- Член од
- 14 февруари 2009
- Мислења
- 495
- Поени од реакции
- 1.701
Знам дека е помината годината, само немав време а и не ми текна да ги додадам уште двете прочитани книги во 2024та година.4. 12 Rules for Life - Jordan Peterson
5. Global Economic History A Very Short Introduction - Robert C. Allen - Оваа книга не сакав да ја ставам тука, ама ја читав подолго од планираното дека е обемна со податоци и доста корисна за некој што не учел економија.
6. No More Mr. Nice Guy - Robert A. Glover
7. Пиреј - Петре М. Андреевски
8. Браќата Карамазови - Фјодор Достоевски - Оваа книга дека е подолга, самиот си ја сметам за 2-3 книги во големина. Многу тешка книга, што ќе треба сигурно уште 2-3 пати да ја прочитам, ама следно на англиски.
Наредна ми е The 48 Laws of Power by Robert Greene, ама не знам дали ќе ја прочитам оваа година.
П.с. Имам kindle paperwhite од 2017 година и одлично си работи. Сакам да го земам новиот модел, со поголем екран, Usb C, дрн дрн јариња. Дали некој го има земено новиот модел да пиши некој збор тука ? Знам дека не е темата за киндл, ама поврзана е.
@Zlatikevichius , дали се важи вака или не, сеедно, моја грешка е ова, сакав на 2ри или 3ти јануари да ги пишам тука, ама веќе форумот го имаа на мајстор однесено.
9. The 48 Laws of Power by Robert Greene - Овие книги со листа на правила за ова она мене лично ми се многу одбивни, ама ги читам дека се популарни и дека скоро секаде се спомнати, па си реков да си поминам од редот. За скоро се има книга со листа на правила, уште за во wc одење нема некој напишано некоја книга со правила.
10. Човековата потрага по смисла од Виктор Франкл - Баш како што е и кажано за книгата дека е една од десетте книги што има извршено најголемо влијание врз читателите во светот. Не сум голем читател на книги, ама би можел да се сложам со ова. Мене ми беше одлична.