Кефир

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.606
Поени од реакции
10.846
Имам домачо козјо млеко. Дали може да го направам кефирот со него т.е. дали ќе фати? Глупо прашање од глуп чоек, али морав да го поставам. Однапред фала. <3
 
Член од
6 февруари 2014
Мислења
1.010
Поени од реакции
865
Со вода не треба да се плакне кефирот кога ќе се менува млекото?
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Имам домачо козјо млеко. Дали може да го направам кефирот со него т.е. дали ќе фати? Глупо прашање од глуп чоек, али морав да го поставам. Однапред фала. <3
пиј кефир и ќе се опаметиш
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.404
Со вода не треба да се плакне кефирот кога ќе се менува млекото?
Не. Пишувано е поопширно наназад зошто, ама накратко кажано - не.


Имам домачо козјо млеко. Дали може да го направам кефирот со него т.е. дали ќе фати?
Нема никакви проблеми да има, и кефирот ќе биде многу поквалитетен отколку ако е направен со било кое „комерцијално“ млеко (читај бучкуруш од вода, понешто млеко, млеко во прав, и разни конзерванси и додатоци).
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.606
Поени од реакции
10.846
Нема никакви проблеми да има, и кефирот ќе биде многу поквалитетен отколку ако е направен со било кое „комерцијално“ млеко (читај бучкуруш од вода, понешто млеко, млеко во прав, и разни конзерванси и додатоци).
Значи да не го варам, него директ во габата?
 

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
@Vanlok а во што го правиш ти? Јас го ставам во тегла и по пола тегла правам таман една чаша ми излегува.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.404
@Vanlok а во што го правиш ти? Јас го ставам во тегла и по пола тегла правам таман една чаша ми излегува.
Исто во тегла, ама во поголема (2.5 литри). Порано правевме по литар на ден, сега пола литар... ама остана големата тегла, нешто заради навика а нешто и заради тоа што во поголем сад нема опасност од прекабонизација (кога е затворен садот).


Значи да не го варам, него директ во габата?
Е тоа е веќе друго прашање. Дали да го вариш млекото или не, тоа веќе е твоја одлука. По странскиве форуми многу луѓе прават кефир од неварено млеко. Несомнено е поздрав така кефирот, зошто не се губат некои состојки како разните ензими.
Теоретски киселата средина која ја прави кефир културата треба да ги уништи сите патолшки организми кои во млекото можеле да дојдат преку вимето на животното. Но ако не се пази да има доволно маја за таа количина млеко, теоретски можно е и да останат живи некои од патолшки организми (и да те разболат).

Практично, ако се решиш да правиш да правиш млеко од неварено млеко - јас секако би пазел да има малку повеќе кефир-маја, одколку што е реално потребно. Кефирот така ќе биде за нијанса покисел, ама сигурноста од патолошки органзими е многу поголема.
 
Член од
2 јули 2015
Мислења
1
Поени од реакции
0
Правам домашен кефир скоро една година, мошне ми користеа вашите совети што ги читав ..... и се` беше во ред. Сакам да прашам што значи ако горниот слој во теглата е плав??? ова прв пат ми се случува ... претпоставувам дека нешто не е како што треба, значи ли тоа дека габата е загадена и таа треба да се фрли или само кефирот. Вообичаено го правев се` беше во ред, до сега . Ве молам за совет
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.404
Уф сега тек го гледам ова.
Тоа што го гледаш е мувла @Митра Бојаџивката

Мувла може да се појави само ако умре поголемиот дел од кефир мајата (којзнае колку денови си го заборавила кефирот). Кога се живи кефир организмите самите целосно се бранат од такви инфекции.
Фрлај го тоа, и почни одново со нова маја.
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
330
Поени од реакции
157
Vanlok да те питам нешто ќе сакаш ли да ми дадеш маја имам пријател во село што е тука на 7 км и има овци па со пресно млеко да пробаме и он исто така барал маја.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.404
@ILIJA_NEO нема никаков проблем. Само да знаеш дека скоро се вратив од одмор, кефирот ми стоеше во фрижидер и сега некое време ќе излегува кисел (додека не се балансираат квасците наспроти лактобактериите).
Ама секако имам маја за давање, пиши ми порака да се договориме за место и време.
 

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
@ILIJA_NEO нема никаков проблем. Само да знаеш дека скоро се вратив од одмор, кефирот ми стоеше во фрижидер и сега некое време ќе излегува кисел (додека не се балансираат квасците наспроти лактобактериите).
Ама секако имам маја за давање, пиши ми порака да се договориме за место и време.
A јас се чудам зашто ми е кисел кефирот сега :) 20 дена не правев, стоеше во фрижидер и се си мислев се расипал ама добро е :D
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.404
A јас се чудам зашто ми е кисел кефирот сега :) 20 дена не правев, стоеше во фрижидер и се си мислев се расипал ама добро е :D
На ниски температури квасците стануваат дормантни, некои и умираат. За разлика од нив лактобактериите се сеуште активни (иако помалку).
Како што кефирот поминува повеќе време во фрижидер, има се повеќе лактобактерии а квасците стагнираат (и се намалуваат).

Затоа после подолг период во фрижидер, кефирот не е баш како што треба. Покисел, и потенок... Сеуште добар за пиење, но вкусот нема да биде како што бил се додека повторно не се избалансираат симбиотите во културата/мајата. Иначе во кефирот досега се откриени над 30тина разни квасци и полезни бактерии (а има и разни видови кефир, кои имаат одредени разлики во симбиотите).
 

демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
Имав еден период кефир и бев многу задоволен посебно во лето кога го пиев како освежителен пијалок.
Моментално немам маја а ми треба па ако има некој од Скопје да биде љубезен да подели малку од неговиот би бил благодарен и би го почастил едно пиво за добриот гест.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom