Клинтон на балканска турнеја, но не доаѓа во Македонија

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
36.849
Поени од реакции
29.671
Го догледав филмот. Слушај, имам прочитано неколку твои постови во овие форуми, и генерално твојата мисловна матрица вели дека Американците се лошите, Русите се добрите, и дека Русите ќе не спасат. Под едни такви симплифицирани и наивни претпоставки, како мислиш дека можеме да имаме разбрана дискусија?
,,,,:icon_mrgr:,,,pa dobro de stav ,,,ke imash li nekogash zednichki ,, stav ,,,so nekogo,,,:D,,,;pozdrav druzhe,,,,
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.320
Поени од реакции
1.160
Го догледав филмот. Слушај, имам прочитано неколку твои постови во овие форуми, и генерално твојата мисловна матрица вели дека Американците се лошите, Русите се добрите, и дека Русите ќе не спасат. Под едни такви симплифицирани и наивни претпоставки, како мислиш дека можеме да имаме разбрана дискусија?
Ако вака размислувајќи утврди дека Клинтоница е колку-толку подобра за нас од другите,тогаш мило ми е што не се сложуваме.
Не знам каде си го прочитал тоа за Русија и Америка ,ама тој што го напишал тоа мора да е паметен човек.
Тоа што го прават сега американците е многу блиско и секако поперфидно од тоа што го правеа нивните претходници во Германија.
Што мислиш тогаш кој беше добриот ,Германците или Русите или ти би да размислиш уште малку?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195

Обама и Бајден се потписници на антимакедонската декларација, Клинтоница не е. Само како тема за размислување.

Што се однесува до Русите и Германците, истите тие Руси имаа потпишано пакт за ненапаѓање со Германците, кои вклучуваше поделба на Полска од страна на Русија и Германија и амин од Германците за окупација на балтичките земји од страна на Русите.

Сега и ти можеш малку да размислиш.

;)

Нема морално исправни и неисправни во светската политика, има само интереси. Администрацијата на Обама се покажа како неутрална кон лоша во однос на Македонија, за разлика од администрацијата на Буш. Во таа администрација на Обама, Клинтонка е најдоброто што го имавме. Ова не значи дека таа се будеше наутро со мисла да и помогне на Македонија, но понекогаш и no news is good news.
 
Сигурен сум дека поимот декларација го има на Интернет па сигурно некој го има и добро објаснето.
Прочитај го тоа.
Прв пакт со Германците потпиша Чемберлен и мавташе со договорот уште 1938 а истата таа Полска потпиша со Хитлер договор за да влезе во еден дел од Чехословачка и влезе.Го има тоа некаде документирано на интернет.
Се сложувам дека во политиката има интереси ама едно е важно да се знае,кога нашите интереси се спротивни и исти со другите држави и народи.
Во случајов со Русија и Америка состојбата е јасна и нема никава врска во тоа кој владее со САД.
Се сеќавашли дека во времето на Буш ние бевме нападнати 2001 година?
Барањето на пријатели во САД е како да бараш дали има нешто бело во црниот ѓавол
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Во случајов со Русија и Америка состојбата е јасна и нема никава врска во тоа кој владее со САД.
Се сеќавашли дека во времето на Буш ние бевме нападнати 2001 година?
Јас се сеќавам дека во времето на Буш Македонија беше призната под уставното име од страна на САД, што е веројатно најголемиот успех на македонската надворешна политика од осамостојувањето. Исто се сеќавам дека за време на Буш бевме на 3 метра од НАТО, додека за време на Обама нашето членство не доаѓа ниту на дневен ред. Единствена во администрацијата на Обама која колку толку притискала членството на Македонија во НАТО да биде на дневен ред на последниот самит повторно била Клинтонка. Сега ти види.
--- надополнето: 26 октомври 2012 во 16:54 ---
Се сложувам дека во политиката има интереси ама едно е важно да се знае,кога нашите интереси се спротивни и исти со другите држави и народи.
Во случајов со Русија и Америка состојбата е јасна и нема никава врска во тоа кој владее со САД.
Како тоа нашите интереси се исти со Руските, а различни со Американските?
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.320
Поени од реакции
1.160
Јас се сеќавам дека во времето на Буш Македонија беше призната под уставното име од страна на САД, што е веројатно најголемиот успех на македонската надворешна политика од осамостојувањето. Исто се сеќавам дека за време на Буш бевме на 3 метра од НАТО, додека за време на Обама нашето членство не доаѓа ниту на дневен ред. Единствена во администрацијата на Обама која колку толку притискала членството на Македонија во НАТО да биде на дневен ред на последниот самит повторно била Клинтонка. Сега ти види.
--- надополнето: 26 октомври 2012 во 16:54 ---

Како тоа нашите интереси се исти со Руските, а различни со Американските?
Дали Џорџ Буш беше председател кога Албанските бандити потпомогнати од САД ја нападнаа Македонија?
Дали САД не признаа условно под установото име, со тоа да продолжиме да преговараме за да го решиме спорот со името.
Се сеќаваш ли дека тогаш во тие моменти се носеше законот за територијална организација на Македонија?
Таа приказна дека за малку ќе влезевме еве само штоп не сме влегле е детинеста и малку смешна.
Кој е главен во НАТО пактот,Америка или Грција?
Кога ќе си одговориш на овие прашања ќе дојдеш до единствениот можен заклучок со кого ни се спротиставени а со кого ни се истоветни интересите.
 
Еве по ред,

Албанските бандити не нападнаа затоа што ние им го дозволивме тоа. САМИ сме си криви.
САД не признаа под уставно име. Да речеш дека со тоа сакаа да продолжиме да преговараме за името е контрадикции, и е бесмислено.
Територијалната поделба секако ќе поминеше, затоа што сме мочковци.
Грција и пред се тогашната нивна владеачка структура го платија цехот за ветото во Букурешт, слеп си на очи.
САД е главен во НАТО, но не функционира тоа така едноставно како што ти замислуваш.

И не ми одговори како нашите интереси се исти со Руските, живо сум заинтересиран да го слушнам тоа? :)
 
Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940

Дошла, не дошла, исто ни се фака, тотално ништо не ни менува.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.205
Поени од реакции
25.938
А во Босна да не знаеш од кои причини доаѓа делегација?
Босна има нерешен статус. Република Српска е тоа што Србите го бараат во замена за Косово. И кој е твојот став, зошто не доаѓаат делегации во Македонија? Нас не мрзат, сите околу ги сакаат?
Џорџ Буш започна војна со Ирак базирана на погрешни претпоставки, значи е одговорен за сите жртви што се случија во Ирак. Мерење на тоа кој направил поголеми а кој помали гревови е смешно. Поентата е таа. Нема морален и хуман политичар. Бар не носител на функција од голема држава. На сите нив рацете им се крвави.
 
W

Werther

Гостин

Не ми е јасен ставот воопшто и покоментарите мои се познава,можеме предавања да им држиме на цел Балкан по демократија,а секогаш не заобиколуваат воопшто за нас не се интересираат се сме исполниле што побарале е сега можеби е како што ти кажуваш нема потреба да доаѓа висок функционер кога амбасадорот е доволен со се да се справи.Мене искрено никогаш не ми биле јасни Западњациве едно зборат,друго прават.
--- надополнето: 26 октомври 2012 во 17:53 ---
:icon_mrgr:,,, za dogovorena i odnapred isplatena ,,,so patni troshoci suma od 125.000 dolari od tarifnikot na klintonovi,,,/navedenata suma vazhi samo za klinton klanot/,,,,i e javna ""tajna"",,,,
Америчка работа кој ги знае што прават...
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.652
Поени од реакции
11.877
Џорџ Буш започна војна со Ирак базирана на погрешни претпоставки, значи е одговорен за сите жртви што се случија во Ирак. Мерење на тоа кој направил поголеми а кој помали гревови е смешно. Поентата е таа. Нема морален и хуман политичар. Бар не носител на функција од голема држава. На сите нив рацете им се крвави.
Настрана фактот дали Буш започнал војна со Ирак базирана на погрешни претпоставки или не, иако денес е општо познато дека Буш ја започна војната со Ирак базирана на погрешни претпоставки, сепак не зборуваме за војна, не зборуваме за хуманитарна криза, туку зборуваме за американски амбасадор кој бара помош од своите надлежни, а истите тие надлежни одбиваат да му испратат помош на амбасадорот.

Но тоа и не е толку трагично, колку што е трагичен фактот дека надлежните се обидуваат да заташкаат терористички напад цели 2 недели откако истиот терористички напад се случил, резултирајќи со смртта на 4 американски дипломати.

Буш никогаш не се обиде да ја заташка вистината за војната во Ирак, додека од друга страна, Хилари Клинтон цели 2 недели го заташкуваше терористичкиот напад од 11 септември 2012 врз американскиот конзулат во Бенгази, Либија, кој резултираше со смртта на американскиот амбасадор во Либија, Кристофер Стивенс, како и со смртта на уште 3 американски дипломати.

Доколку Хилари Клинтон би имала барем малку морал и срам, од поодамна ќе си поднесеше неотповиклива оставка од позицијата државен секретар за состојби на САД, а доколку македонската јавност би знаела барем малку што е тоа морал, срам и одговорност, воопшто не би го ни поставувала прашањето дали и зошто Хилари Клинтон би дошла, односно не би дошла во посета на Македонија.
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.813
Поени од реакции
1.082
Дали се сеќавате некои големи и познати политичари во светот да ја посетат Македонија???
Например, Барак Обама,Владимир Путин, Ангела Меркел, или ако сакате и поранешните председатели да ги спомнам? Џорџ Буш,Тони Блер,Жак Ширак,Никола Саркози итн,??
Македонија уште од кога стана независна земја уште од 1991,јас не се сеќавам некои големи и познати политичари да не посетат? Сем Турскиот премиер Ердоган, и тој е голем политичар,ама освен него јас не се сеќавам некој да дојде кај нас, барем Русите да не посетат,ево например Путин или Медведев да дојдат, што е ова работа бре?? Навистина сме заобиколени!!
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.320
Поени од реакции
1.160
Еве по ред,

Албанските бандити не нападнаа затоа што ние им го дозволивме тоа. САМИ сме си криви.
САД не признаа под уставно име. Да речеш дека со тоа сакаа да продолжиме да преговараме за името е контрадикции, и е бесмислено.
Територијалната поделба секако ќе поминеше, затоа што сме мочковци.
Грција и пред се тогашната нивна владеачка структура го платија цехот за ветото во Букурешт, слеп си на очи.
САД е главен во НАТО, но не функционира тоа така едноставно како што ти замислуваш.

И не ми одговори како нашите интереси се исти со Руските, живо сум заинтересиран да го слушнам тоа? :)
Дали ние сме сами криви или не,тоа е друга тема која нема врска со оваа.
1. Прашањето кое дава одговор на оваа тема гласи:
Дали американците под раководство на Буш ги помагаа сесрдно(политички економски и воено) албанските бандити во агресијата врз Македонија?
2.Тоа што тебе ти изгледа бесмислено е официјалниот американски став за прашањето со името.
Нашите во никој случај немаа да прифатат таква териотријална организација со ставање на албански села во Струга Скопје и Кичево и со тоа губење на Струга и Кичево и добивање на 20 проценти во Скопје со што се официјализира албанскиот јазик и се дозволи принципот на бадинтер во скопското собрание.
Тоа беше во времто на Буш младиот нели?
3.Грчката владеачка структура е марионета на американците и не може да има никаква казна за нив а не поготово за македонскиот спор.
Ако така мислиш тогаш ќе те оставам сам во размислите твои,зошто нема материјал за што би се разговарало.
Си чул ли ти некогаш за проектот Голема Албанија и кој е негов главен ментор и главен играч,и дали знаеш дека половина територија на Мкаедонија е под закана од тој проект кој е и тоа како жив и опасен по Македонија.
Ако не си чул за овие работи тогаш нема за што да разговараме.
Кога храбро (без вртење и сучење)ќе си одговориш на овие работи ќе видиш кој ни е главниот непријател и дека во американските политичари ние нема да можеме да најдеме ниту еден кој ќе работи против американските интереси а во корист на Македонија.
Русија,од сето ова погоре напишано (а се факти кои говорат за американската политика спрема Македонија),нема ништо сторено спротивно од македонските интереси и е единствената сила која може да се спротистави на американските планови на Балканот и посебно во Македонија.
Русија не призна со нашето име,Русија е против создавањето на Голема Албанија и е единствената сила која може тој процес да го спречи,Русија е словенска и православна земја и е наш природен сојузник,а тоа значи,дека нејзините и нашите интереси се во голема мерка исти или слични.
Ете затоа овој народ и покрај сиот медиумски простор кој е окупиран од западот ја сака Русија,
 
Нема да спориме за првиот дел од постот, бидејќи е веќе досадно, и сто пати тука дискутирано. Само ќе ти кажам нешто за Русите. Признавањето на Македонија под уставно име од страна на Русија беше под влијание на Бугарите и алкохолот. :D Русија, православието и словенофилството, тоа е една сосем преџвакана приказна и истушен балон. Русија во минатото НИКОГАШ не застанала на страна на Македонија. Застанувала на страна на Бугарија или Србија, но никогаш на страната на Македонија.

И јас сакам да ги читам романите на Достоевски, Толстој, Тургењев, но тоа не прави да ја гледам Русија низ розеви наочари, а посебно не нејзината улога во однос на Македонија.
 
Искрено,малку се разочарав од твојов пост,ама што да се прави ова е форум а не научен симпозиум па тука имаат достап и свои коментари луѓе кои се дилетанти и се забавуваат на форумот.
Желев му рекол на Јелцин а Козирјев бил против ама Јелцин бил пијан и во авионот потпишал указ за признавање.
Па ова е толку комично и детинесто,што ќе го земеме за вистина и да продолжам и јас во тој стил.
Јелцин откога го потпиша тој указ цело време беше пијан и не се отрезни да ја исправи грешката,па после тоа дојде Путин кој 12 години никако да се отрезни и да го повлече признавањето.
Македонија е држава во меѓунардонот право од 1991 и тоа е целата историја помеѓу македонско-руските односи како држави па сходно на тоа секако дека руската подршка одела кон словенските држави кои тогаш постоеле.
Значи Русија СЕКОГАШ од кога постоиме како држава не подржува.
Некој многу сака нашата култура проткаена во православието,нашата словенска цивилизација да ја отпишат ама ние сме сеуште живи.:)
Ти да си сакал и да си ги прочитал Толстој и Достоевски ќе научеше барем малку и за русите и за словените а со тоа и за себе и немаше да биде ваков разговорот.
Разговоров за мене тука завршува.
Благодарам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom