- Член од
- 19 март 2011
- Мислења
- 18.984
- Поени од реакции
- 40.199
Ти да си сакал и да си ги прочитал Толстој и Достоевски ќе научеше барем малку и за русите и за словените а со тоа и за себе и немаше да биде ваков разговорот.
Ах бе дете.
Признавањето на Македонија од страна на Русија беше под директно влијание на Бугарија. Бугарите имаат интерес Македонија да постои како независна држава, барем одреден период. Дали алкохолот одиграл улога или не, тоа е во доменот на урбаните митови, го напишав за постот да биде позабавен. Една работа да знаеш, ако дојде до поделба на Македонија помеѓу Албанија и Бугарија, јас ти ГАРАНТИРАМ дека Русите со двете раце ќе потпишат една таква спогодба.
И не одговори на директното прашање што Русија има направено за Македонија, освен признавањето. Ниту еден збор на подршка од Русија за Македонија, ниту една посета на Руски државник, не добивме дури ниту некоја празна декларативност. И ден денес за влез на Македонците во Русија им треба виза, чисто како пример.
За тоа какви се Русите, прочитај ја малку историјата на Балтичките држави, да видиш како изгледа кога гази Руска чизма.
Немам никаков проблем разговорот да е завршен, ниту пак имам некаков проблем да продолжи.
--- надополнето: 27 октомври 2012 во 12:47 ---
Заборавив да прокоментирам, таа култура проткаена во православието, е како камен врзан околу вратот кој не влече надолу. Таа е култура каде што Универзитетски професори носат масло на поповите на почеток на учебна година, на истите попови кои продаваат лопати по Швајцарија. Тоа е таа легендарна православна култура.Некој многу сака нашата култура проткаена во православието,нашата словенска цивилизација да ја отпишат ама ние сме сеуште живи.
Македонците се денес, заедно со Србите, најнеписмениот народ во Европа. Тука се разбира не ги сметам Албанците и Босанците, кои цивилизациски не припаѓаат во Европа.