Катче за инспирација - мудри/поучни/мотивирачки текстови

Член од
15 април 2009
Мислења
130
Поени од реакции
37
Браво !

> ŽIVOTOT E
> POKLON
> I DENES:
> Pred nesto da
> kažeš nekoj los zbor - Pomisli na onie koi ne mozat da
> zboruvaat.
> Pred bilo za što da
> počneš da se žalis, na vkusot na hranata - Pomisli na onie koi nemaaat
> ništo za jedenje.
> Pred da se
> požališ na svojot muž ili žena - Pomisli na onie koi go
> molat Boga da im podari sopatnik.
> Pred da se požališ na životot
> - Pomisli na onie koi umrele prerano.
> Pred da se
> požalis na svoite deca - Pomisli na onie koi sakaat deca no
> nikogas nema da imaat.
> Pred da
> počneš da se raspravas so nekoj koj ne ja isčistil ili sredil kukata -
> Seti se onie luge koi živeat na
> ulica.
> Pred da pocnes da sežalis za dolzinata na patot koj moraš da go pomines vozejki
> - Seti se onie koi istata taa odalecenost odat so svoite
> noze.
> I
> kaga si umoren i se
> žališ na svojata rabota - Seti se na nezaposlenite, invalidite,
> onie koi bi dale se da ja imaat tvojata rabota.
> I pred da
> pomisliš da go vperiš prstot vo nekoj i počneš da go osuduvas
> - Seti se da nikoj od nas nije
> bezgrešen.
> I
> koga
> loši misli
> počnat da te frlaat vo depresija - Ti stavi si nasmevka na svoeto lice i
> pomisli:
> Ja sum živ i seuste sum
> tuka ! ============
 
Член од
18 август 2008
Мислења
680
Поени од реакции
33
Жената е рај за очи,пекол за душа,чистилиште за џеб.


:pos2::pos2::pos2:

Еве уште нешто - По Индиските улици оделе татко и син.Тие биле сиромашни и не доаѓале во контакт со богатиот свет,туку живееле изолирано.Еднаш таткото го повел синот во град,и синот пред еден излог здогледал чевли.Побарал да му бидат купени,но заради немаштијата, татко му не можел тоа да го дозволи.Синот почнал да плаче и липа.
Татко му,во еден момент се свртел кон него и му рекол да погледне позади себе.Синот се свртел и видел инвалид кој немал нозе и просел на улицата.
Тогаш ја научил првата лекција - да биде задоволен со тоа што го има.
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Мислам дека оваа е многу позната ама за секој случај ке се најде некој што не ја чул

На час по филозофија професорот решава да им пренесе на своите студенти поука на креативен начин.
професорот доаѓа на час и од под катедрата вади кутија и од неа вади голема, стаклена тегла.Во теглата става неколку тениски топчиња и ги прасува своите ученици дали теглата е полна
тие едногласно му одговараат дека е.
потоа во теглата става ситни камчиња кои се провираат помеѓу тениските топчиња и ја исполнуваат повеќе теглата
професорот пофторно прашува дали теглата е исполнета и повторно го добива истиот одговор. потоа вади кутија со песок и ја истура во теглата и песокта како најситна се провира и наоѓа простор во теглата. Повторно го поставува истото прашање и повторно добива потврден одговор. На крајот вади две шолји со кафе и ги истура во теглата. кога веќе по 4 пат го поставува истото прашање ,,Дали теглата е полна,, учениците збунето гледаат во професорот чекајки објаснување.
А објаснувањето што го добиле е:
,,Теглата е вашиот живот (сечиј живот). Тенискитетопчиња во теглата се големите работи во животот Среќата, Семејството, Љубовта.........
камчињата се помали работи како Роднините, Пријателите, Работата..........
а Песокта се оние сосем ситни обврски и грижи
кои ни се случуваат секојдневно. Па така ако си го исполниме животот со ,,песок,, ке немаме место во него за вистински важните работи т.е. тениските топчиња.,,
Кога завршил со излагањето една студентка го прашала професорот што трба да претставуваат шолјите со кафе.
Професорот се насмевнал и и одговорил
,,Мило ми е што прашавте колешке. Тие значат дека колку и да е исполнет вашиот живот секогаш има место за по една шолја кафе со пријателите,,:cheeky1:
 

Џ.

Ќутам на различни теми!
Член од
14 јули 2007
Мислења
868
Поени од реакции
183
Поголемиот број од луѓето се будат заспани. Се раѓаат заспани, живеат заспани, се женат и се мажат заспани, ги одгледуваат децата заспани, умираат заспани, никогаш не будејќи се вистински. Никогаш не успеваат да ја разберат убавината и чудесноста на тоа што го нарекуваме човечка егзистенција.
Сите мистичари на светов, без оглед на нивната религија или филозофија, се согласуваат во едно: дека се е добро, се е добро. Дури и ако царува хаос, се е добро. Тоа е, се разбира, парадокс.
Сепак, поголемиот дел од луѓето никогаш не успеваат да разберат дека се е добро затоа што се потонати во сон. Живеат во кошмар.
Еден човек тропна на вратата од собата на својот син.
,,Чарли" , вика, ,,разбуди се!" ,,Не сакам да станам, тато" му одговори Чарли. Таткото вика: ,,Станувај, мораш да одиш на училиште" ,,Не сакам да одам на училиште", вели Чарли. Таткото го прашува: ,,А зошто не сакаш?" ,,Поради три причини", вели Чарли. ,,Како прво, на училиште ми е здодевно, второ учениците ми се потсмеваат, а трето го мразам училиштето". Таткото му одговара: ,,Добро сега јас ќе ти кажам три причини поради кои мораш да одиш на училиште: прво тоа е твоја должност, второ затоа што имаш четириесет и пет години, а трето затоа што си директор".
Разбудете се! Разбудете се! Возрасни сте. Не сте веќе мали за да спиете. Разбудете се! Престанете да се забавувате со своите играчки.
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Alexandra,go citas gledam de Melo,bravo.Budenje mnogu me prosvetli,a i site knigi od de Melo.:)
 

Џ.

Ќутам на различни теми!
Член од
14 јули 2007
Мислења
868
Поени од реакции
183
Најди време за набљудување - тоа е извор на силата.
Најди време за смеење - тоа е музика на душата.
Најди време за играње - тоа е тајната на младоста.
Најди време за љубов - тоа е плод на милоста.
Најди време за дарување - тоа е победа на љубовта
Најди време за читање - тоа е извор на мудроста.
Најди време за дружење - тоа е патот на блаженството.
Најди време за работа - тоа е цената на иднината.
Најди време за добри дела - тие се клучот на вечноста.


Живото е можност. Прифати ја
Живото е убавина - восхитувај и се.
Живото е блаженство - уживај го.
Живото е сон - оствари го.
Живото е предизвик - соочи се со него.
Живото е задача - исполни ја
Живото е игра - играј си.
Живото е скапоценост - чувај ја.
Живото е ветување - исполни го.
Живото е жалост - преброди ја.
Живото е борба - бори се.
Живото е трагедија - ублажи ја.
Живото е авантура - разоткриј ја.
Живото е е задоволство - заслужи го.
Живото е живот - брани го.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.631
Поени од реакции
34.020
Only as high, as you reach can you grow.
Only as far, as you seek can you go.
Only as deep, as you look can you see.
Only as much, as you dream can you be.

:kesa:
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
Би сакала да научам да владеам со себе и посекоја цена да истраам на добриот пат. Секогаш , а особено за време на болест, да го сочувам ведриот дух; да го успокојам својот карактер со убавата мешавина од љубезност и достоинство. Да можам, без мака и без негодување да ги вршам своите должности ,да го кажувам тоа што го мислам и сите да имаат голема доверба во мене. Да не се восхитувам на нештата и ништо да не може да ме исфрли од рамнотежа,никаде да не брзам и да не се колебам, ниту да бидам во неприлика или очај. Никогаш да не ја истакнувам својата љубезност или нељубезност, да не се лутам и да не бидам сомничава. Да простувам и бидам вистинољубител никој да не се почувствува презрен од мене и да се однесувам одмерено .
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Кога претседателот на САД , Абрахам Линколн пред повеќе од еден и пол век, во 1854 год, понудил државата да купи голем дел од индијанската земја, а на индијанскиот народ му понудил резерват, на таа понуда добил одговор од поглавицата на племето Сиетл. Ова писмо се вбројува меѓу најдлабоките и најубавите мисли кои некогаш се изречени за човековата околина.



Кога Големиот поглавица од Вашингтон го испраќа својот глас дека сака да ја купи нашата земја, од нас бара премногу. Како може да се купи или продаде Небото, топлината на Земјата? Таа идеја нам ни е туѓа. Ние не сме сопственици на свежиот воздух и бистрата вода. Ако ние не го поседуваме свежиот воздух и бистрата вода, како вие тоа можете да го купите?
Секој дел од оваа Земја е свет за мојот народ.
Секоја блескава борова игличка, секое зрно на песокот на речното корито, секоја метличка во темнината на шумата, свети во мислите и искуството на мојот народ. Соковите кои течат низ дрвјата го носат сеќавањето на црвениот човек. Кога мртвите белолики одат на прошетка меѓу ѕвездите, ја забораваат Земјата која им го дала животот. Нашите мртви никогаш не ја забораваат оваа убава земја, бидејќи таа е мајка на црвениот човек. Ние сме дел од земјата и таа е дел од нас! Миризливите цвеќиња се нашите сестри; еленот, коњот, големиот орел, сите тие се наши браќа. Стеновитите врвови, сочните пасишта, топлината на телото на понито и човекот – сите и припаѓаат на истата фамилија.

Така, кога Големиот поглавица од Вашингтон испраќа глас дека сака да ја купи нашата земја - бара премногу од нас. Големиот поглавица порачува дека ќе ни најде место на кое убаво ќе живееме. Тој ќе ни биде татко, а ние негови деца.
Ние ќе ја разгледаме вашата понуда да ја купите нашата земја.
Но, тоа нема да биде лесно!
Оваа земја нам ни е света.
Оваа сјајна вода што тече низ брзаците на нашите реки не е само вода, туку и крвта на нашите предци. Ако ви ја продадеме земјата, ќе морате да се сетите дека тоа е свето и морате да ги учите вашите деца дека тоа е свето и дека во секој одраз во бистрата вода на езерата ги раскажува случувањата и сеќавањата на мојот народ. Жуборот на водата е гласот на таткото на мојот татко. Реките се нашите браќа, а тие ни ја гасат жедта. Реките ги носат нашите кануа и ги хранат нашите деца. Ако ви ја продадеме нашата земја, морате да се сетите и да ги учите нашите деца дека реките се наши и ваши браќа, и отсега, морате на реките да им пружите добрина каква би сте пружиле на секој брат.

Ние знаеме дека белиот човек не го разбира нашиот живот.

Нему еден дел од Земјата му е како кој било друг, зашто тој е странец што доаѓа ноќе и зема од Земјата сé што сака. Земјата не е негов брат, туку негов непријател, и кога ќе ја покори тој продолжува понатаму. Ги остава зад себе гробовите на своите татковци и не му е грижа. Тој ја одзема земјата од своите деца и не му е грижа. Гробовите на неговите предци и земјата што му ги роди децата остануваат заборавени. Спрема Мајката-Земја и спрема братот-небото се однесува како да се тоа работи кои можат да се купат, ограбат, продадат како стадо или сјаен накит. Неговата алчност ќе ја проголта земјата и ќе остави само пустош.
Не знам!

Нашиот начин е поинаков од вашиот.
На црвениот човек го болат очите од погледот на вашите градови. Можеби е тоа затоа што црвениот човек е див и не разбира. Нема мирно место во градовите на белиот човек. Нема место каде би се слушнало отворањето на лисјата во пролет или треперењето на крилцата на мушичката. Можеби е тоа затоа што јас сум див и не разбирам. Бучавата ми ги навредува ушите. Што е животот ако човекот не може да го чуе осамениот крик на козорогот или ноќното крекање на жабите во барата?
Јас сум црвен човек и не разбирам.

Индијанецот повеќе го сака благиот звук на ветерот кога си поигрува со површината на мочуриштето, мирисот на воздухот освежен со пладневниот дожд или намирисан со боровинка. Воздухот е скапоцен за црвениот човек, зашто сé што е живо го дели истиот здив – животното, дрвото, човекот. Белиот човек делува како да не го забележува воздухот што го вдишува. Како човек кој умира многу денови, така и белиот човек отапел на смрдеата. Ако ви ја продадеме земјата, морате да се сетите дека воздухот е скапоцен за нас, дека воздухот го дели својот дух со целиот живот кој го поддржува. Ветерот што на мојот дедо му го даде првиот здив, исто така ќе го прифати и неговиот последен здив.

Ако ви ја продадеме нашата земја, морате да ја чувате како нешто најскапоцено, како место каде белиот човек ќе може да го вкуси ветерот засладен со мирисот на полските цвеќиња.
Така ќе ја разгледаме вашата понуда да ја купите нашата земја. Ако одлучиме да прифатиме, ќе поставам еден услов:
Белиот човек ќе мора да се однесува спрема животните на оваа земја како кон свои браќа.

Јас сум див и не разбирам друг начин.
Видов илјадници бизони кои се распаѓаат во преријата, што ги оставил белиот човек застрелувајќи ги од возот кој минува. Јас сум дивјак и не разбирам како димечкиот метален коњ може да биде поважен од бизонот, кога ние убиваме само за да останеме живи. Што е човекот без животните?

Кога би исчезнале животните човекот би умрел од осаменоста на духот. Она што ќе им се случи на животните, набргу ќе му се случи и на човекот. Сите работи се меѓусебно поврзани.

Морате да ги научите своите деца дека тлото под нивните стапки е пепелта на нивните дедовци. За да ја почитуваат земјата, кажете им на вашите деца дека земјата со нас е во сродство. Учете ги вашите деца како што правиме ние со нашите, дека земјата е наша мајка ... Што и да ја снајде неа, ќе ги снајде и синовите на земјата.
Ако човекот плука на тлото, тој плука на самиот себе.
Тоа ние го знаеме:
Земјата не му припаѓа на човекот; човекот и припаѓа на земјата!
Тоа ние го знаеме. Сите работи се поврзани, како крвта што го обединува семејството. Што и да ја снајде земјата, ќе ги снајде и синовите на земјата. Човекот не го ткае ткивото/предивото на животот; тој е само нишка во него. Што прави со предивото, тоа си го прави самиот себеси.

Дури и белиот човек, чиј Бог говори и шета со него како пријател со пријател, не може да биде исклучен од заедничката судбина. После сé, ние можеме да бидеме браќа. Ќе видиме. Знаеме една работа, која белиот човек еден ден ќе ја открие – нашиот Бог е истиот Бог. Вие сега можете да мислите дека вие Го имате, како што сакате да ја имате нашата земја; но, тоа не можете. Тој е Бог на луѓето и Неговата сомилост е еднаква и за црвениот и за белиот човек.

Таа земја Нему Му е драга, а да и се штети на земјата е презирање на нејзиниот Создател. На белите луѓе им треба и премин; можеби побргу отколку на сите други племиња. Ако го онечистите вашиот кревет, една ноќ ќе се загушите во сопствениот смет. Во своето настојување ќе горите во огнот на Богот што Ве довел наваму и со некои необјаснети намери Ви дал власт над оваа земја и над Црвениот човек.
Судбината е мистерија за нас, затоа што ние не знаеме кога сите бизони ќе бидат заклани и дивите коњи припитомени, зошто во длабочината на шумата има толку човекова смрдеа...

Каде е еленот, дабарот?

Каде се?

Ги нема повеќе.
Каде е орелот?
Одлета . . .

Вистинскиот живот заврши.

Почнува борбата за преживување!
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
Некој е спремен веднаш да бара благодарност,ако некому направил услуга. Друг пак ,не мисли на тоа и смета дека неговиот близок му е должник и добро знае што тој направил за него. Некој трет не е свесен за ништо од тоа ,туку е сличен на лоза ,која откако ќе роди грозје не бара / очекува ништо повеќе. Оној што направил добро дело не мисли многу на тоа туку се труди да направи друго,како што лозата повторно раѓа грозд.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Бидејќи стварно е бесцелно да го пишувам текстот од видеово, решив да го ставам целото видео, па вие, фокусирајте се само на текстот. Кој е дефинитивно дидактичен и изведен од сопствено искуство на нараторот.
http://www.ted.com/talks/richard_st_john_success_is_a_continuous_journey.html
На странава можете да најдете повеќе поучни видеа, под насловот ,,Ако имате малку време, а сакате да се инспирирате".:smir:
 

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
„Еден човек нашол орлово јајце и го ставил под една кокошка. Орелот излегол како и останатите пилиња и пораснал со нив. Целиот живот орелот го поминал работејќи што и кокошките во дворот, мислејќи дека е еден од нив. Клукал наоколу во потрага на бубачки и глисти, кокодакал и ширејќи ги крилата се издигнал некоја педа над земјата.

Поминале години и орелот остарел. Еден ден погледнал во висината, на ведрото небо, чудесна птица со моќни раширени крила, како лебди над ветрот. Стариот орел заблуден гледал кон висината над него.

Што е тоа? – прашал.
Тоа е орел, крал на птиците, – му рекла една од кокошките. – Тој припаѓа на небото, а ние кокошките припаѓаме тука на земјата.
И така орелот умрел меѓу кокошките, не знаејќи кој е.“

__________

„Едно дете шетало покрај река и видело женски крокодил уловен во мрежа.

Те молам смилувај се и ослободи ме, – му се обратил женскиот крокодил. – Знам дека сум грда, но не сум јас крива. Таква сум родена. Во мене чука мајчинско срце. Дојдов тука да најдам храна за своите деца и се најдов заробена во оваа мрежа.
Ако те ослободам, ти ќе ме дограбеш и убиеш, – одговорило детето.
Зарем можам да го сторам тоа на својот спасител, – му возвратила жената крокодил.
Детето потоа ја ослободило, а таа го зграпчила со забите.

Тоа ли е благодарност за моето добро дело, – викнало детето.
Немој да го сватиш ова премногу лично, мали мој. Но, таков е животот, тоа е законот на животот, прашај кого сакаш.“
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
There are only four questions of value in life, Don Octavio.

What is sacred?
Of what is the spirit made?
What is worth living for, and what is worth dying for?

The answer to each is the same: only love.

~oд филмот "Don Juan DeMarco"~
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Беше тоа некогаш оддамна

Еднаш оддамна,сите човечки чувства и квалитети се нашле на едно скриено место на земјата.
Кога зевала ДОСАДАТА, ЛУДОСТА секогаш така луда предложила:
"Ајде да играме криенка!Кој најдобро ќе се сокрие,тој е победник меѓу чувствата"
ИНТРИГАТА се сложила,а РАДОЗНАЛОСТА не можела да премолчи и прашала:"Криенка?Каква е таа игра?"
"Тое е една игра во која јас ќе ги покријам очите и ќе бројам до 1000000,додека сите вие не се сокриете и кога ќе завршам со броење ќе појдам во потрага и кого последен ќе пронајдам тој е победник,рекла ЛУДОСТА"

ЕНТУЗИЈАЗМОТ заиграл,го следело ВООДУШЕВУВАЊЕТО,а СРЕЌАТА сакала да ги наговори на игра СОМНИТЕЛНОСТА и АПАТИЈАТА бидејќи нив никогаш ништо не ги интересира.
Но не сакале сите да играат.
ВИСТИНАТА била против криење,а и зошто би се криела?И така сите на крајот ја наоѓаат.
ГОРДОСТА мислела дека е тоа глупава идеја,иако вистински ја мачело тоа што таа не се сетила да предложи игра.
ВНИМАТЕЛНОСТА не сакала да ризикува.

"Еден,два три..." почнала да брои ЛУДОСТА.
Прва се сокрила МРЗЛИВОСТА која како и секогаш,само се задскрила зад првиот камен.
ВЕРБАТА се искачила на небо,ЗАВИСТА се скрила во сенката на УСПЕХОТ кој мачејќи се се искачил на врвот на највисокото дрво.
ВЕЛИКОДУШНОСТА никако не можела да одлучи каде да се сокрие,бидејќи секое место и изгледало совршено за некој од нејзините пријатели.
УБАВИНАТА скокнала во кристално чисто езеро,а СРАМЕЖЛИВОСТА се протнала низ пукнатините на дрвото.
МИРОТ го нашол своето место во летот на пеперутката,а СЛОБОДАТА во движењето на ветерот.
СЕБИЧНОСТА нашла место за криење,ама само за себе
ЛАГАТА се сокрила во најдолгиот крај(била на дното на океанот),ЛАКОМОСТА и СТРАСТА во кратерот на вулканот,а
ЗАБОРАВОТ заборавил да се сокрие.

Кога ЛУДОСТА избројала 999.999 ЉУБОВТА сеуште немала најдено место за криење,бидејќи се било зафатено.Ги погледнала розите,скокнала во нив и се прекрила со прекрасните латици.
"Милион" извикала ЛУДОСТА и ја започнала потрагата.Прво ја пронашла МРЗЛИВОСТА зад првиот камен.Набрзо ја слушнала ВЕРБАТА како се расправа со Бог околу теологија,а СТРАСТА и ЛАКОМОСТА излегле од кратерот од СТРАВ.
Тука случајно се нашла ЗАВИСТА и секако УСПЕХОТ,а СЕБИЧНОСТА не ни требало да ја бара.Сама излетела од своето совршено скривалиште,кое всушност било осило.
Од толку барање ЛУДОСТА ожеднела и така во кристалното езеро ја нашла УБАВИНАТА.Со СОМНЕВАЊЕТО и било полесно затоа што тоа останало на каменот неможејќи да се одлучи каде да се сокрие.
Така ЛУДОСТА ги нашла речиси сите.
ТАЛЕНТОТ во златните листови пченка,ТЕШКОТИЈАТА во изгорената трева,ЛАГАТА во најдолгиот крај,а ЗАБОРАВОТ заборавил и дека воопшто играле игра.

Само ЉУБОВТА не можела никаде да ја пронајде.
Ја пребарала секоја грмушка и секој врв на планината и кога се разбеснела ги здогледала розите.
Влегла меѓу розите,земала сува гранка и бесна и изнемоштена почнала да удира по прекрасните рози.
Одеднаш се слушнал извик на болка.Трњата од розите и ги изгребале очите на ЉУБОВТА.
ЛУДОСТА не знаела што да прави.
Го нашла ПРОСТУВАЊЕТО,чувство над чувствата,но ЉУБОВТА веќе била слепа.
Плачела и ја ЉУБОВТА да и прости.,но на крај одлучила засекогаш да остане со неа и да и помага.

Така ЉУБОВТА станала ПОБЕДНИК над чувствата,но останала слепа,а ЛУДОСТА ја прати каде и да оди.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Среќа...


Се убедуваме сами себе дека животот би бил подобар кога ќе стапиме во брак,ќе добиеме дете,па уште едно дете....Па сме исфрустрирани затоа што децата не се доволно големи и ќе бидеме задоволни кога ќе пораснат.После тоа,исфрустрирани сме зошто немаме работа,сигурно би биле посреќни кога би имале.Си велиме дека животот би ни бил комплетен кога нашит партнер ќе се опамети,кога ќе купиме убава кола,кога ќе бидеме во можност да отидеме на убаво патување.
Правата вистина е дека не постои подобар момент за среќа од овој момент.Ако не сега,кога?Твојот живот секогаш ќе биде исполнет со тешкотии.

Најдобро е тоа да си го признаеш на себе и секако да одлучиш да бидеш среќен.Среќата е правиот пат.Затоа чувај го секој момент кој го имаш и чувај го уште повеќе затоа што си го поделил со некој посебен,доволно посебен да би поминувал време со него.....и запомни дека времето никого не чека.

Затоа престани да чекаш...
Да ја отплатиш колата
Да купиш нова куќа или автпмобил
Да продолжиш да студираш
Да ги завршиш студиите
Да изгубиш 10 кг
Да се здебелиш 10 кг
Да се ожениш/омажиш
Да добиеш деца
Да дојде лето
Да дојде пролет
Да дојде зима
Да дојде есен

Нема подобар момент за среќа од овој.Среќата е пат,а не цел.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom