Проблеми... Секојдевна тема. Проблем ваму- проблем таму... Доцниш на работа, ти снемало пари, колегата те нервира, љубовта можеби те изневерува. Едноставни и прости, а комплицирани и тешки. Има ли спас од ова секојдневие? Би бил ли светот по едноставно место ако ги нема. А решението е едно ќе ви кажат сите- КОМУНИКАЦИЈАТА била лекот.
Ахам, да. Ај те молам оди кажи му на колегата да не го остава бирото целото во неред зошто не си му чистачка или мајка да му чистиш по него... И да му кажеш проблемот нема да се реши- ќе се влоши. Кажи му те молам на таксистот да те одведе до работа, ама ќе му платиш другпат. Кажи му на партнерот дека мислиш дека те иневерува. Кажи им на тие од банка да се стрпат зза ратата од кредитната....
Што од ова ќе помогне? Така е, ништо!
Епа како тогаш комуникацијата е лекот? Лекот е да се излечи нели, а не да се влоши.
Хипотетички да речеме (што не верувам) дека постои добра и лоша комуникација. Ахам, ок. Ајде да речеме дека ќе почнеме со добрата, зошто лошата веќе ја посочивме, нели, плескање во фаца гола вистина. И тоа не пали, односно пали ама во спротивна насока. Што ќе биде тогаш добра комуникација? Завиена, убаво кажана вистина, со доза на големо внимание некој да не се навреди. Ок.
Драг партнеру, јас многу те сакам. Ама знаеш, деновиве некако си ми замислен, постојано го проверуваш телефонот, делуваш незаинтереирано, си посветуваш премногу внимание на себеси за разлика од порано, а сексот ни е значително намален, да не речам го снема. Дали можеби во последно време си решил да се освежуваш надвор од нашата врска?
Резултатот... ИСТ. Можеби и полош. Овде може ситуацијата да ја изгуби контролата, па на крај замисли и ти да излезеш виновен, зошто не си директен и го шеташ човеков по полица. Може и да бидеш сфатен како лош шегаџија, па наместо да го решиш проблемот, соочувањето да го одложиш за понатаму. Во најлош случај може да ти се изнасмее во фаца и да те потапша по рамо, као – добра ти е оваа J
Епа како тогаш да се решиш од проблемот. Игнорирањето повторно нема да донесе резултати. Или ќе донесе, ама малку подоцна, и повторно ќе бидат во иста насока...
Што човек да направи? Како да се реши? Како да спие навечер мирно или да стане наутро освежено? Кој го има одговорот? М?
Како и да е, по исцрпувањето на сите опции и можности околу решавање на проблемот со комуникацијата, на крајот доаѓа најтажната фаза. Самосожалувањето и самозалажувањето.
Не, нема да ме забележат денес дека доцнам 20 мин. Па што се 20 мин? И онака не сум закаснила... оваа недела. Добро де, и да забележат, ќе речат, кај доцни, па уште да и кажеме... си знае ај, ќе сфати... Може и ќе им текне дека имав вчера гости до доцна па ќе ме изигнорираат. Ќе речат ај греота е, битно стигна на работа. На крајот па и Ана доцнеше лани во Септември два пати. Неа никој ништо не и рече....
Проблемот се уште не е решен. Ме доведува до работ на лудилото што на крајот треба да си признаеш дека грешката е твоја, неважно дали шоферот застанал да си купи за јадење, автобусот доцнел, газдата не пуштил плата навремено, си се здебелил или партнерот навистина те изневерува. Жално, жално, понекогаш и вистинито....
Дури и да побараш совет од друг, пријател, психијатар, колешка- одговорот е ист- треба да почнеш од себеси. Кога ти ќе се смениш и другите ќе се сменат...
Единствено после се ти преостанува можеби и да поверуваш во истото... L