Според мене, најдобри книги се оние кои ќе ни остават длабок впечаток цел живот, оние кои ќе влијаат на нашето созревање и определување...
Најдобрата книга која секогаш ќе ја паметам е ,,Розата од вода,, од Едни Македонци, се чита буквално во еден здив, плени, и ти го менува животот од корен, начинот на размислување, и начинот на кој што дотогаш сме ги гледале нештата... Не насочува кон работи кои се тотално неприметливи за многу луѓе, а всушност се причината за постоењето... О ва е едно неверојатно ДЕЛО кое ни го дава одговорот на сите до сега нејасни прашања кој секој од нас секојдневно си ги поставуваме. Верувајте ке ви се отворат очите за се, за кое до тогаш сте биле ,,слепи,,.
Други книги со слична(психолошко-енергетска-егзистенцијална) тематика се и:
- ,,Целестинското пророштво,, и ,,Десеттиот увид,, кои даваат типични примери за т.н. принцип на ,,крадење на енерија,, од кои сите ние сме дел, а го занемаруваме без да знаеме всушност дека е од суштинско значење за нашето постоење овде и сега, преку инзвонредните мистицизми на Маите.
- ,,Моќта на потсвеста,, од Џозеф Марфи ( иако можеби делува атеистички, поентата не е во тоа туку дека ние сме творци на нашата иднина на овоој или оној начин)
- ,,Новиот ден,, и ,,Будење,, од Антони Де Мело неверојатни оптимистички дела кои не насочуваат кон вредностите што ги имаме (и повторно низ нив минуваме како да не се тука-апсурдно)
- ,,Сексуалните теории,, од Фројд (која иако се разликува од претходно споменатите дела е добра поука, мислам, во поглед на сите табуа и стереотипи кон сексуалната филозофија...)
-,, Теорија на хаосот,, ( колку само во овој хаотичен свет се е под совршен ред... ма колку и ние да мисллиме дека не е така)
....
Доколку пак не сте за ваков вид литература би ви ги препорачала овие шунд релаксирачки дела:
-,,Чевлите на другата жена ,, и ,,Game over,, од Адел Паркс ( да се скинеш од смеење и од воодушевување)
-,,Мирисот на твојот здив,, и ,,100 потези со четка пред спиење,, од Мелиса П. ( доста еротско)
...
П.С. пред се, прочитајте ги и ,,Пепелашка,, и ,, Малиот принц,,- имаат доста скриени пораки во себе иако се за мали деца, гледано од оваа перспектива
П.П.С. сепак нема да згрешите ни со ,,Розата од вода,, и како што рекол Еден Македонец- ви посакувам среќа во читањето и мирен сон потоа