Квалификации за Европско Првенство - Полска и Украина 2012

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Црна Гора вчера стана држава али тоа не е пречка да игра бараж за Европско :)
Сега ако извадат бод со Англија мислам дека второ место реално им е достижно.
Рано е после три меча да се сместува некој во бараж. Има време иако овие резултати на Црна Гора се доста големи.
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.153
Поени од реакции
4.037
Рано е после три меча да се сместува некој во бараж. Има време иако овие резултати на Црна Гора се доста големи.
Епа во нивната група се само 5 екипи што значи они имаат изиграно 3 од вкупно 8, тоа се скоро пола натпревари. Кога ќе земеш во обзир дека Англија би требало да ги победи скоро сите натпревари, тоа значи дека Црна Гора е на прав пат да се квалификува со тоа што ги победи сите свои конкуренти за 2ото место во групата по еднаш. Ако на престојните 3 натпревара со тие противници (против Швајцарија, Бугарија и Велс) извадат уште 2 победи ондак 95% ќе бидат втори во групата, нема врска ако ги изгубат двата натпревара против Англија пошто не верувам некој од другите 3 тима да успее да земе бод против нив така да немаат што да изгубат...

Ама сепак, во право си, уште е многу рано да се каже нешто. Битно е дека се на добар пат, јас би рекол 60% од работата ја завршија (да стигнат до бараж).
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.891
Гледајќи според квалитетот Русија се каде каде подобри.Мора да се изваде нерешено или победа (иако сум оптимист мислам дека ова тешко може да се оствари).Не треба да им се дозволи на Русија да ја превземе играта,затоа што тогаш 3-4 гола примаме гарант.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.664
Поени од реакции
59.726
Само што ќе пишев дека голманот на Азербејџан ќе ме уништи... човекот одбрани неколку зицери а во продолжение Азербејџан им даде гол од првата шанса. Еден од оние натпревари кои знаат да тргнат наопаку...
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Како што тргнала работата со турците тешко дека ќе фати некој вкладилница!
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.664
Поени од реакции
59.726
Одлично играат и ги прати ненормална среќа од гол линија излегуваат топките :)
 
Член од
18 март 2010
Мислења
53
Поени од реакции
1
а северна ирска што одвај стигна до 1-1 со фарски острови.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Исти киксови како нашиот со Ерменија им се случија и на многу други репрезентации,еве денеска Турција и Сев.Ирска.Шо значи треба да гледаме напред,тоа што беше бидна.Ајде за подгревање на атмосферата.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.748
Eрменија продолжува со добрите резултати, алал нека им е, им напикаа четири комада на андорицине. Ми станаа омилени, сакам да продолжат вака.
 
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
Turcija so poraz od nikakvite Azerbejdzan, a Severna Irska samo nereseno so Farski Ostrovi:tv:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.664
Поени од реакции
59.726
Азербејџан ме оштети многу ама морам да признаам дека играа одлично, се бранеа како што треба, голманот им беше инзвонреден и ги послужи и среќата. Турците во второ полувреме многу слаби. Северна Ирска ги има убиено атмосферата и времето на тој стадионот, изгледаше како крајот на светот да дошол :pos:
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Нереди на мечот Италија - Србија.
Натпреварот е привремено одложен заради навивачите на Србија.
Гледам на стрим, на цел терен има специјалци, и фрлени факели.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom