Клинтон на балканска турнеја, но не доаѓа во Македонија

Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Ти да си сакал и да си ги прочитал Толстој и Достоевски ќе научеше барем малку и за русите и за словените а со тоа и за себе и немаше да биде ваков разговорот.
:(

Ах бе дете.

Признавањето на Македонија од страна на Русија беше под директно влијание на Бугарија. Бугарите имаат интерес Македонија да постои како независна држава, барем одреден период. Дали алкохолот одиграл улога или не, тоа е во доменот на урбаните митови, го напишав за постот да биде позабавен. :) Една работа да знаеш, ако дојде до поделба на Македонија помеѓу Албанија и Бугарија, јас ти ГАРАНТИРАМ дека Русите со двете раце ќе потпишат една таква спогодба.

И не одговори на директното прашање што Русија има направено за Македонија, освен признавањето. Ниту еден збор на подршка од Русија за Македонија, ниту една посета на Руски државник, не добивме дури ниту некоја празна декларативност. И ден денес за влез на Македонците во Русија им треба виза, чисто како пример.

За тоа какви се Русите, прочитај ја малку историјата на Балтичките држави, да видиш како изгледа кога гази Руска чизма.

Немам никаков проблем разговорот да е завршен, ниту пак имам некаков проблем да продолжи.

:)
--- надополнето: 27 октомври 2012 во 12:47 ---
Некој многу сака нашата култура проткаена во православието,нашата словенска цивилизација да ја отпишат ама ние сме сеуште живи.:)
Заборавив да прокоментирам, таа култура проткаена во православието, е како камен врзан околу вратот кој не влече надолу. Таа е култура каде што Универзитетски професори носат масло на поповите на почеток на учебна година, на истите попови кои продаваат лопати по Швајцарија. Тоа е таа легендарна православна култура.

Македонците се денес, заедно со Србите, најнеписмениот народ во Европа. Тука се разбира не ги сметам Албанците и Босанците, кои цивилизациски не припаѓаат во Европа.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
5.095
Хилари Клинтон од Тирана порача: САД ќе бидат со Албанија засекогаш


Американскиот државен секретар, Хилари Клинтон, во обраќањето пред албанските пратеници порачала дека САД со Албанија ќе бидат засекогаш.

- Тука сум денес на ова значајно место од вашата историја со порака за народот, САД биле со вас изминатите сто години и ќе бидат со вас и наредните 100, и наредните 100 и после тоа, засекогаш, - рекла Клинтон.

Таа зборува за чувството на гордост што престојува во Тирана токму на почетокот на месецот, кога Албанија одбележува 100 години од независноста, како и за еднаквоста на двата народа, американскиот и албанскиот.

-Изборите во 2013 да бидат отворени и балансирани, со цел на народот да му се создаде верба кон лидерите, како и на ЕУ, каде Албанија бара да биде членка. Ја нагласувам и потребата за борба против корупцијата, како и соработката меѓу партиите. Упатувам апел до раководството на Албанија но и до граѓаните да работат во спроведување успешни избори, - порачала Клинтон од албанскиот парламент.

Четиричасовниот престој во Тирана, Клинтон го заокружила со средбата со лидерот на опозициските социјалисти Еди Рама. Таа на аеродромот била пречекана од нејзиниот албански колега Едмонд Панарити, а нејзината прва средба била со шефот на државата Бујар Нишани а имала средба и со премиерот Сали Бериша.

На Хилари Клинтотн, ова и е прва посета на Албанија. Таа е четврт американски државен секретар кој ја посетува Албанија, по падот на комунистичкиот режим. Прв во Тирана стапна тогашниот државен секретар Џејмс Бејкер, во 1991 година, втората посета беше на Медлин Олбрајт во 2000 година, во 2003 Колин Пауер. Сепак како најголем настан за Албанците е посетата на екс шефот на американската држава Џорџ Буш, во 2007 година. (В.Т.)

Клинтон беше одликувана од претседателот Нишани со орден со национално знаме

http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=99139D240AAC1E4D889D4056FB814792

--
Хилари Клинтон : Иднината на Косово е во ЕУ и НАТО

Клинтон беше и на Косово , каде имаше состанок со премиерот Хашим Тачи како и претседателката Јахјага.

Хилари Клинтон изјави : “ САД се гордеат со пријателството со Косово ... Младите на Косово заслужуваат полна интеграција во Европа , а ние ќе работиме заеднички во градењето на сигурна иднина кон вашиот пат за ЕУ и НАТО.
- САД се посветени во зачувување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово.
Границите на независно и суверено Косово се јасно и засекогаш утврдени.

Не сум сигурна дека некој народ направил толку голем прогрес во толку краток период како Косово - изјави Клинтон.

 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Не ни е местото нас со овие горе.
Па како им се погоди и денот кога се сретнаа.
 
H

HITCH

Гостин
Погрдо суштество од оваа Ештон ниту се родило, ниту ќе се роди, башка што нема два грама мозок.

Фала им што не одминаа, ама ние си го имавме Николиќ на гости. Сите имаме ист „ќар“ од гостите кои не посетија. :pos:
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Клинтон не допатува во земјава, па телефонски му се јави на Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов доцна синоќа имал телефонски разговор со државниот секретар на САД, Хилари Клинтон, на нејзино барање, соопштија од Кабинетот на претседателот.
„Партнерството со Република Македонија за нас е многу значајно и благодарни сме за придонесот кој го давате во ИСАФ“, истакнала државната секретарка Клинтон, соопштуваат од Кабинетот на Иванов.
Телефонскиот повик доаѓа по неодамнешната турнеја на Клинтон низ земјите од Балканот, при што Македонија не беше во нејзината агенда.
Состојбите во регионот тема на разговорот
Двајцата соговорници размениле мислења и информации за состојбите во регионот на ЈИЕ.
Претседателот Иванов нагласил дека само брзата евроатлантска интеграција на сите земји од регионот може да донесе трајна стабилност, безбедност и просперитет.
„Вашата поддршка во насока на исчекор во деблокадата на ЕУ интеграцијата е од исклучително значење, и високо ја почитуваме вашата порака од Чикаго“, истакнал македонскиот претседател при тоа нагласувајќи од какво значење за Република Македонија, но и за целиот регион претставува деблокадата на евроатлантската интеграција.
Клинтон нагласила дека САД се и ќе бидат партнер на Република Македонија, дека како и досега ќе ги помагаат стратешките цели на Република Македонија.
Клинтон: Сите сакаат да ве видат во НАТО
„Сите сакаат да ве видат во НАТО што поскоро и искрено се надевам дека ќе биде отстранета единствената пречка и дека ќе се изнајде достоинствено и практично решение за проблемот за името. Подготвени сме да помогнеме“, истакнала државната секретарка на САД.
Претседателот Иванов истакнал дека изнаоѓање на заемно прифатливо решение би било од заемна корист и добро за двете соседни земји.
- Република Македонија активно и конструктивно учествува во процесот кој се води во ОН, и ние сме подготвени за заемно прифатливо решение во кое нема да има победници и поразени, истакна македонскиот претседател Иванов.
http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=AE678F1F53E90846822E845B55E9AD86
Е,сетила се тетка Клинтон. Не посета,ама телефонски изконтактирала.
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963

Kajgana Shop

На врв Bottom