Кефир

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.362
Поени од реакции
29.835
Можеби летово ќе пробам и воден кефир, но некако не ми се допаѓа тоа што пијалокот се припрема со сахароза. Знае некој во колкава мера се ферментира шеќерот?

И кога сме кај ферментација на шеќер... интересна информација би била, колкав е процентот на алкохол во водениот кефир. ;)
 
B

Bafra

Гостин

Пробај со Мед и стави сецкано овошје ( суво грозје, суви смокви, може и свеж ѓумбир ...)
Имаш на нет разни рецепти , и пишува дека од млечните габи после 3-4 проби со вода тогаш веќе габите се навикнуваат новата средина па најдобро тогаш да почнеш да го конзумираш.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.362
Поени од реакции
29.835
OK дами и господа, време е за делба на кефир. Има малку мој вишок и целата маја од пријател (кој некое време нема да може да припрема домашен кефир).

@blue ladybug @sartan за вас двајца ќе имам доволно (уште не сум видел колку маја има пријателов). Заедничка средба утре или задутре?
Кажувајте дали сте слободни и да се координираме за време (локација ќе биде накаде во Карпош 4, можеби кај Сити Мол). Без одлагања ве молам, на толку маја се прави многу кефир а јас ко за беља сум на предвеликденскиот пост (не сум верник, ама само тогаш се „жртвуваат„ да ми спремаат веганска храна) ;)

@murmunlok @alkazar вие момци сте следни, освен ако сега не испадне вишок маја (во кој случај накнадно ќе ве контактирам).
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
248
Поени од реакции
267

Денес после 6 ти одговара ли кај City mall негде? Пиши ПП за детали, али рачунај дека јас до 5 и пол сум на работа сигурно
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.362
Поени од реакции
29.835
Јас и Herba имаме одреден вишок на маја од кефир. Кој е заинтересиран нека се јави.
 
Член од
6 ноември 2013
Мислења
11
Поени од реакции
0
Дечки, дали можеби некој од вас живее во Аеродром или Центар, можеби.
И наместо во пластично шише, може да се стави габата во кесичка за длабоко замрзнување, и тоа е пластика, и со малку млеко, во хартија или нешто умотана, полесно е, мислам, а и за вадење е полесно.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.362
Поени од реакции
29.835
Така во кесичка би било полесно и позгодно, ама и ризикот за беља (и тоа во џеб) е поголем. :)

Во шише е побезбедно, и сеуште не е тешко. Единствено малку е кабасто во однос на твојава кесичка, ако кеса со шише може да се нарече кабаста. ;)
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Пробај со Мед и стави сецкано овошје ( суво грозје, суви смокви, може и свеж ѓумбир ...)
Имаш на нет разни рецепти , и пишува дека од млечните габи после 3-4 проби со вода тогаш веќе габите се навикнуваат новата средина па најдобро тогаш да почнеш да го конзумираш.
Со мед никако
 
Член од
7 мај 2014
Мислења
4
Поени од реакции
2
Да се најде некој фраер или фраерка да ми даде култура за млечен кефир,најмногу ќе сум благодарен! =) може да ми пишете тука или да ми се јавите на 070244579[DOUBLEPOST=1399453923][/DOUBLEPOST]
Јас и Herba имаме одреден вишок на маја од кефир. Кој е заинтересиран нека се јави.
Имате уште од мајата?
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.362
Поени од реакции
29.835
договорено, ќе му дадам.
Aман бе, да не го зрачиш со нешто кефирот... па толку бргу ти расте мајата? :)
Браво, ама сигурен си дека не оставаш премалку маја на единица количина млеко?

Јас на неколку колеги од работа им давав маја последно, и барем 2-3 недели ми треба за да ја дуплирам мајата. Толку брз раст како твојов има ако на пробиотите редовно им пружаш поголеми количини на млеко (повеќе храна за нив).
Но сега иде лето, и ризик е да се пие недоферментиран кефир. Не заради лактозата (освен ако си нетолерантен кон лактоза), туку може млекото да се расипе. Расипувањето е всушност кога друг патоген организам ќе се размножи повеќе и побрзо, од пробиотската кулутра (мајата) на кефирот. Ако се случи такво нешто ќе се контаминира и самата маја. Можно е мајата да се деконтаминира, ама побезбедно и полесно да се замени со нова (еве сега не има прилично повеќе кефирџии на форумов, па и тоа не е проблем).
 
Член од
13 јануари 2013
Мислења
11
Поени од реакции
7
Хаха, гледам да пазам на мајата :) Сега конечно ќе ми се нормализира количински. Приметувам по кефирот, станува неиздржливо кисел од толку многу маја. За да не го разредувам со вода (пред пиење), а и за да не купувам дополнителни количини на млеко (и да не ми се трупа вишок), поарно вака дај ваму-таму на некој што му треба. Инаку, пред скоро време читав дека и во таква кисела средина каква што гради кефирот, иако не преживуваат многу бактерии, тоа не секогаш важи за escherichia coli, повеќе видови на salmonella и др. Само добра хигиена му е мајката.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.706
Поени од реакции
12.126
Ќе најдам маја за почеток ама ме интересира дали може од купечки кефир (не знам која фирма беше) да се направи маја? Оти гледам кефирот е габа, а пишува дека индустрискиот се прави со хмељ и некоја бактерија.
И дали може вишокот бели топчиња да се јадат? Така, да собереш по извесно време еден оброк оти вели имаат аминокиселини, млечнокиселински бактерии, полисахариди и други корисни состојки.
 
Неможе, ќе се согласи и @Vanlok . Тој купечки кефир што си го гледал (веројатно од 'Z Bregov) си нема врска со природниов. И јас почнав со купечки, успеав неколку тури да направам користејќи го како маја, а на крај кога продолжив со вистински кефир, од “фабричкиот“ си направив многу вкусна павлака.

П.С. се поштува Lagertha (y)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom