А зошто само во оваа држава се водат полемики и се кршат копја кога треба да се примени нешто македонско?
Што е?...се срамиме од нашето?!!!
Никој не се срами од нашето "vone".
Се согласувам со "theMac3donian" кога вели дека нашето писмо по фино, по пријатно...впрочем затоа и го користам, и се гордеам со него.
Но полемиката е....дали законот ја ограничува слобода на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување ?
Дали не постојат алтернативни средства за да се подигне совеста кај граѓаните ?
Прочитав некаде дека младите се деградирани, и не го познаваат доволно Македонскиот јазик, па демек со овој закон ќе се подигне нивната свест.
Дали со ововј проблем не треба да се позанимаваат образовните институции ?
Дали на нивната деградација не влијаат разните српски и бугарски канали, кои наместо музика (култура) промовираат шунд, и го преусмеруваат младиот детски ум во погрешна насока ?
Замисли ситуација во која девојче од 10 години, за роденденски подарок го сака најновиот албум на Гергана.
Нели е тоа деградирање.
Нели е деградирање тоа што на ниеден од сателитските канали, кои ги пренесуваат нашите кабелски оператори, нема Македонски превод.
Дали не е деградација, епидемијата наречена латиноамерикански сапуници, која трае веќе 15 години.
Со еден збор.
Недоволното познавање на мајчиниот јазик, и деградацијата на младиот ум, треба да се бара во многу повеќе сегменти од општественото живеење...а најмалку треба да се бара, во називот на продавницата во која купува, името на кафичот во кој оди на муабет со другарите или името на сендвичарата во која јаде.
И пак ќе го повторам најсуштинското прашање во врска со овој закон.
ДАЛИ ЗАКОНОТ УСТАВЕН ?