Кајганџиски книжевен предизвик за 2024 година

Колку книги сметате дека може да прочитате во 2024?

  • Extremely Easy Level - 1 книга

  • Very Easy Level - 3 книги

  • Easy Level - 5 книги

  • Medium Level - 10 книги

  • One Per Month Level - 12 книги

  • Major Level - 15 книги

  • Hard Level - 20 книги

  • Very Hard Level - 30 книги

  • Extremely Hard Level - 40 книги

  • Ultimate Level - 50 книги


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.378
Август беше доста интересен.
19. Молчи со отворена уста - Снежана Младеновска Анѓелков (114 стр - Или-или).
Имам одредена слабост за староскопските раскази, но што е тука е. Одлична е Жане.
4.5/5
20. Men without women - Haruki Murakami (Vintage)
Се навлеков на филмот Drive my car кога искочи пред некоја година. Смисолот е едноставен но длабок. Неколку кратки раскази за мажи кои живеат самски живот во кој некогаш продрела женска рака. И како се носат кога истите ќе останат повторно без неа.
Drive my car 4.5/5
Yesterday 4/5
An Independent organ 3/5
Scheherazade 4/5
Kino 3.5/5
Samsa in love 3.5/5
Men without women 3/5

Final score 3.5/5

21. Memoirs of Sherlock Holmes - A. C. Doyle (Kindle)
Чим ја препрочитувам по трет пат оваа колекција на случаи има нешто што ми има западнато во очи. Книгава е класика за крими роман, тука се разглабаат едни од најдобрите случаи на Шерлок, а меѓудругото и еден каде го јаде подебелиот крај.... Оттука и држи константна оцена 5/5.
Silver blaze - 4/5
The yellow face 5/5
The stockbroker's clerk 4/5
The Gloria Scott 4.5/5
The Musgrave's ritual 5/5
The Reigate squire 4.5/5
The crooked man 5/5
The resident patient 5/5
The Greek interpreter 5/5
The naval treaty 5/5
The final problem 5/5

22. Прво лице еднина - Харуки Мураками (Три)
Кога станува збор за Мураками имам заклучено дека од него не треба да се има некакви големи очекувања за да се ужива во неговите писанија. Ако се пушти мислата да тече, се постигнува многу поголемо задоволство него ли да се запира, мозга, размислува што сакал писателот да каже. Затоа поучен од претходно прочитаната негова, тука не очекував богзнае што но добив многу многу повеќе.
Cream 4/5
On a stone pillow - 4.5/5
Charlie Parker plays bossa nova 5/5
With the Beatles - 5/5
Confession of a Shinagawa monkey 4.5/5
Carnival 4,5/5
The Yakult Swallows poetry collection 3.5/5
First person singular 4/5

Final verdict 4.5/5
Убаво, навистина убаво патешествие.
И као по навика, не сум го „апдејтнал“ статусов до каде сум истерал со предизвикот.
23. Месец септември ме измори троа, но со големо задоволство ја завршив втората прочитана од Рут Озеки - The book of form and emptiness. Иако е пишана во релативно лесен стил, бара голема концентрација јер... магичен реализам. Помислив дека ќе ја слистам слично како и една друга прочитана оваа година - The reading list. Тематиката ми изгледаше слична - самохран родител, проблематично дете со ADHD оди по библиотеки за да развие одредени навики на читање книга, со тоа да си помогне.... добро. Има сличности. Ама оваа вторава не е магичен реализам како книгата на Рут. The book of form and emptiness има слоеви колку што зелката има „кошули триста“. Таман еден момент доаѓа до нормала, се дешава нокаут и пак отпоново. Треба време и време и искуство да помине за да ликовите осознаат за својата внатрешна „празнина“ и да почнат да менуваат глупи навики како на пример junk hoarding.
Годинава ќе има тежок избор која да ја ставам во топ 3. Оваа е кандидат по се изгледа.
24. После Рут, сакав да си земам одишка па се вратив кај Агата и нејзината Taken at the flood. Пак ќе кажам не влагам у детали кај Агата, само кажувам дали вреди да се прочита книгата или не. Оваа беше ок. Не нешто да те падне на теме ама имаше свој шмек, Имам само приметено дека Агата по војната почнува да забегува со замрсеноста на plot - twist-ови и многу помалку дава до значење за човековата природа на нештата. 4/5
25. И продолжуваме уште едно штиво од Агата слично на претходното - Mrs. McGinty is dead. Погрешно осуден лик пробуваат да го извадат од калта со тоа што Поаро ќе направи одново истражување на едно неодамна сторено убиство кое е тесно поврзамо со неколку семејни судбини во едно мало село во англија. И тука како и во претходната гледаме шаблон на замрсеност, враќање во минатото, човечки судбини кои се уништени, план за освета. И така... Ама добро се изнавозев. 4/5
 
Член од
14 февруари 2009
Мислења
494
Поени од реакции
1.700
Здраво на сите

Избрав 10 книги за читање за оваа година, а почнав со читање во Април и досега имам 3. Читам само на киндл, освен два романи што ги имам купено последниот пат од Мк кога бев. И двата романи се од Достоевски. @Staufer, и кај мене побрзо оди на киндл. Може е навика. Нема да пишувам рецензии, дека... јебига, не ме бива.

1. Atomic Habits by James Clear
2. The Hitchhiker's Guide to the Galaxy by Douglas Adams,
3. Записи од подземјето од Фјодор Михајлович Достоевски
4. 12 Rules for Life - Jordan Peterson
5. Global Economic History A Very Short Introduction - Robert C. Allen - Оваа книга не сакав да ја ставам тука, ама ја читав подолго од планираното дека е обемна со податоци и доста корисна за некој што не учел економија.
6. No More Mr. Nice Guy - Robert A. Glover
7. Пиреј - Петре М. Андреевски
8. Браќата Карамазови - Фјодор Достоевски - Оваа книга дека е подолга, самиот си ја сметам за 2-3 книги во големина. Многу тешка книга, што ќе треба сигурно уште 2-3 пати да ја прочитам, ама следно на англиски.

Наредна ми е The 48 Laws of Power by Robert Greene, ама не знам дали ќе ја прочитам оваа година.

П.с. Имам kindle paperwhite од 2017 година и одлично си работи. Сакам да го земам новиот модел, со поголем екран, Usb C, дрн дрн јариња. Дали некој го има земено новиот модел да пиши некој збор тука ? Знам дека не е темата за киндл, ама поврзана е.
 

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.410
Поени од реакции
9.731
4. 12 Rules for Life - Jordan Peterson
5. Global Economic History A Very Short Introduction - Robert C. Allen - Оваа книга не сакав да ја ставам тука, ама ја читав подолго од планираното дека е обемна со податоци и доста корисна за некој што не учел економија.
6. No More Mr. Nice Guy - Robert A. Glover
7. Пиреј - Петре М. Андреевски
8. Браќата Карамазови - Фјодор Достоевски - Оваа книга дека е подолга, самиот си ја сметам за 2-3 книги во големина. Многу тешка книга, што ќе треба сигурно уште 2-3 пати да ја прочитам, ама следно на англиски.

Наредна ми е The 48 Laws of Power by Robert Greene, ама не знам дали ќе ја прочитам оваа година.

П.с. Имам kindle paperwhite од 2017 година и одлично си работи. Сакам да го земам новиот модел, со поголем екран, Usb C, дрн дрн јариња. Дали некој го има земено новиот модел да пиши некој збор тука ? Знам дека не е темата за киндл, ама поврзана е.
za 5kata exonomic history, za kindle ja kupi ili? mi izgleda interesna, moze da ja zemam i jas.
 
Член од
14 февруари 2009
Мислења
494
Поени од реакции
1.700
za 5kata exonomic history, za kindle ja kupi ili? mi izgleda interesna, moze da ja zemam i jas.
Very Short Introduction е серијал на книги и нонстоп има нови книги. Гледав неодамна излезе книга за руската економија, баш пред некој месец. Инаку јас имам 20тина книги спуштени пиратски од Мк. Мислам дека се mobi формат. Ако сакаш можам да ти пратам, само не знам дали смеам тука или по порака. Па после ти конвертирај во тоа што ти треба.
 

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.410
Поени од реакции
9.731
Very Short Introduction е серијал на книги и нонстоп има нови книги. Гледав неодамна излезе книга за руската економија, баш пред некој месец. Инаку јас имам 20тина книги спуштени пиратски од Мк. Мислам дека се mobi формат. Ако сакаш можам да ти пратам, само не знам дали смеам тука или по порака. Па после ти конвертирај во тоа што ти треба.
da, vidov deka e serijal, economic history mi ja dade za nekoi 8evra na rakuten store. aj ako sakash pushti gi vo poraka, mislam deka ne sum probal dosega mobi format na readerot kaj mene.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.131
Поени од реакции
13.256
За разлика од минатата година кога потфрлив, оваа година уште во јуни си го исполнив скромниот книжевен предизвик - 10 прочитани книги. Со оваа темпо веројатно ќе го исполнам и оној од 20 книги (hard level).

1. Александар Македонски - Артур Вајгал 4.5/10
Генерално избегнувам да читам биографии за ликови од историјата. Воопшто не зимам во предвид веродостојноста на информациите, вака од книжевен аспект воопшто не ми беше интересно за читање. Добив јасна слика за настаните ама некако како премногу брзо да беше се нафрлено без добро да се разработи и да се навлезе.
2. Играта на ангелот - Карлос Руиз Зафон 8.5/10
Феноменална книга, втор дел од серијалот “Гробиштата на заборавените книги“. Да не ми беа малку напорни дијалозите на Давид Мартин и Корели, ќе имаше и повисока оценка, но и вака беше предобро читачко искуство, ликот на Изабела омилен ми стана. Доста ме потресе, заедно со Марина се книги кои најмногу ме потресоа од Зафон.
3. Заточеник на небото - Карлос Руиз Зафон 6.5/10
Оваа е трет дел од серијалот. Книгата е одлична, само ми е недовршена сама по себе и затоа е ваквиот рејтинг. Интересна е и многу лесно се чита, но како во оваа фаза Зафон да знаел дека ќе има 4 дела серијалот и го напишал третиот само колку да има отскочна даска кон четвртиот.
4. Лавиринт на духовите I дел - Карлос Руиз Зафон 7/10
Четвртиот дел од серијалот. Ова е една книга, но веројатно за Матица да направи повеќе профит од продавање повеќе книги ги одвоила на две посебни, па затоа и јас ги водам како такви. Интересни се за читање, но ми ја немаа магијата од прите 2 дела, ликовите и дејствијата се поврзуваат од сите 4 дела.
5. Лавиринт на духовите II дел - Карлос Руиз Зафон 7/10
Истото важи и за оваа книга, директно продолжение е на минатата, без да има пресек во дејствијата.
6. Град од пареа - Карлос Руиз Зафон 3/10
Ова ми е тотално разочарување. Откако Зафон починал, семејството издало книга кое треба да е како нов продолжеток на серијалот (петти дел) со приказни опфаќајки ги ликовите од серијалот. Наидов само на 2 или 3 приказни каде што се спомнува некој лик, другите беа рендом приказни поврзани со ликови од историјата, како Гауди, што може делат поврзаност со местото каде што се настаните од серијалот, но не се ликови од серијалот. Имав чувство како да читам приказни на интернет од случајни статии.
7. Сенка на ветрот - Карлос Руиз Зафон (препрочитана) 9.5/10
Првата книга од серијалот. Прв пат ја прочитав во 2010, ми требаа 4 години да подзаборавам настаните, па ја прочитав сега пак откога ги прочитав и другите од серијалот. Впечатоците се исти како и првиот пат, феноменално дело, најмногу го доловува целиот амбиент, после книгата се чувствував како да сум бил во Барселона и како да ја знам секоја уличка таму, а јас не сум бил никаде во Шпанија. Топло ја препорачувам на секој, не само неа туку и целиот серијал.
8. Малтерего: Рубиков стол - Марко Шелиќ Марчело 6/10
Интересно дело. Марчело е инаку рапер, лирички би рекол и најдобар на овие простори, книжевноста му е ист стил како што му се и песните. Иста страна од општеството критикува, исти проблеми опфаќа, ситуациите се реални од секојдневието. Ми фалеше моментот на доловување атмосфера и разработка на ликовите малку подетално.
9. Принцот на маглата - Карлос Руиз Зафон 5/10
Прва книга од првиот серијал на Зафон, наменет за тинејџери и млади читатели. Тука имаше многу повеќе фикција споредбено со другиот серијал, а јас не сакам фикција. Интересчно за читање на моменти, брзо и лесно се прочита, но не допре до мене книгата.
10. Полноќна палата - Карлос Руиз Зафон 5/10
Втората книга од споменатиот серијал. Исто мислење како за првата, дури уште повеќе беше опфатен делот фикција тука, до степен малку и да ми пречи.
11. Септемвриски светлини - Карлос Руиз Зафон 5.5/10
Трет дел од серијалот. Во првата половина немаше ништо фиктивно, само блага мистичност, добро се темпираше атмосферата, но во вториот дел имаше премногу брзо натрупани нереални моменти, кои не ми беа воопшто разработени, немав простор да се привикнам на атмосферата.
12. Марина - Карлос Руиз Зафон 9/10
Прекрасна книга, четврт дел од серијалот. Иако повеќе би рекол дека оваа книга припаѓа на другиот серијал, ликовите не се тие, но целата атмосфера и начинот на пишување е истиот како “Гробиштата на заборавените книги“. Книга која многу ме потресе, читањето беше лесно и забавно и покрај фикцијата која е застапена во овој серијал. Не бев спремен на крајот. Најтопла препорака на секој.
13. Степскиот волк - Херман Хесе 7/10
Гледам да избегнувам филозофски дела, бидејќи сакам книгата да ме опушти да влезам во некој нов свет и да се одморам од сегашниот. Но, почитувам дела кои го тераат човека да размислува, да размисли за своите постапки читајќи ја книгата, да извлече некоја поука и истата да му помогне за себенадоградување. Оваа е една таква книга, си извадив и некои цитати од неа, во кои гледам ликови од моето опкружување, па ми послужи како појдовна точка на подетална анализа. Читањето беше доста заморно, бараше поголема концентрација, често препрочитував некои делови, 200 страни, но доста исцрпија. Сепак вредат според мене и би ја препорачал на сите љубители на овој жанр.
14. За кого бијат камбаните - Ернест Хемингвеј 8/10
Целото дејствие ми беше бавно, 3 дена пролонгирани во 500+ страници, но одлично доловена атмосферата, вредеше “возењето“ за сите пари. Уживав во деталните описи и во случките од војната раскажани понекогаш со мала доза на хумор. Крајот е чисто ежење, особено муабетот за Мадрид. Ме потсети книгава на 107 епизода од мојата омилена серија “Los Serrano", кога во воведниот дел на епизодата Куро вика “Уживај во малите работи дур траат, бидејќи никогаш не знеш кога ќе престанат да траат“.
15. Старецот и морето и Избор раскази - Ернест Хемингвеј 7.5/10
Откако ја прочитав За кого бијат камбаните, посакав и второто негово најпознато дело “Старецот и морето“ да го прочитам. Во библиотеката ја имаше само во комбинација со Избор раскази, сама по себе книгата е кратка новела и се чита во еден ден. Искрено Старецот и морето беше интересна книга, со убава поента, која може да се примени и во секојдневието. Често ние сме истрајни и покажуваме цврст карактер да дојдеме до целта, а притоа многу повеќе сме изгубиле, отколку што сме добиле, па се поставува прашањето дали тој наш цврст карактер ни е доблест. Искрено во Избор раскази имаше некои раскази што беа на исто рамниште како Старецот и морето, дел може да се најдат на англиски на интернет (можете да побарате, да не ставам пиратерии), особено ми се допадна Педесетте илјади долари, кој на некој начин е и сличен во некои делов со Старецот и морето. Исто генијален ми беше “Ридови како бели слонови“, друго ниво на метафори во расказ, од втора го сфатив, среќа е краток и може без проблем да се прочита 2 пати.
16. Мостот на Дрина - Иво Андриќ 8/10
Малку сакав да одморам од Хемингвеј бидејќи тематиките и начинот на пишување на дел од расказите ми беа доста заморни или барем нерелаксирачки, но не дека преминав на нешто најрелаксирачко. Книгава ја доживеав на специфичен начин, бидејќи пред само неколку месеци бев да го посетат мостот на Дрина и Вишеград, низ описите се чувствував како да сум на самото лице место и да правам муабет со некој старешина дур шетаме низ улиците. Слично вакво чувство ми се има случено со книга на Донато Каризи после враќање од Рим. Целата историја на мостот, градот и народот од градењето на мостот до датумот кога Иво Андриќ ја напишал книгата, сите згоди и незгоди на селаните, сите интересни ситуации. Генерално секоја глава опишува некоја случка, но има ликови што се спомнати низ текот на целата книга. Луѓето, војските, елементарните непогодби се тоа прошло, мостот осанал како единствен сведок на се ова. Вака кога пишувам, се потсетив и на песната “Све пролази“ од Едо Мајка
17. Норвешка шума - Харуки Мураками 8/10
Ова беше релативно лесното четиво кое ми требаше. Ова ми е прва книга од Мураками, веројатно прва книга од јапонски автор воопшто. Книга која ја открива и негативната перспектива на животот во Јапонија. Лесно ми одеше читањето, доста несреќни ситуации, доста хумор, интересна ми беше секоја страница. Книгата е базирана на животот и авантурите на момче кое живее во студентски дом, кое сака да се пронајде себеси, а по патот постојано се соочува со загуби.
18. Кафка на брегот - Харуки Мураками 7.5/10
Ова дефинитивно беше едно поразлично патување од “Норвешка шума“, иако имаше заеднички елементи, како што е тоа што главен лик е младо момче, патувања далеку од дома, шуми, сексуални фантазии, слободни спонтани женски ликови, но сепак има премногу фантазија која што не постоеше во “Норвешка шума“. Јас не сум фан на фантазии, но оваа не ми пречеше. Моментот со превртување на каменот, влагање во нов свет, патување во димензии и немање перцепција на време ми беше микс од Хари Потер и Interstellar. Ми се допаѓа на крај што секој си го наоѓа својот мир на еден или друг начин, некој преку живот, некој преку смртта.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.718
Поени од реакции
36.575
17. Норвешка шума - Харуки Мураками 8/10
Ова беше релативно лесното четиво кое ми требаше. Ова ми е прва книга од Мураками, веројатно прва книга од јапонски автор воопшто. Книга која ја открива и негативната перспектива на животот во Јапонија. Лесно ми одеше читањето, доста несреќни ситуации, доста хумор, интересна ми беше секоја страница. Книгата е базирана на животот и авантурите на момче кое живее во студентски дом, кое сака да се пронајде себеси, а по патот постојано се соочува со загуби.
18. Кафка на брегот - Харуки Мураками 7.5/10
Ова дефинитивно беше едно поразлично патување од “Норвешка шума“, иако имаше заеднички елементи, како што е тоа што главен лик е младо момче, патувања далеку од дома, шуми, сексуални фантазии, слободни спонтани женски ликови, но сепак има премногу фантазија која што не постоеше во “Норвешка шума“. Јас не сум фан на фантазии, но оваа не ми пречеше. Моментот со превртување на каменот, влагање во нов свет, патување во димензии и немање перцепција на време ми беше микс од Хари Потер и Interstellar. Ми се допаѓа на крај што секој си го наоѓа својот мир на еден или друг начин, некој преку живот, некој преку смртта.
Ако сакаш нешто слично на „Норвешка шума“ од Мураками, земи ја „Безбојниот Цукуру Тазаки и неговите години на аџилак“ - исто одлична. Слична тематика е и „Јужно од границата, западно од сонцето“ ама мене таа не ми се допадна толку.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom