Општоприфатените интернационализми нема потреба да се преведуваат, но исто така и не мора на латиница да бидат напишани...се пишуваат на кирилица по правилата на нашето пишување и изговор, не со гола трансформација на латиничните во кирилични букви.Па токму тука е глупавоста на овој закон кој е измислен од инает и од популистички побуди,се разбира и со намера да се профитира некоја пара за тој што го измислил.Има поими во имињата на фирмите кој нема да можат така лесно да се преведат со еден или два збора на Македонски затоа што и на англиски е општо прифатено да се користи нивната скратена форма за име кое пак се употребува во целиот свет. Се најдоа некои “паметни“ Македонци законодавци кој допрва откриле “топла вода“ и избрзано ја пуштаат во употреба единствено од профитабилни причини,без при тоа да водат грижа за народот кој навистина ќе се соочи со ригорозни казни само да им се принаполни џебот на законодавците.
И немој врз основа на ретките исклучоци да генерализираш.
Во краен случај да се работи за некои наши фирми од светски калибар..и да прогледаме низ прсти..
....ама за колонијалчиња, играчници, кафанчиња и слични дрнгулии...
Друго, зошто дома на децата даваш наши имиња а не странски во оригинал латинична транскрипција, нели е попогодно детето да го наречеш John, па кога ќе шета по свет никој нема да го крши јазикот додека му го изговори името.