Кино сали во Македонија (Cineplex, Шминеплекс и се останато)

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Иначе награднава игра им трае повеќе од пола година, а тие даваат само едно сони - и тоа од претходна генерација :tapp:
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.321
Поени од реакции
7.372

Одлична понуда за сите корисници на Cineplexx Bonus картичката

Само овој петок, 24.11 надополни ја твојата картичка со минимум 1.000 ден и добиј бесплатна кино карта


За уште поубаво расположениe и најдобро кино искуство ви подготвивме Black Friday Мени (купи кофа пуканки по цена од 140 ден и добиј бесплатен пијалок Coca Cola или Sprite)

Се гледаме во #Cineplexx
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.373
Поени од реакции
42.565
Колку време би ми траеле тие 1000 денари? :P Има рок во кој можам да ги потрошам или пример можам кога сакам? :))
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Колку време би ми траеле тие 1000 денари? :P Има рок во кој можам да ги потрошам или пример можам кога сакам? :))
Мислам дека беше една година.[DOUBLEPOST=1511482770][/DOUBLEPOST]Не, 5 години сепак. 60 месеци важи кредитот. А бонус поените - 18 месеци.
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Зошто 2Д карта за Star Wars за во вторник е 210 денари а не 160 како секогаш?
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Зошто 2Д карта за Star Wars за во вторник е 210 денари а не 160 како секогаш?
Зашто филмот трае 150 минути. 160 денари беше за 90-100 минути мислам, со поголема минутажа, расте и цената на картите. :D

Сега гледам и тие од 90-100 минути ги направиле 180.
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
Ke go davat li Star Wars u 3D? I kako mozat da se nabavat karti za nadvor od Skopje? Do kuga ke trae premierata?
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Зашто филмот трае 150 минути. 160 денари беше за 90-100 минути мислам, со поголема минутажа, расте и цената на картите. :D

Сега гледам и тие од 90-100 минути ги направиле 180.
Capture1.PNG
Capture.PNG

160 e за филмови од 120 минути и скоро секогаш толку плаќам. За 150 минути би требало да биде 180 според ценовников.
210 денари никако не ми испаѓа во математикава :).
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Прегледај го приврзокот 181723
Прегледај го приврзокот 181724

160 e за филмови од 120 минути и скоро секогаш толку плаќам. За 150 минути би требало да биде 180 според ценовников.
210 денари никако не ми испаѓа во математикава :).
Ти викам ја покачиле цената. Провери ги другите филмови, сите што ги видов скоро беа по 90-100 минути и беа 180. Батали ценовникот што го ставиле, кога избираш седиште ќе видиш колку се картите.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Не е поскапено.
Вторник е Св. Никола.
Картите за непразници од понеделник до четврток се 200 денари.
Картите за празници се 230 денари.
Од ова може да се извади заклучок дека картите за празници се 30 денари поскапи.
Бидејќи вторник е специјален ден каде што картите се 150 денари, но сепак е празник, картата треба да биде 30 денари поскапа од вообичаено.
Тука доаѓаме до цената 180 денари.
И појќе да ве не видам.
Не сум сигурен во ова, затоа што мислам дека се сеќавам на карти од 230 денари во вторник за празник за 2д проекција но сепак ми звучи логично и сакам да се напраам паметен.
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Не е поскапено.
Вторник е Св. Никола.
Картите за непразници од понеделник до четврток се 200 денари.
Картите за празници се 230 денари.
Од ова може да се извади заклучок дека картите за празници се 30 денари поскапи.
Бидејќи вторник е специјален ден каде што картите се 150 денари, но сепак е празник, картата треба да биде 30 денари поскапа од вообичаено.
Тука доаѓаме до цената 180 денари.
И појќе да ве не видам.
Не сум сигурен во ова, затоа што мислам дека се сеќавам на карти од 230 денари во вторник за празник за 2д проекција но сепак ми звучи логично и сакам да се напраам паметен.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.321
Поени од реакции
7.372
Јас со Синеплекс картичка неколку вторници уназад плаќам по 150 денари. Немам приметено по колку траат филмовите.
Баш сега проверив, за следниот викенд Стар Ворс 2Д ќе ме чини по 210 денари. Најскапа варијанта ми е 3Д во викенд по 350 денари. Не знам дали на оваа цена ќе ми пресметаат попуст за членови или ова е цената за членови.

@Govinda Може да си купуваш карти онлајн, ама мора првин да земеш членска картичка и да ставиш 1000 денари кредит на неа.
Јас така правам за да купувам карти неколку денови однапред. Додуша ако може правам резервација, за секој случај да не испадне да не можам да отидам кога сум букирал карта.

Мојојт моментален статус, да се пофалам:
2,459 ден кредит
9983 поени (пред некој ден ми легнаа 1500 поени од ноемвриската акција)
2 бесплатни карти (од промоцијата на црниот петок)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom