- Член од
- 5 февруари 2007
- Мислења
- 10.706
- Поени од реакции
- 13.376
И као по навика, не сум го „апдејтнал“ статусов до каде сум истерал со предизвикот.Август беше доста интересен.
19. Молчи со отворена уста - Снежана Младеновска Анѓелков (114 стр - Или-или).
Имам одредена слабост за староскопските раскази, но што е тука е. Одлична е Жане.
4.5/5
20. Men without women - Haruki Murakami (Vintage)
Се навлеков на филмот Drive my car кога искочи пред некоја година. Смисолот е едноставен но длабок. Неколку кратки раскази за мажи кои живеат самски живот во кој некогаш продрела женска рака. И како се носат кога истите ќе останат повторно без неа.
Drive my car 4.5/5
Yesterday 4/5
An Independent organ 3/5
Scheherazade 4/5
Kino 3.5/5
Samsa in love 3.5/5
Men without women 3/5
Final score 3.5/5
21. Memoirs of Sherlock Holmes - A. C. Doyle (Kindle)
Чим ја препрочитувам по трет пат оваа колекција на случаи има нешто што ми има западнато во очи. Книгава е класика за крими роман, тука се разглабаат едни од најдобрите случаи на Шерлок, а меѓудругото и еден каде го јаде подебелиот крај.... Оттука и држи константна оцена 5/5.
Silver blaze - 4/5
The yellow face 5/5
The stockbroker's clerk 4/5
The Gloria Scott 4.5/5
The Musgrave's ritual 5/5
The Reigate squire 4.5/5
The crooked man 5/5
The resident patient 5/5
The Greek interpreter 5/5
The naval treaty 5/5
The final problem 5/5
22. Прво лице еднина - Харуки Мураками (Три)
Кога станува збор за Мураками имам заклучено дека од него не треба да се има некакви големи очекувања за да се ужива во неговите писанија. Ако се пушти мислата да тече, се постигнува многу поголемо задоволство него ли да се запира, мозга, размислува што сакал писателот да каже. Затоа поучен од претходно прочитаната негова, тука не очекував богзнае што но добив многу многу повеќе.
Cream 4/5
On a stone pillow - 4.5/5
Charlie Parker plays bossa nova 5/5
With the Beatles - 5/5
Confession of a Shinagawa monkey 4.5/5
Carnival 4,5/5
The Yakult Swallows poetry collection 3.5/5
First person singular 4/5
Final verdict 4.5/5
Убаво, навистина убаво патешествие.
23. Месец септември ме измори троа, но со големо задоволство ја завршив втората прочитана од Рут Озеки - The book of form and emptiness. Иако е пишана во релативно лесен стил, бара голема концентрација јер... магичен реализам. Помислив дека ќе ја слистам слично како и една друга прочитана оваа година - The reading list. Тематиката ми изгледаше слична - самохран родител, проблематично дете со ADHD оди по библиотеки за да развие одредени навики на читање книга, со тоа да си помогне.... добро. Има сличности. Ама оваа вторава не е магичен реализам како книгата на Рут. The book of form and emptiness има слоеви колку што зелката има „кошули триста“. Таман еден момент доаѓа до нормала, се дешава нокаут и пак отпоново. Треба време и време и искуство да помине за да ликовите осознаат за својата внатрешна „празнина“ и да почнат да менуваат глупи навики како на пример junk hoarding.
Годинава ќе има тежок избор која да ја ставам во топ 3. Оваа е кандидат по се изгледа.
24. После Рут, сакав да си земам одишка па се вратив кај Агата и нејзината Taken at the flood. Пак ќе кажам не влагам у детали кај Агата, само кажувам дали вреди да се прочита книгата или не. Оваа беше ок. Не нешто да те падне на теме ама имаше свој шмек, Имам само приметено дека Агата по војната почнува да забегува со замрсеноста на plot - twist-ови и многу помалку дава до значење за човековата природа на нештата. 4/5
25. И продолжуваме уште едно штиво од Агата слично на претходното - Mrs. McGinty is dead. Погрешно осуден лик пробуваат да го извадат од калта со тоа што Поаро ќе направи одново истражување на едно неодамна сторено убиство кое е тесно поврзамо со неколку семејни судбини во едно мало село во англија. И тука како и во претходната гледаме шаблон на замрсеност, враќање во минатото, човечки судбини кои се уништени, план за освета. И така... Ама добро се изнавозев. 4/5