Кирилица за имињата на фирмите

Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Па токму тука е глупавоста на овој закон кој е измислен од инает и од популистички побуди,се разбира и со намера да се профитира некоја пара за тој што го измислил.Има поими во имињата на фирмите кој нема да можат така лесно да се преведат со еден или два збора на Македонски затоа што и на англиски е општо прифатено да се користи нивната скратена форма за име кое пак се употребува во целиот свет. Се најдоа некои “паметни“ Македонци законодавци кој допрва откриле “топла вода“ и избрзано ја пуштаат во употреба единствено од профитабилни причини,без при тоа да водат грижа за народот кој навистина ќе се соочи со ригорозни казни само да им се принаполни џебот на законодавците.
Општоприфатените интернационализми нема потреба да се преведуваат, но исто така и не мора на латиница да бидат напишани...се пишуваат на кирилица по правилата на нашето пишување и изговор, не со гола трансформација на латиничните во кирилични букви.
И немој врз основа на ретките исклучоци да генерализираш.
Во краен случај да се работи за некои наши фирми од светски калибар..и да прогледаме низ прсти..
....ама за колонијалчиња, играчници, кафанчиња и слични дрнгулии...
Друго, зошто дома на децата даваш наши имиња а не странски во оригинал латинична транскрипција, нели е попогодно детето да го наречеш John, па кога ќе шета по свет никој нема да го крши јазикот додека му го изговори името.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Ај сеа и до Воне... Не сакаме да не викаат грците Славомакедонци така? Не вреѓа нели? Оти си имаме право на своја определба. Епа не вреѓај и ти. И нашите источни соседи си имаат право на своја определба, и они си мислат дека се 100% словени. Татари мај ес... Доста со таа негативна пропаганда бре!!!
Со новив закон изгледа целта е сакале или не сакале сите да не поистоветуваат со Славомакедонци,не само Грците и по некој Албанец.Можеби тоа е дел од замислата на Гвујовата фабрика.

Општоприфатените интернационализми нема потреба да се преведуваат, но исто така и не мора на латиница да бидат напишани...се пишуваат на кирилица по правилата на нашето пишување и изговор, не со гола трансформација на латиничните во кирилични букви.
И немој врз основа на ретките исклучоци да генерализираш.
Во краен случај да се работи за некои наши фирми од светски калибар..и да прогледаме низ прсти..
....ама за колонијалчиња, играчници, кафанчиња и слични дрнгулии...
Друго, зошто дома на децата даваш наши имиња а не странски во оригинал латинична транскрипција, нели е попогодно детето да го наречеш John, па кога ќе шета по свет никој нема да го крши јазикот додека му го изговори името.
Па законот е закон и кому ти ќе му објаснуваш дека компјутер,или маус,мотор,шанк,сендвич ........ е интернационализам,на инспекторот кој ќе гледа да те швркне 3 000 евра или мене овде на форум.Па повеќе од 50% зборови кој се користат во Македонскиот литературен јазик се интернационализми во некоја рака,слично е кај сите земји во Европа особено кај помалите.Законот е неприменлив и дискутабилен дури и во секојдневната комуникација меѓу луѓето кога и самите употребуваме зборови како колонијалчиња,кафанчиња кој не се генерички Македонски туку Српски,можеби Хрватски или Турски а сега ќе мора да им се бара Македонска опција доколку се бара доследност а не селективна примена како и кај секој нормален закон.
Е сега доколку сакаме да спориме и водиме инает со пажливо избрани Македонски зборови тогаш и нашата дискусија би се свела само на 3-4 збора оти нема да можеме да изнајдеме “алтернатива“ која доколку приметуваш е исто странски збор како и “дискусија“.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
.

Колку тома беше македонскиот речник?
Не наоѓаме замена (соодветен збор) бидејки си го заборавивме сопствениот јазик!
дискусија- разговор..расправа..размена на мислења..има колку сакаш соодветни поими.
 
Член од
30 мај 2008
Мислења
830
Поени од реакции
27
Moe mislenje e :Samo da se donese nekoj zakon za da se napolni kasata na drzavata.Kako sto rece eden ,sto so zapadniot del od Makedonija kade oficijalen jazik e albanskiot (a albanski se pisuva na latinica,neli).Mozebi se poveke isplati da se dadat pari otkolku da se pravi nova svetlecka reklama i novi natpisi.Mislam deka ova e veke preku sekoja merka na dobar vkus.Sakame stranci da ni doagaat,a tie prvo treba da naucat makedonski pa da moze da se snajdat vo moreto reklami koi ke bidat napisani ka kirilica.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Колку тома беше македонскиот речник?
Не наоѓаме замена (соодветен збор) бидејки си го заборавивме сопствениот јазик!
дискусија- разговор..расправа..размена на мислења..има колку сакаш соодветни поими.
Има,но сепак со законот нема да се постигне ништо за што всушност декларативно барем е наменет.Или треба Македонскиот зборовник а не речник да си го носиме под мишча во секоја прилика?

Moe mislenje e :Samo da se donese nekoj zakon za da se napolni kasata na drzavata.Kako sto rece eden ,sto so zapadniot del od Makedonija kade oficijalen jazik e albanskiot (a albanski se pisuva na latinica,neli).Mozebi se poveke isplati da se dadat pari otkolku da se pravi nova svetlecka reklama i novi natpisi.Mislam deka ova e veke preku sekoja merka na dobar vkus.Sakame stranci da ni doagaat,a tie prvo treba da naucat makedonski pa da moze da se snajdat vo moreto reklami koi ke bidat napisani ka kirilica.
Впрочем можеме странците да ги преслушуваме уште на граница и да им удриме по некоја “воспитна“,па со клоци да ги испратиме дома за да научат по некој Македонски збор.:uvo:
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Има,но сепак со законот нема да се постигне ништо за што всушност декларативно барем е наменет.Или треба Македонскиот зборовник а не речник да си го носиме под мишча во секоја прилика?

Впрочем можеме странците да ги преслушуваме уште на граница и да им удриме по некоја “воспитна“,па со клоци да ги испратиме дома за да научат по некој Македонски збор.:uvo:
И двата се правилни збора..
Нема потреба од носење, доволно е дома и на училиште правилно да се учат младите. Па некој зема плата за тоа...
Па не би било лошо странците бар за основните пет шест реченици се припремат малку дома....тоа е искажување почит кон земјата домакин.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
И двата се правилни збора..
Нема потреба од носење, доволно е дома и на училиште правилно да се учат младите. Па некој зема плата за тоа...
Па не би било лошо странците бар за основните пет шест реченици се припремат малку дома....тоа е искажување почит кон земјата домакин.
Никој не вели дека младите не треба да се учат дома и на училиште за да го негуваат сопствениот мајчин јазик.Но доколку тоа се направи само со имињата и истакнатите поими на фирмите,целата работа добива друга димензија и е контрапродуктивно од заложбите да имаме што е можно поедуцирана нација.
Што се однесува до странците,наместо владата да даде наредба покрај секое име на фирма да стои соодветно на англиски јазик со латинично писмо како обврска за секој јавен објект или приватно пртпријатие,ние сега ќе се враќаме во 10 век и ќе се “преродуваме“ во Славомакедонци.Абе господ да брани и да чува,или бараме нова формула:-Глупава влада-силна држава?Ама кога е од Никола,мора да е добро,нели?
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Абе заеби го ти гвујо, не ми чуе ич за него, и тие сонцата да предложеа исто вакво нешто, пак исто ќе мислев....
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Абе заеби го ти гвујо, не ми чуе ич за него, и тие сонцата да предложеа исто вакво нешто, пак исто ќе мислев....
Значи убеден си дека со драконски казни за фирмите ние ќе им влееме Македонизам на сите оние кој малку подзаборавиле на Кирилицата од чисто финансијски и деловни причини.Мислиш ли дека човек што ставил Латиница на излогот од сопствената фирма го негира Македонскиот идентитет особено оној Славјанскиот од кој многу од нас навистина сакаат да одбегнат и се чувствуваат едноставно само Македонци без она “СЛАВО“ како префикс.
 
Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
Абе луѓе.

Што сте се зафатиле со детали? Целата поента е да ви се всади чувство на национален идентитет и припадност кон Македонската нација. Овој закон е само чекор натаму.

Ако некој не се чувствува Македонец, нека плати, па нека се чувствува како сака. Поентата е - секој од нас може да ја користи кирилицата и да пишува на Македонски. До сега, прашањето е само дали сакал.

Е од сега веќе не е така - од сега секој ќе мора. Зошто? Па, во состојба на драстични околности, кога ни се негира името на државата, нацијата, јазикот итн., мора да се применат и драстични мерки.

Немаме право да бидеме „интернационалисти“, кога немаме своја нација (т.е. кога сите ни ја негираат). Дури откога ќе бидеме сигурни во неа, ќе можеме и да ги убедиме другите дека постоиме. И дури тогаш ќе можеме да се грижиме и за останатите нации.

Немојте да мислите дека сте многу „грижливи“, ако не се грижите за сопственото писмо и јазик, т.е. ако се грижите за некое друго повеќе. Тоа е слабост, не грижа. И секој ќе ја искористи, најверојатно не во ваша полза.

Затоа, пишувајте на македонски и на кирилица. Што повеќе. Цело време.
 
MAKEDONEC_PP

ПОБЕДАШ
Член од
7 декември 2007
Мислења
778
Поени од реакции
74
1. Кирилицата и поимот словени се производ на МАКЕДОНЦИТЕ, а латиницата на Латините (Италија)!!!

2. Фонетскиот принцип врз кој е заснован МАКЕДОНСКИОТ СОВРЕМЕН ЈАЗИК е лингвистичко совршенство!!!

3. Законот е неопходен затоа што ако не се донесе на кирилица ќе се пишува само во осмолетка!!!

4. Браво за примерот на Хрватска (хрватизацијата на странските зборови)!!! Добриот пример треба да се следи (погледнете го патриотизмот во Хрватска )!!!
 
За ова можам да потврдам од лично искуство.

Хрватите се веројатно најголемите националисти што ги познавам. Но нивниот национализам е здрав, во смисла дека не се темели на она „ние сме подобри од сите други“, туку „ние сме најдобри за себе, а другите нека прават што знаат“.

А тоа го постигнале баш така, со редици такви закони, кои го промвираат Хрватството во Хрватска, што е многу нормално.

Значи, секој закон што го промовира Македонството во Македонија е многу нормална работа. И за тоа нема дискусија.
 
Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Не треба зборот да биде на англиски... туку логото и останатиот промотивен материал да бидат на кирилица.

Да сумирам ... ако некој има лого со латинични букви треба да го конвертира во соодветно кирилично.

Пример:
Oд ова...

Треба да го направат ова:
Ај жити се конвертирај го делот од логото на Кајгана кое е на форумов во горниот лев агол во соодветно кирилично.

К Кајгана
њњњ.кајгана.цом? ввв.кајгана.ком?

И, што правиме сега?

Логото покрај кириличниот дел содржи и латиничен од проста причина што го означува интернет доменот кој постои само на латиница и логото како такво е заштитено како трговска марка, за да биде препознатливо и во врска со брендот. Во спротивно, се губи селата смисла на логото. Ко да ставиш лого со батак на производ кој е кафе.
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Мистичен, мене законот не ми се допаѓа кој знае колку. Работев на еден проект кој имаше знак на латиница. Од нарачателот дојде барање да се промени во кириличен баш поради тој закон. А далеку беше пофаца латиничното... но, тоа е...
 
Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
Мистичен, мене законот не ми се допаѓа кој знае колку. Работев на еден проект кој имаше знак на латиница. Од нарачателот дојде барање да се промени во кириличен баш поради тој закон. А далеку беше пофаца латиничното... но, тоа е...

Веќе не се работи за тоа што нешто е „пофаца“.

Кој сака да работи во Македонија и да има фирма во Македонија, ќе мора да ја користи и македонската кирилица.

Ако тоа не му се допаѓа, нека отвори фирма на друго место.

Целта е сè, буквално сè, да биде во насока на маркетингот на Македонија и Македонството. Барем во Македонија, тоа би требало да биде примарно. Кога тоа ќе успее, кога дај боже некоја наша фирма ќе стане многу јака, логоа кои имаат кирилица на нив ќе станат и светски познати.

Јас така го сфаќам овој закон.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom