Книги кои би ги препорачале

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.404
Поени од реакции
5.957
Ја препорачувам „Папокот на светот“ од Венко Андоновски, театарскиот роман, кратко и силно дело што ќе те натера на размислување.
По него не е лошо да се прочита опширната верзија т.е самиот роман, па на крај да се гледа филмот Превртено кој е работен според книгата.
Фасцинира професорот Венко. :)
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Krevet pokraj prozorecot- Skot Pek

super knigice... nema sansi da ja ostavis ako pocnes da ja citas.
 

_Vlatko_

Rossonero
Член од
2 ноември 2008
Мислења
759
Поени од реакции
45
Убиство во Ориент Експрес - Агата Кристи
сите од Дитас...некако ми се интересни и некои од нив и поучни па би ги препорачал:smir:
 

ArhangelOFDeath

Immortality
Член од
3 септември 2008
Мислења
1.906
Поени од реакции
126
Хари Потер (особено 4,5,6,7)... можи некој ќе кажи дека е детска ама сигурно ги гледал само филмојте :pov: ХП книгите се забавна литература за сите возрасти (иако не верувам дека дете од 7-12 год ќе ја разбере на вистински начин) и носат скриени поучни пораки за животот воопшто, во некој моменти преку тој волшебен свет го одсликува вистинскиот свет (општеството)... А и смеат до солзи :pos:

Ако некој сака да почне да ги чита нека не се разочарува уште од првиот дел... :nenene: затоа што 1,2 а можеби и 3 се малку “подетски“, меѓутоа од книга во книга, со растењето на Хари, “растат“ и книгите...
Јас ја дочитувам седмиот дел и стварно треба малце мозгање ако сакаш да ја разбериш вистинската суштина на книгата а дете од 7-12 години можи само да чита и да се мисли хари потер и со четката за боење да и извади око на сестраму/братму.
Полна е со неочекувани пресврти,а седмиот дел има повеќе убиства одколку во сите други заедно,
 
Член од
12 октомври 2008
Мислења
1.945
Поени од реакции
89
Јас ја дочитувам седмиот дел и стварно треба малце мозгање ако сакаш да ја разбериш вистинската суштина на книгата а дете од 7-12 години можи само да чита и да се мисли хари потер и со четката за боење да и извади око на сестраму/братму.
Полна е со неочекувани пресврти,а седмиот дел има повеќе убиства одколку во сите други заедно,
ДА! Книга со толку убиства, и толку филозофии не е за деца...

Дочитај, крајот е многу интересен, ако веќе не знајш шо ќе се случи...

На англиски ја читаш?
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Krevet pokraj prozorecot- Skot Pek

super knigice... nema sansi da ja ostavis ako pocnes da ja citas.
:pos:

Не само што ја оставив, веднаш ја фрлив.

Еве една интересна книга за новата висока класа, за тоа кои се тие луѓе, што прават, колку моќ имаат, итн. Оваа книга е вистински противотров за секојдневните кретенизми што ги сречаваме меѓу другите класи за Масоните и белосветските заговори, а кои бараат објанување за светот во кој живеат.

Во САД на пример, новата висока класа претежно се “земјопоседниците’’, помалку се од 1% од населението, или 3 милиони луѓе, но тие ефективно владеат, имаат знаење одвнатре, создаваат нови пазари, движења...

 
Член од
18 декември 2007
Мислења
448
Поени од реакции
51
:pos:

Не само што ја оставив, веднаш ја фрлив.

Еве една интересна книга за новата висока класа, за тоа кои се тие луѓе, што прават, колку моќ имаат, итн. Оваа книга е вистински противотров за секојдневните кретенизми што ги сречаваме меѓу другите класи за Масоните и белосветските заговори, а кои бараат објанување за светот во кој живеат.

Во САД на пример, новата висока класа претежно се “земјопоседниците’’, помалку се од 1% од населението, или 3 милиони луѓе, но тие ефективно владеат, имаат знаење одвнатре, создаваат нови пазари, движења...

ова делува интересно...а кај можам да ја најдам книгава??? и има ли превод на Македонски???
 
K

kaiser soze

Гостин
Камикази-Јохан Вагенхалс,книга која го опишува страдањето на младите јапонски војници,пред се интелектуалци,за време на втората светска војна и нивниот отпор спрема милитаристичката и насилна политика на држвата.Една многу потресна приказна,дневници напишани од самите војници.
 
А

Ајсшутер

Гостин
Ако може некој да ми препорача некоја книга да не биде околу 200 страни немора толку ама препорачливо е да биде околу таа бројка книгата ако може да биде некоја со понови мистерии и такви работи ми се причита нешто :)
 

MaRiNa`Oh

стара школа
Член од
26 март 2005
Мислења
3.484
Поени од реакции
28
„Кога Ниче плачеше“ - Ирвин Јалом
Не сум ја пишала досега? Не ми се верува. Ми остави преголем впечаток, крајот ужасно ми се допадна, а и целата концепција на лудак-мудрец манипулација.
Издадена 1992 мислам, а неодамна дознав дека се направил и филм пред некои година дена.
Искрено, нејќам да го гледам.
 

АМБРОЗИЈА

случајна минувачка
Член од
22 декември 2008
Мислења
351
Поени од реакции
74
Според мене, најдобри книги се оние кои ќе ни остават длабок впечаток цел живот, оние кои ќе влијаат на нашето созревање и определување...
Најдобрата книга која секогаш ќе ја паметам е ,,Розата од вода,, од Едни Македонци, се чита буквално во еден здив, плени, и ти го менува животот од корен, начинот на размислување, и начинот на кој што дотогаш сме ги гледале нештата... Не насочува кон работи кои се тотално неприметливи за многу луѓе, а всушност се причината за постоењето... О ва е едно неверојатно ДЕЛО кое ни го дава одговорот на сите до сега нејасни прашања кој секој од нас секојдневно си ги поставуваме. Верувајте ке ви се отворат очите за се, за кое до тогаш сте биле ,,слепи,,.

Други книги со слична(психолошко-енергетска-егзистенцијална) тематика се и:
- ,,Целестинското пророштво,, и ,,Десеттиот увид,, кои даваат типични примери за т.н. принцип на ,,крадење на енерија,, од кои сите ние сме дел, а го занемаруваме без да знаеме всушност дека е од суштинско значење за нашето постоење овде и сега, преку инзвонредните мистицизми на Маите.
- ,,Моќта на потсвеста,, од Џозеф Марфи ( иако можеби делува атеистички, поентата не е во тоа туку дека ние сме творци на нашата иднина на овоој или оној начин)
- ,,Новиот ден,, и ,,Будење,, од Антони Де Мело неверојатни оптимистички дела кои не насочуваат кон вредностите што ги имаме (и повторно низ нив минуваме како да не се тука-апсурдно)
- ,,Сексуалните теории,, од Фројд (која иако се разликува од претходно споменатите дела е добра поука, мислам, во поглед на сите табуа и стереотипи кон сексуалната филозофија...)
-,, Теорија на хаосот,, ( колку само во овој хаотичен свет се е под совршен ред... ма колку и ние да мисллиме дека не е така)
....
Доколку пак не сте за ваков вид литература би ви ги препорачала овие шунд релаксирачки дела:
-,,Чевлите на другата жена ,, и ,,Game over,, од Адел Паркс ( да се скинеш од смеење и од воодушевување)
-,,Мирисот на твојот здив,, и ,,100 потези со четка пред спиење,, од Мелиса П. ( доста еротско)
...

П.С. пред се, прочитајте ги и ,,Пепелашка,, и ,, Малиот принц,,- имаат доста скриени пораки во себе иако се за мали деца, гледано од оваа перспектива:pipi:

П.П.С. сепак нема да згрешите ни со ,,Розата од вода,, и како што рекол Еден Македонец- ви посакувам среќа во читањето и мирен сон потоа:toe:
 

Kojgode

Бесна Зодбојка
Член од
23 јуни 2007
Мислења
113
Поени од реакции
8
Дар на ѕвездата Акабар - Ог Мандино
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.052
Поени од реакции
83.492
Ако може некој да ми препорача некоја книга да не биде околу 200 страни немора толку ама препорачливо е да биде околу таа бројка книгата ако може да биде некоја со понови мистерии и такви работи ми се причита нешто :)
За тие што ќе препорачуваат, би додал: многу ќе му помогне ако има доста точки, запирки и сл.(односно нивна правилна употреба)

...и да не заборавам да го акцентирам главниот услов:
"...да не биде околу 200 страни
немора толку
ама препорачливо е да биде околу таа бројка..."

Бити ил' не бити - питање је сада.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1
Поени од реакции
0
Dobra poraka i dobar Triler Letot 800 od Nelson De Mil

NOSTRADAMUS apokalipsata odbrojuva od Petar Popovski
interesno tolkuvanje na stihovite. Ako ste vo moznost dobro bi bilo da ja procitate samo malku potesko se naoga.
 

leila

.o0
Член од
10 октомври 2008
Мислења
862
Поени од реакции
46
"Animal Farm" - George Orwell. Одлична книга, сатира за тоталитаризмот на Сталин, каде што преку животните на фармата всушност се претставени луѓето и нивните (воглавно лоши) особини.
"Outbreak" - Robin Cook. Книгава е многу интересна, медицински трилер во кој се зборува за епидемија на вирусот ебола. Книгава нема да сакате да ја испуштите од раце:).
Animal Farm ми беше лектира на факс, одлична препорака ти е...Јас би ја препорачала и Lord of the flies - William Golding http://en.wikipedia.org/wiki/Lord_of_the_Flies
 

Kajgana Shop

На врв Bottom