Клинтон на балканска турнеја, но не доаѓа во Македонија

Username1

шо е бе?
Член од
2 март 2012
Мислења
585
Поени од реакции
550
Доста грешни податоци имаш. Државни секретари после 2000година - 2003,2006,2008,2012. Не разбирам зашто зборуваш за нас?!
А кој те праша за нас? што па ти збориш за нас?

Некако многу се засекира гледам што нема да дошла кај нас онаа вашкана.

Познавајки го вашето бyгapcко лицемерие знам кон што ти водат постовите, затоа поштеди не од тоа.
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.159
Убаво вака, откако си ги извадовте фрустрациите, само да ве потсетам дека кај моментната американска администрација, Клинтонка е единствената која е колку толку наклонета кон Македонија. За разлика од идиотот Бајден на пример.
Убево е што не си фрустриран па исто така би било убаво да прочитаме како тоа Клинтоница е колку толку наклонета кон Македонија?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Убево е што не си фрустриран па исто така би било убаво да прочитаме како тоа Клинтоница е колку толку наклонета кон Македонија?
Имам inside information. Би можел да ти кажам, но потоа ќе мора да те убијам...

;)
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.172
Поени од реакции
25.773
За ова одамна сум размислувал,знали кои од претседателиве на поголемите земји,секретари на ООН,претседатели на Европска Унија одсекогаш не заобиколувале незнам во што е проблемот,страв им е овде да дојдат мислат човекојадци има овде незнам што е работата.
За да дојдат треба или да имаат интерес да не натераат на нешто, да бидеме дел од некое решавање на регионален проблем, нашата дипломатија да биде доволно вешта и упорна и да ги натера да не посетат или нашите власти да бидат многу конструктивни и послушни па како благодарност да ја добиеме посетата.

Ние никогаш не сме покажале дека кај нас има клима за да бидеме дел од решението на било каков проблем, ниту имаме добра дипломатија (а, и тоа не е доволно за посета на голем лидер без стриктен дневен ред, треба да е врвна), ниту нашите власти биле нечиви играчи, ниту имаат конекции за во иднина да бидат.

Затоа не не посетуваат, не затоа што не знаат дека овде не живеат човекојадци. Знаат дека не живеат луѓе што ги следат процесите и имаат желба да бидат од нив, а се доволно мали за да не можат да ги прекинат и не баталуваат.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.567
Поени од реакции
11.694
Не ми е јасно зошто воопшто ви е важно дали во посета ќе ни доаѓа жена која заташкувала терористички напад цели 2 недели ?

На 11 септември 2012 се случи терористички напад врз американскиот конзулат во Бенгази, Либија, во кој беа убиени американскиот амбасадор во Либија, Кристофер Стивенс и уште 3 службени лица, сите 4 загинати беа дипломати, а Хилари Клинтон, како државен секретар за состојби, е истовремено и министер за надворешни работи на САД, односно е шефица на американската дипломатија, а американскиот амбасадор во Либија, Кристофер Стивенс, одговарал лично и директно пред нејзе и кога побарал помош неколку дена пред терористичкиот напад, очајнички барајќи да испрати маринци за да го штитат американскиот конзулат во Бенгази, на ист начин на кој се заштитени и американските амбасади во Париз, Лондон и ред други американски амбасади низ светот, Хилари Клинтон го одбила барањето.

За да биде срамот за Хилари Клинтон уште поголем, наредните 2 недели после терористичкиот напад, Хилари Клинтон постојано повторуваше дека смртта на американскиот амбасадор и уште 3 американски дипломати во Либија е резултат на спонтан протест кој настанал поради гневот на муслиманите кон видео клип кој бил антиисламски и навредлив кон исламот, а денес отворено и јавно признава дека станувало збор за однапред планиран и организиран терористички напад врз американскиот конзулат во Бенгази, Либија.

Било која личност со морал и со барем малку срам и чувство за одговорност би поднела неотповиклива оставка во вакви околности и тоа поради двојна одговорност - поради одбивање да испрати воена помош за американскиот конзулат во Бенгази, Либија, и поради заташкување на терористички напад во период од цели 2 недели откако терористичкиот напад се случил.

А на вас ви е важно дали оваа жена, директно одговорна за смртта на 4 луѓе, ќе доаѓа во посета на Македонија или не ?

Со кој памет ви е важно, ако не ви претставува проблем да ми објасните ?
 
W

Werther

Гостин
За да дојдат треба или да имаат интерес да не натераат на нешто, да бидеме дел од некое решавање на регионален проблем, нашата дипломатија да биде доволно вешта и упорна и да ги натера да не посетат или нашите власти да бидат многу конструктивни и послушни па како благодарност да ја добиеме посетата.

Ние никогаш не сме покажале дека кај нас има клима за да бидеме дел од решението на било каков проблем, ниту имаме добра дипломатија (а, и тоа не е доволно за посета на голем лидер без стриктен дневен ред, треба да е врвна), ниту нашите власти биле нечиви играчи, ниту имаат конекции за во иднина да бидат. Затоа не не посетуваат, не затоа што не знаат дека овде не живеат човекојадци. Знаат дека не живеат луѓе што ги следат процесите и имаат желба да бидат од нив, а се доволно мали за да не можат да ги прекинат и не баталуваат.
Па исто така и Србите не се залагале за некој проблем регионален туку само нови проблеми отварале,па еве кај нив доаѓаат?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.172
Поени од реакции
25.773
А на вас ви е важно дали оваа жена, директно одговорна за смртта на 4 луѓе, ќе доаѓа во посета на Македонија или не ?

Со кој памет ви е важно, ако не ви претставува проблем да ми објасните ?
Буш беше дирекно одговорен за смртта на десетици илјади луѓе, па цела Македонија аплаудираше на поддршката што ни ја даде во Букурешт. Дури и константно навиваме за републиканците од тогаш. Меѓународната политика не е поле во кое владее морал и хуманост, па да ни е битно највисоките дипломатски претставници да имаат беспрекорно хуманистичко досие.

Доколку агендата на посетите е интегрирањето на западен Балкан како што е најавено, тогаш тоа што Клинтон не доаѓа во Македонија е порака. Лоша порака. И глупо е да го толкуваме тоа поинаку. Исто како што и грчката блокада е дипломатски пораз за Македонија, иако има луѓе (меѓу кои и јас) што не сакаат влез во Европската унија. Нашите лични афинитети немаат врска со реалната состојба.

Доколку во агенда е решавање на статусот на Косово, што може да биде и логично имајќи ги во предвид предходниве неколку месеци, тогаш треба да сме среќни што ја избегнува Македонија.
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.159
Имам inside information. Би можел да ти кажам, но потоа ќе мора да те убијам...

;)
Убиј ме ама морам да знам.
Знаев дека кога-тогаш оваа моја радозналост ќе ме убие.;)
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.172
Поени од реакции
25.773
Па исто така и Србите не се залагале за некој проблем регионален туку само нови проблеми отварале,па еве кај нив доаѓаат?
Доаѓаат да ги натераат да го признаат Косово. За да го решат статусот на Косово мора да ја консултираат Србија. И како што кажа, Србија секогаш отварала нови и нови регионални проблеми, значи е доволно голема да им ги замрси сметките и да им ги отежне плановите, па им треба мирна. Нас од друга страна, секогаш може да не смират или прескокнат.
 
Додека Србите се колеа со Хрватите и Босанците еденствен начин да ги смират беше да ги бомбардираат,ние например го решивме проблемот најдемократски до сега што јас иамам видено со договор,со зголемени права на браќата,еве и сега и Шпанија покажува колку е домократска земја ги утепаа од мавање Каталонците и Баскијците пред нив Франција и Италија кога ги раселуваа Ромите.Тоа мене не ми е јасно од секогаш сме биле демократски настроени све што ни налагале сме извршувале и сега не доаѓаат,јас мислам дека цела Европска Унија и САД се едно огромно лицемерије и треба воопшто да не се вртиме кон нив и да не бараме ништо од нив.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.172
Поени од реакции
25.773
Додека Србите се колеа со Хрватите и Босанците еденствен начин да ги смират беше да ги бомбардираат,ние например го решивме проблемот најдемократски до сега што јас иамам видено со договор,со зголемени права на браќата,еве и сега и Шпанија покажува колку е домократска земја ги утепаа од мавање Каталонците и Баскијците пред нив Франција и Италија кога ги раселуваа Ромите.Тоа мене не ми е јасно од секогаш сме биле демократски настроени све што ни налагале сме извршувале и сега не доаѓаат,јас мислам дека цела Европска Унија и САД се едно огромно лицемерије и треба воопшто да не се вртиме кон нив и да бараме нешто од нив.
Не натераа да им дадеме зголемени права на браќата, за тоа не ни должат ништо, туку тоа ни го инсталираа како инструмент за контрола. Зошто би се гњавеле Обама или Клинтон да доаѓаат кога истата работа може да ја заврши амбасадорот? :)

Лицемерието е константа во меѓународната политика, не се само ЕУ и САД лицемерни. Еве и Путин го каниме да дојде во Македонија веќе трета година, на секоја можна средба, било каде му ја пренесуваат поканата, па не иде. Доколку немаат интерес нема да дојдат, доколку некоја работа може да ја завршат поефтино (со помош на амбасадор) нема причина зошто да плаќаат повеќе. Демократијата е само флоскула, а не вистинска вредност.
 
А во Босна да не знаеш од кои причини доаѓа делегација?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Убиј ме ама морам да знам.
Знаев дека кога-тогаш оваа моја радозналост ќе ме убие.;)
Го догледав филмот. Слушај, имам прочитано неколку твои постови во овие форуми, и генерално твојата мисловна матрица вели дека Американците се лошите, Русите се добрите, и дека Русите ќе не спасат. Под едни такви симплифицирани и наивни претпоставки, како мислиш дека можеме да имаме разбрана дискусија?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.567
Поени од реакции
11.694
Буш беше дирекно одговорен за смртта на десетици илјади луѓе, па цела Македонија аплаудираше на поддршката што ни ја даде во Букурешт. Дури и константно навиваме за републиканците од тогаш. Меѓународната политика не е поле во кое владее морал и хуманост, па да ни е битно највисоките дипломатски претставници да имаат беспрекорно хуманистичко досие.

Доколку агендата на посетите е интегрирањето на западен Балкан како што е најавено, тогаш тоа што Клинтон не доаѓа во Македонија е порака. Лоша порака. И глупо е да го толкуваме тоа поинаку. Исто како што и грчката блокада е дипломатски пораз за Македонија, иако има луѓе (меѓу кои и јас) што не сакаат влез во Европската унија. Нашите лични афинитети немаат врска со реалната состојба.

Доколку во агенда е решавање на статусот на Косово, што може да биде и логично имајќи ги во предвид предходниве неколку месеци, тогаш треба да сме среќни што ја избегнува Македонија.
Тие десетици илјади луѓе за чијашто смрт тврдиш дека Буш е директно одговорен, не биле оставени без помош.

Кога се случија терористичките напади во САД на 11 септември 2001, интервенираа и војската, и авијацијата, и пожарникарите, и сите кои можеа на било каков начин да помогнат, а Буш во ниту еден момент не кажа дека тоа што се случило на 11 септември 2001 било спонтано или случајно се случило кај 4 различни авиони да се случат дефекти на ист ден во речиси ист временски период, поради што случајно авионите удриле во кулите близначки во Светскиот Трговски Центар во Њујорк, во Пентагон и во поле во Пенсилванија, туку Буш и целата американска јавност уште првиот ден констатираа дека станува збор за однапред планиран и организиран терористички напад.

Кога се случи ураганот Катрина во Њу Орлеанс, повторно интервенираа и војската, и полицијата, и пожарникарите, и сите кои можеа на било каков начин да помогнат.

Настрана фактот дека сепак имаше жртви и за време на терористичките напади во САД на 11 септември 2001 и за време на ураганот Катрина, сепак останува фактот дека владата не била глува и интервенирала, можеби не интервенирала успешно, но барем се обидела да интервенира.

Секој пат кога американец во странство, особено американски дипломат, побарал помош од владата на Буш, владата позитивно одговарала на барањето за помош.

А ако меѓу тие десетици илјади луѓе за чијашто смрт тврдиш дека Буш е директно одговорен ги вбројуваш и американските војници кои загинале во Авганистан и во Ирак, дозволи ми да ти кажам дека меѓу тие десетици илјади луѓе не можат да спаѓаат војниците, бидејќи тие одат во битка за да се борат и се обучени да се издржуваат сами во ситуации кога не можат да добијат помош и засилување, можеш да ги обвиниш нивните надредени офицери бидејќи ги испратиле во опасни подрачја, но сепак тие војници не биле присилно регрутирани, туку доброволно се придружиле на американската војска, така да, за нивната смрт можеш да кажеш дека Буш е индиректно одговорен, но дефинитивно не можеш да кажеш дека е директно одговорен.

Од друга страна, цели 48 часа пред терористичките напади врз американскиот конзулат во Бенгази, Либија, американскиот амбасадор во Либија, Кристофер Стивенс, очајнички и директно барал помош од Хилари Клинтон, шефицата на одделот за состојби на пред кој амбасадорот Стивенс сносел одговорност, за да испрати професионални маринци за да го обезбедуваат американскиот конзулат во Бенгази, Либија, а Хилари Клинтон ја одбила помошта и покрај разузнавачките извештаи кои отворено и јасно ја посочувале јасната и непосредната опасност од терористички напад врз американскиот конзулат во Бенгази, Либија.

А за да биде срамот за Хилари Клинтон уште поголем, првите 2 недели после терористичкиот напад на 11 септември 2012 на американскиот конзулат во Бенгази, Либија, и убиството на американскиот амбасадор во Либија, Кристофер Стивенс, и на уште 3 други американски дипломати, Хилари Клинтон отворено и јавно тврдеше дека не станувало збор за терористички напад, туку за спонтан протест кој настанал како резултат на гневот на либиските муслимани поради видео клип кој содржел антиисламски елементи навредливи кон исламот.

Буш од друга страна, ниту еднаш не кажа дека терористичките напади на 11 септември 2001 во САД биле спонтани поради гневот на одредени групи на луѓе предизвикан од одредени причини, туку отворено и јавно изјави дека станува збор за однапред планирани и организирани терористички напади и најави војна на тероризмот, додека неговиот наследник, Барак Хусеин Обама, наместо да бара одговорност од Хилари Клинтон и изведување на убијците на амбасадорот Кристофер Стивенс и на уште 3 други американски дипломати пред лицето на правдата, Обама пред Собранието на ООН, отворено и јавно се извинуваше за содржините на видео клипот кој наводно предизвикал гнев кај либиските муслимани кои поради истиот тој видео клип масовно и спонтано се собрале и го уништиле американскиот конзулат во Бенгази, Либија, притоа убивајќи го американскиот амбасадор во Либија, Кристофер Стивенс, и уште 3 други американски дипломати.

Твојата споредба помеѓу Буш од една страна и Хилари Клинтон и Барак Хусеин Обама од друга страна, не само што не држи вода, туку е и испревртлива и нереална, Буш беше воен претседател на САД, додека Обама е радикален левичар, кој наместо да бара одговорност, им се извинува на непријателите на Америка.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom