Вчера очајно Рапторси, непрепознатливи беа и неочекувано го јадеа 20 разлика, и Сиакам (5/16)и Ван Флит(3/16) главни виновници за тоа, изиграа катастрофа.. Среќа Мичел и Мареј изработија како што треба вечерта за да се извади нешто.
За денес подобра понуда:
Брук Лопез 13.5+
Ме нервира дегенов ама ако не погоди денес, нема кога. Мајами ,како што пиша и членот погоре, очекувам дека ќе игра опасна одбрана и ќе гледа да го неутрализира Јанис. Односно, како и до сега во регуларен дел, Адебајо кој е многу версатилен и атлетски способен игра да го брка Јанис иако по правило треба да го чува центарот односно Лопез.
Брук е тотално некласичен пример за центар, повеќе шутира тројки отколку што седи во рекет, но вечер најверојатно ќе го има Краудер на него кој важи за добар дефанзивец ама е понизок многу од Лопез и овој ако има мозок тоа ќе го искористи. До сега сезонава против Мајами има 16 поени во просек, врза 2 добри утакмици во серијата со Орландо, Бледсо е знак прашалник па можда ќе ќари некој шут плус.
Џими Батлер 20.5+
Џими е прва ѕвезда во екипата, не форсира онолку како што може секој franchise player и игра порационално најмногу ради системот на Мајами. Вечерва одам со него од повеќе причини: 1. Плејофов освен последната утакмица со Индијана кога беше вон ритам игра страшно, шутира доста и има добри просеци. (27,28,17). Во просек во истата серија има шутирано и по 10 слободни на секоја утакмица, па очекувам скоро пола од кошевите да дојдат на "полесен" начин. 2. Адебајо ќе се троши со Јанис во одбрана, не очекувам да зема многу шутеви, што е плус за Батлер. 3. Тренерот на Мајами Сполстра, изјави дека Џими е прав лидер на екипата и не го интересира колку шутира и колкав процент има, неговото влијание било многу повеќе од тоа.
Шродер 19.5+
Моментално играч со најдобра форма во НБА и најголема утка во граница со оглед на неговите просеци. Страшно игра човекот, на последните 3 утакмици има 29, 30, и 19, со што на последнава кога имаше 19 го исклучија (безвезно) на сам старт на второ полувреме иначе ќе одеше 30+. Освен првите две утакмици кога беше вон форма (пропушти неколку утакмици дека му се раѓаше дете), игра без многу калкулирање, нема кој да го чува од Рокетс, има огромна слобода и очекувам лесен прелаз.