Кефир

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.362
Поени од реакции
29.835
Ќе најдам маја за почеток ама ме интересира дали може од купечки кефир (не знам која фирма беше) да се направи маја? Оти гледам кефирот е габа, а пишува дека индустрискиот се прави со хмељ и некоја бактерија.
И дали може вишокот бели топчиња да се јадат? Така, да собереш по извесно време еден оброк оти вели имаат аминокиселини, млечнокиселински бактерии, полисахариди и други корисни состојки.
Како што кажа и Херба, ништо не правиш со купечкиот кефир. Не е дека комерцијалниот кефир не го прават со вистинска кефир култура, туку затоа што него како комерцијален продукт потоа делумно го „пастеризираат„ (или нешто слично, затоа ставив наводници), за да трае подолго време.

Природен кефир нема да се расипе, ама за времетрањето на комерцијалниот кефир, природниот кефир ќе се скисели, оцет ќе се направи. Тоа е затоа што во природниот кефир ја имаш жива целата база на пробиотите, и тие како живи организми ја јадат достапната храна се додека се живи. Ферментацијата продолжува и ферментот (кефирот) станува се покисел (млечна киселина, продукт на лактобацилите). Кај комерцијалниот кефир тоа не се случува во долг временски период (погледни на датумот на траење)

Друга работа што треба да ја расчистиш со себе, е дека не е баш точно кога ќе кажат „кефирот е габа„. Кефирот е збир од 36 различни микрорганизми (квасци и бактерии), кои живеаат заедно во симбиотска заедница.
Комерцијалниот кефир е третиран да се намали колку е можно количината на живи пробиоти во него, за да остане подолготраен. Затоа има хранлива вредност, но нема и пробиотска нутритивна вредност како природниот кефир.

Можно е да се извади некаква култура и од комерцијалниот кефир (ете Херба успеал, а луѓе често успешно „фаќаат„ и пивски квасци од некои ретки видови пиво кои се правени на старински начин, без пастеризација и со природна карбонизација). Но така никогаш не можеш да знаеш што си добил, зошто некои од тие 36 симбиоти се поиздржливи, некои не се... и најверојатно останеле живи само примероци од неколку најжилави видови на лактобактерии.
Втора работа е, зошто да се малтетираш со фаќање култура и потквасување, кога има од каде да земеш од „правата работа„. ;)
 
Член од
7 мај 2014
Мислења
4
Поени од реакции
2
Јас заборавив да му се заблагодарам на @Herba што одма ми излезе во пресрет,и уште следниот ден ми даде кефир,сега си го растам,уште сум на литро само,си го пијам секојдневно,и се надевам дека што побрзо ќе нарасне и ке може да го ставам и во два литра млеко :)

П.С. @Herba брат планирај си за 2-3 дена да те побарам и комбуха да ми дадеш :)))
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.362
Поени од реакции
29.835
И дали може вишокот бели топчиња да се јадат? Така, да собереш по извесно време еден оброк оти вели имаат аминокиселини, млечнокиселински бактерии, полисахариди и други корисни состојки.
Ова сум го пропуштил. И тоа како може да се јадат и многу се здрави имаат глема нутриционистичка вредност. Најдобра шема е блендирани со кефир и овошје по избор.
 
Член од
20 март 2013
Мислења
15
Поени од реакции
4
Воден кефир дали има некој да ми даде? Со мојот мислам дека нешто не е во ред бидејќи воопшто не се размножува скоро една година.
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Јас како почетник со ова кефирот, добро ми тргна. Првите неколку дена го правев со варено млеко и ми излегуваше премногу кисело. Се вратив на темава и читнав уствари оти за џабе сум трошела струја. И сега го правам таман по мој вкус. Само топлово време многу брзо го скиснува, тоа ме нервира.

Што ќе се случи ако го чувам во фрижидер?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.362
Поени од реакции
29.835
Ако го чуваш кефирот во фрижидер многу ќе ја успориш ферментацијата, плус тоа се веќе температури на кои квасците ќе ти станат дормантни и само неколку вида лактобацили ќе продолжат (прилично) споро да ферментираат.

Едноставно кажано: не го прави тоа. :)

Кефир се става во фрижидер кога идеш на одмор или на патување. 7 до 10тина дена е безбеден период, лимитот е до 14тина дена. Потоа ќе почнат да умираат симбиотите од културата и следува инфекција со патогени организми (расипување).



Е сега назад на твојот проблем: што точно мислиш со тоа дека „многу брзо го скиснува„?

Ферментацијата мора да се прилагодува да трае 24часа. Заради комфортот, еднаш дневно да е обврската (од 5мин) за менување на млекото. Ако кефирот ти е прекисел после 24часа, значи мајата (културата) нараснала премногу.

Решението е да се намали мајата.
Среден однос е 20% маја на 100% волумен од млеко. Но тоа е само репер и односот може да биде од 15%:100% до 35%:100%.

Така да советот е: постепено намалувај по малку маја се додека не дојдеш до количина на маја која дава кефир со добар вкус, за таа количина млеко. (но да не ја намалиш мајата под 15% од волуменот на млекото)


Вишокот маја е многу здраво да се консумира, на пример блендано со кефир и овошје по желба. Малку мед, и цимет на пример, го подобрува вкусот и воедно е здраво.
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Имам едно прашање.
Пред ден, два кога го правев кефирот, млекото неварено кое му го ставив беше расипано. Тоа го утврдив, од кога остатокот од млекото кое ми остана(пошто правам околу 500-600 милилитри) го сварив и видов оти е расипано. Тој кефир, со тоа млеко излезе многу поредок од вообичаено, ја немаше потребната густина. И нормално го фрлив, пошто моментално со бактеријата која владее не ми се ризикуваше.
Е сега ме интересира, дали мајата од кефирот ми е расипана и не треба да ја употребувам повеќе?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.362
Поени од реакции
29.835
Зависи колку време останала мајата во расипаното млеко.
Во било која варијанта, можно е да се избори кефир културата против патогените организми, после неколку последувателни правења на кефир (кој не треба да се пие). Ако има поголем обем од патогените организми, добиениот кефир ќе има вкус донекаде налик на расипано млеко -како течна мувла... (пффф, нема полош вкус од тоа на светов).

Од практична страна, пошто наскоро ќе има доволно од истиот извор од каде дојде твојата сегашна маја, можеби најдобро е да едноставно да се замени сомнителната маја со нова култура. ;)
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.362
Поени од реакции
29.835
Здраво @Tongue Twister
За пар недели би требало да имам доволно вишок за давање. Ќе ти напишам приватна порака кога ќе има, а ако во меѓувреме те контактира некој од колегиве кефиристи пиши ни ти да знаеме дека не ти треба.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.362
Поени од реакции
29.835
@Macak1
Јас следнава недела би требало да имам доволно да одвојам за Tongue Twister
После тоа за отприлика месец дена (или помалку) си ти на ред... Ако не се понуди некој друг во меѓувреме.
 
Член од
11 ноември 2014
Мислења
2
Поени од реакции
0
Здраво на сите. Би сакала да Ве замолам дали може некој да ми даде од Кефир културата? Однапред Ви благодарам!
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.362
Поени од реакции
29.835
ОК @сурфинија на второ место за чекање на листата си.

Хмм, што се случува денес наеднаш... :)
Некој од останатите што имаат вишок маја (а можеби не следат овде), ајде јавете се да ја забрзаме работава.
 
Член од
11 ноември 2014
Мислења
2
Поени од реакции
0
ОК @сурфинија на второ место за чекање на листата си.

Хмм, што се случува денес наеднаш... :)
Некој од останатите што имаат вишок маја (а можеби не следат овде), ајде јавете се да ја забрзаме работава.
Благодарам!!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom