт Вонегут, само ќе кажам дека книгава е пишувана во 1969 и нема буквално изгубена никаква актуелност. Ја има во издание на Магма.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.202
Поени од реакции
1.943
Крвна врска-Сидни Шелдон
Кога стигнувам до крајот на некоја книга, обично чувствувам олеснување затоа што сум завршила со читањето.Но не и во овој случај.Ми падна жал што нема повеќе страници.Како и да е, може да си ја препрочитам но нема да биде така возбудливо секако.Прекрасна книга, прекрасен трилер.
Дефинитивно една од најубавите во мојата мала колекција.:pipi:
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.801
Поени од реакции
7.057
Расказите на Маркез и на Кортасар - необично обични :)
Кортасар е цар!Ако има некој со време и нерви, нека ја прочита Куцкамен на правилен начин.За мене досега, омилена книга.
--- надополнето: Jul 16, 2011 1:26 PM ---
Колекционер - Џон Фаулс

Навидум симплифицирано започнува оваа книга се состои на два главни дела, два светови на перцепција: машкиот и женскиот. Машкиот едноставен, буквален, полн со монотонија и предвидлив. И женскиот: комплексен, полн со искушенија и посебни индивидуални правила и... Немањето смисол за животните желби - лабилноста.
Истотака тука има и поедина анализа на Ликови
Фредерик Клег - човекот со слаби вештини за сврзување разговор (Social skills) индивидуалист со тапија. Подготвен на секакви проникливи идеи од страна на Миранда.
Од друга страна Миранда, девојка со благородничка душа, богата во дух и инспирација. И превртлива (како резултат на живони лекции).
Фредерик е опседнат од Миранда и не може да го замисли животот без нејзиното присуство во него. Таа негова опседнатост ќе ја чини Миранда нејзината слобода. Наводно, Фредерик по добиената голема сума на пари од лотарија, ќе скова план за нејзиниот затвор биде далеку поудобен. а за него - посигурен. Тој купува една голема куќа на 30тина километри од било кое населено место. И по одредено време ја киднапира Миранда....

Понатаму, останува интересно.
Книгава не е во некој стил на новокомпонираниве трилери каде се` те води до неизвесност, Но... тоа што погодува е филозофско психолошката анализа во самата книга. Кому му се има допаднато Игра во `ржта за ова нема промашај.

Супер книга е, ја прочитав пред некое време и крајно сум задоволен.Во или-или(издавачката куќа што ја издаваат книгава)имаат издадено уште една од Џон Фаулс, која се вика волшебникот.Ја има некој прочитано?Имам читано позитивни критики доста.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.710
My mother never dies од Claire Castillon.
Оригиналот е на француски, јас ја читам на англиски.
Кратки раскази чија тема е односот мајка-ќерка.
Препорачувам.

Мураками е еден од најдобрите раскажувачи. Кога го читам, се чувствувам како да сум во лулка и некој ми раскажува приказни, настани, етц... кога почнувам да го читам, не можам да запрам, додека не ја прочитам книгата. На англиски може речиси се да се најде во електронска форма. Не знам каков е македонскиот превод.
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.099
Новела за сонот - Артур Шницлер
Шницлер на еден префинет начин ни ја претставува психичката состојба, интимноста, еротските фантазии на еден брачен пар, притоа соголувајќи ја човековата душа, откривајќи ги сите мрачни страни, фантазии и посакувања кои може да ги има еден човек.
Мало книжуле од четириесетина страници, кое за миг ќе се прочита и бај д веј по него е снимен филмот Очи широко затворени на Стенли Кјубрик.
 
I

indigo child

Гостин
За пица и пиво - Џон Гришам
Playing for pizza е оригиналниот наслов. Прва книга што ја читам од Џон Гришам. Ја прочитав за еден ден, неверојатно многу интересно раскажува, едноставно и без многу тупење.
Се зборува за 27 годишен дечко, играч во врвовите на лигата на американски фудбал во Кливленд. Му пропаѓа кариерата и принуден е да оди и да игра во Италија, за мала плата во анонимен клуб. Се запознава со италијанската култура, јадење, вино, дружба...
На моменти многу замара со прераскажување на утакмици, ко коментатор е, а ја појма неам како се игра американски фудбал, ама останатото е супер xD
Книгата има преубава порака, многу е лесна за читање и ме опушти максимално.
Деновиве ќе одам уште некоја да си земам од овој писател, ако имате некоја да ми препорачате од него, well, do it.
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.099
За пица и пиво - Џон Гришам
Playing for pizza е оригиналниот наслов. Прва книга што ја читам од Џон Гришам. Ја прочитав за еден ден, неверојатно многу интересно раскажува, едноставно и без многу тупење.
Се зборува за 27 годишен дечко, играч во врвовите на лигата на американски фудбал во Кливленд. Му пропаѓа кариерата и принуден е да оди и да игра во Италија, за мала плата во анонимен клуб. Се запознава со италијанската култура, јадење, вино, дружба...
На моменти многу замара со прераскажување на утакмици, ко коментатор е, а ја појма неам како се игра американски фудбал, ама останатото е супер xD
Книгата има преубава порака, многу е лесна за читање и ме опушти максимално.
Деновиве ќе одам уште некоја да си земам од овој писател, ако имате некоја да ми препорачате од него, well, do it.
Јас оваа За пица и пиво ја почнав ама не ја дочитав,штознам не ми ја фати есапот нешто, до период ли беше, до што ли не е битно.
Читај ја од Гришам ако ја најдеш Да го избегнеш Божиќ, штом сакаш нешто за опуштање, оваа ќе те опушти ептен, исполенета е со хумор, се смеев како луда додека ја читав. Изгледа има и филм, но го немам гледано.
 
Член од
15 октомври 2009
Мислења
822
Поени од реакции
290
Ветерници на боговите- Сидни Шелдон
ја препорачувам на млади/стари, машки/женски... на сите една од најубавите книги до сега
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
1.373
Поени од реакции
1.596
Тунел- Петре М. Андреевски

Сигурно некој од претходно ја има препорачано оваа книга , меѓутоа еве и јас сакав да ви ја предложам доколку не сте ја прочитале да ја прочитате ...
Лесна за читање , книгата остава голем впечаток по прочитаното... Невена е главниот лик во романот , која го опишува својот живот ...
Романот започнува со болеста на нејзиниот дечко .... не би сакал да ви го откријам се од книгата бидејќи нема да ви биде интересно подоцна кога ке ја читате
Вреди да се прочита , нема да жалите за ниедна минута што сте ја одвоиле за нејзино читање ... а и една од подобрите книги на Петре М. Андреевски
 

Kajgana Shop

На врв Bottom