Некое време бев во состојба да одговорам, но да ве известам дека не ја заборавам темава... Имам наплив од побарувања од роднини, пријатели и колеги, и не можам да постигнам.
Уште неколку донации на блиските, и вие форумџиите сте на ред.
Штета што тие што веќе добија маја за кефир, повеќе не ја следат темата. Практично за неколку недели мајата за кефир се дуплира во количина, и тој вишок потоа секако мора да се отстрани (да се консумира, или да се фрли).
Во врска со вас што побаравте кефир, дајте наместете си на профилот да добивате емаил известување за добиени приватни пораки. И оставете емал кој навистина го следите.
Добар дел од вас не одговарате со недели кога ќе ви напишам порака. Отсега нема да чекам повеќе од еден ден. Наредниот на листата на чекање ќе биде контактиран. Малку да ја експедираме работата (и да не пијам цело време прекисел кефир).
Се извинувам на чекањето, и се читаме отприлика за пар месеци (освен можеби пред Велигден ако имам количина за една донација).