Кога ќе се расправаш со некој за нешто и ќе ти рече докажано е дека... и неговото мислење демек докажано било и точно. Кој докажал, како докажал, како дозна ти дека е докажано, кај има објавено? Еден куп такви ги има. Ќе им речеш обична работа и одма, а не докажано е дека не е така.... Докажано е жими Васка.
Тоа е, има многумина што се прават некакви си правници и експерти и мора секогаш само нивното кажано
" мислење " да било исклучиво исправно и веродостојно.
Од таквите јас практикувам што подалеку на дистанца во животот и со таквите само краток муабет и тоа ако ги баш сретнам низ пат, низ улица.....
Е проблемот е што и моите дома знаат да бидат такви " експерти и правници " за банални работи ( сега за сега морам со нив да живеам и да ги трпам), пример стариот мој ми мрчи што одвреме- навреме употребувам за забите хидроген 3% за плакнење на уста, и тоа понекогаш го користам хидрогенот, на 4-5 денови еднаш го користам. Ама стариот дома е експерт и ми мрчи за хидрогенот а тоа што тој е пушач и дневно внесува кутија цигари никотин и останати смрадови од цигарите тоа никому ништо, цигарите не се штетни за здравјето за стариот.
Нормално што на некој од мојата околина и кога ќе му кажам пример за ова, сите си молчат, си тераат сеир само.