Еве по ред,
Албанските бандити не нападнаа затоа што ние им го дозволивме тоа. САМИ сме си криви.
САД не признаа под уставно име. Да речеш дека со тоа сакаа да продолжиме да преговараме за името е контрадикции, и е бесмислено.
Територијалната поделба секако ќе поминеше, затоа што сме мочковци.
Грција и пред се тогашната нивна владеачка структура го платија цехот за ветото во Букурешт, слеп си на очи.
САД е главен во НАТО, но не функционира тоа така едноставно како што ти замислуваш.
И не ми одговори како нашите интереси се исти со Руските, живо сум заинтересиран да го слушнам тоа?
Дали ние сме сами криви или не,тоа е друга тема која нема врска со оваа.
1. Прашањето кое дава одговор на оваа тема гласи:
Дали американците под раководство на Буш ги помагаа сесрдно(политички економски и воено) албанските бандити во агресијата врз Македонија?
2.Тоа што тебе ти изгледа бесмислено е официјалниот американски став за прашањето со името.
Нашите во никој случај немаа да прифатат таква териотријална организација со ставање на албански села во Струга Скопје и Кичево и со тоа губење на Струга и Кичево и добивање на 20 проценти во Скопје со што се официјализира албанскиот јазик и се дозволи принципот на бадинтер во скопското собрание.
Тоа беше во времто на Буш младиот нели?
3.Грчката владеачка структура е марионета на американците и не може да има никаква казна за нив а не поготово за македонскиот спор.
Ако така мислиш тогаш ќе те оставам сам во размислите твои,зошто нема материјал за што би се разговарало.
Си чул ли ти некогаш за проектот Голема Албанија и кој е негов главен ментор и главен играч,и дали знаеш дека половина територија на Мкаедонија е под закана од тој проект кој е и тоа како жив и опасен по Македонија.
Ако не си чул за овие работи тогаш нема за што да разговараме.
Кога храбро (без вртење и сучење)ќе си одговориш на овие работи ќе видиш кој ни е главниот непријател и дека во американските политичари ние нема да можеме да најдеме ниту еден кој ќе работи против американските интереси а во корист на Македонија.
Русија,од сето ова погоре напишано (а се факти кои говорат за американската политика спрема Македонија),нема ништо сторено спротивно од македонските интереси и е единствената сила која може да се спротистави на американските планови на Балканот и посебно во Македонија.
Русија не призна со нашето име,Русија е против создавањето на Голема Албанија и е единствената сила која може тој процес да го спречи,Русија е словенска и православна земја и е наш природен сојузник,а тоа значи,дека нејзините и нашите интереси се во голема мерка исти или слични.
Ете затоа овој народ и покрај сиот медиумски простор кој е окупиран од западот ја сака Русија,