Катче за инспирација - мудри/поучни/мотивирачки текстови

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
3. Еден човек бил прогонуван од тигар. На самиот раб од провалијата се лизнал, но сепак некако успеал да се фати за гранката која "никнала" меѓу карпите. Погледнал нагоре и видел како тигарот го набљудува одозгора: за враќање не станувало збор.
Погледнал надолу и видел дупка длабока неколку стотини метри. Тогаш, покрај своето рамо видел зрели капинки. Скинал една и ја ставил в уста!
- Колку прекрасен вкус!
Во тој момент човекот научил да ја живее сегашноста, што е единствен вистински начин на живот.


4. Некој патник престојувал во некое село во Јужна Африка и ги видел децата на поглаварот на племето како играат џамлии. Бил шокиран кога видел дека тие играат со дијаманти. Кога го прашал поглаварот дали може да добие некоја од овие џамлии во замена за тутун, овој му одговорил:
- Овде од тоа имаме колку сакаш, би била измама кога би зел тутун, но ќе прифатам што и да ми понудиш.


5. Еден јапонски војсководец го заробиле непријателите и го фрлиле в ќелија. Знаел дека следниот ден ќе го мачат. Не можел да заспие; одел горе-долу по ќелијата, мислејќи на смртта. Наеднаш, дошол до следниот заклучок:
- Кога ќе ме мачат? Утре. Но, утре не е реално; тоа е она што ми го зборува учителот на зенот!
Кога конечно го сфатил тоа, се заморил и заспал. Кога сфатил дека тоа "сега" е единственото реално нешто, конечно заспал. Бил во затвор, но тогаш станал слободен човек. Непријателите на нашата слобода не се однадвор, тие се во нас.
Noviot Den,De Mello...:),prekrasna kniga,kako i site ostanati od nego...:smir:
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Вака, малку да ви појаснам за што се работи. Ова е цитат од член на еден форум на позната игра кај нас Conquer. Муабетот е за фрлање пари за компјутерски игри, типот едноставно ме воодушеви со неговото мислење.

I throw money away on marijuana and booze.
I have a lot of fun getting drunk and high.
Once my weed and liquor is gone, I have nothing tangible to show for all that money spent on getting drunk and high.
Conquer is a game and a game is a luxury. Drugs and alcohol are also luxuries. and so are hookers.
so spending money on luxury = temporary happiness.
since Co is an mmorpg, it mocks certain real world things like society and economy. If conquer is a big part of your social life, I encourage spending money on it to achieve your temporary happiness. (in the long run you will also save your liver and lungs, and possibly contract a few less STDs xD)
I'm a lvl 128 nonrb trojan who has a sign-up date in early 2006. I have only 178 potency. Conquer obviously isn't a big part of my life, but it is a fun thing to do with my spare time.
Money spent on Co in 2 and a half years = $0
Money spent on weed and booze in the past 2 years and a half years = ~$8,000.
either way i'm gonna die in 40 years, assuming i don't get hit by a bus tomorrow, and another 50 years after that nobody is going to remember my name, nevermind any of my accomplishments.
however i'm glad i'm gonna have stories about wild raging parties and mysterious hookers to tell my kids and grandkids instead of how my guild pwned another guild on the internets xD hell, when our grandkids are old enough to drink, beer will probably be digital. assuming we aren't in nuclear winter. =B


Знам, на англиски е..оние кој не играат игри нека не се замараат да читаат, за другите е обавезно.

Хинтс: Co - Conquer Online
Trojan - Карактер во играта, раса.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Да се самоцитирам:
Извинете што е на англиски, али така го најдов, а преубаво е, морам да го цитирам.

[FONT=&quot]One day . . . a wealthy family man took his son on a trip to the country, so he could have his son see how poor country people live. [/FONT]
[FONT=&quot]They stayed one day and one night in the home of a very humble farmer. At the end of the trip, and when they were back home, the father asked his son, "What did you think of the trip?" [/FONT]
[FONT=&quot]The son replied, "Very nice dad." [/FONT]
[FONT=&quot]Then the father asked his son, "Did you notice how poor they were?" [/FONT]
[FONT=&quot]The son replied, "Yes." [/FONT]
[FONT=&quot]The father continued asking, "What did you learn?" [/FONT]
[FONT=&quot]The son responded, "I learned that we have one dog in our house, and they have four. [/FONT]
[FONT=&quot]Also, we have a fountain in our garden, but they have a stream that has no end. [/FONT]
[FONT=&quot]And we have imported lamps in our garden . . . where they have the stars! [/FONT]
[FONT=&quot]And our garden goes to the edge of our property. But they have the entire horizon as their back yard!" [/FONT]
[FONT=&quot]At the end of the son's reply the father was speechless. [/FONT]
[FONT=&quot]His son then said, "Thank you dad for showing me how poor we really are." [/FONT]
[FONT=&quot]Isn't it true that all depends on the lens you use to see life? [/FONT]
[FONT=&quot]One can ask himself what would happen if we give thanks for what we have instead of always asking for more. [/FONT]
[FONT=&quot]Learn to appreciate what you have. Wealth is all in one's point of view. [/FONT]
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
...За мене е најважно човекот да биде човек,отколку светец. Лесно е да се биде боженствен,гуру или било што посебно,но не е лесно да се биде човек.
Тешко е да се дава, најтешко е да се разбере. Човекот е дојден до точка од која сваќа дека е неспособен да ја оствари својата основна човечност. Ако човекот е во состојба да биде човек, тој мора да убие се во себе. Пред да може да се свири на флејта од бамбус , бамбусот мора да се издлаби! Вие такам ора да се испразните.
Морате да бидете во состојба да ги поднесете поразите, критиката и да живеете со страстите. Мора да престанете со стравувањата, да бидете спремни да ве прогонуваат и отфрлаат.
Не смеете да очекувате да бидете сакани или почитувани:тоа е императив
Свами Сатијананда Сарасвати
 
P

Polaroid vanity

Гостин
На едно предавање на некој професор(кој инаку бил многу значаен) дошле повеќе од илјада луѓе.Предавањето било закажано за во 14:00 часот,но професорот дошол дури во 18:00 по цели изминати 4 часа.За тоа време си отишле половина и повеќе луге.Меѓутоа кога тој се појавил бил во пијана состојба,при што било повод да си заминат уште луѓе,и останале само 100-тина.Професорот почнал да и зборува секакви нешта на една убава девојка,и по таа случка тој паднал наземи и така останал.По тоа заминале уште многу луѓе,од кои останале само 9-мина.Тогаш професорот станал и рекол:"Вие ги положивте двата најтешки испита:Трпение и храброст,вие заслужувате да ме слушате."
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
АКО .....
Ако можеш да ја сочуваш главата кога сите ја губат и те окривуваат тебе,
ако можеш да веруваш во себе кога сите во тебе се сомневаат и да им го дозволиш тоа ,
ако можеш да чекаш,а да не се умориш од чекање ,да слушаш лаги, а да не учествуваш во нив, или да те мразат, а да не им дадеш причина за омраза ,а сепак да не изгледаш преубаво ниту да зборуваш премногу мудро,
ако можеш да сонуваш, а сонот да не загосподари со тебе, ако можеш да мислиш- а мислите да не ти постанат цел, ако си во состојба да се соочиш со триумфот и пропаста, а да се однесуваш еднакво пред нив,
ако можеш да поднесеш вистината која си ја кажал ,да ја изопачат за да ги залажат луѓето ,или да ги гледаш работите на кои си го посветил животот- скршени а се наведнеш и почнуваш да ги поправаш со лош алат, ако си во состојба да ги собереш сите твои победии ги ризикуваш да ги изгубиш во еден круг :крајцарица: и почнеш одново од почеток,а за загубата да не проговориш ни збор, ако си во состојба да го натераш срцето, нервите и мускулите да ти служат долго и кога веќе не можат,да продолжат дури и кога во тебе ништо нема,освен вољата која им наредува ,ПРОДОЛЖЕТЕ!
Ако можеш да зборуваш со масите.а да ја задржиш чесноста,или одиш со кралеви а не ја игубиш обичноста,
ако сите рачунаат на тебе, ама никој премногу,
ако неопростениот минут го исполниш со долго бекство од шеесет секунди ,
твоја е земјата и се на неа и уште повеќе, ќе бидеш ЧОВЕК,сине мој !
Радјард Киплинг



 
D

DartWader

Гостин
Си бил еден младич кој бил вљубен во ѕвезда. Стоел крај морето, ги подавал рацете кон неа и ја обожавал , ја сонувал и и ги упатувал своите мисли. Но тој знаел, или мислел дека знае , дека еден човек не може да прегрне ѕвезда. Сметал дека му е судбина да ја сака ѕвездата, без надеж за исполнување, па од таа мисла изградил цел еден животен пев за одрекувањето и немото , верно страдање кое требало да го направи подобар и да го прочисти. Но сите негови соништа биле упатени на ѕвездата. Една ноќ повторно стоел крај морето, на еден висок гребен , и гледал во ѕвездата , горејќи од љубов кон неа. И во мигот на најголем копнеж скокнал и се фрлил во празнината , кон ѕвездата. Но тој миг кога скокнал , низ главата му прелетала една мисла брза како молња : тоа е сепак не возможно! И ете лежел долу на карпите , здробен . Тој не ја разбрал љубовта. Ако во мигот кога скокнал имал душевна сила цврсто и сигурно да верува во исполнувањето ,тој би одлетал нагоре и би се соединил со ѕвездата.


Херман Хесе „ Демијан " :helou:
 
Член од
15 април 2009
Мислења
130
Поени од реакции
37
Никогаш
1. Не се препирај
2. Не го повишувај гласот без потреба
3. Немој да опаѓаш
4. Не очајувај
5. Не се прејадувај и не се препивај со алкохол
6. Не лажи
7. Не се гневи
8. Не барај возвраќање и благодарност
9. Не отфрлувај или не прифаќај нешто категорички
10. Не се воздигај



Никому
1. Не завидувај
2. Не ласкај
3. Не се одмаздувај
4. Не говори грубости
5. Не ветувај нешто кое не можеш да го исполниш
6. Не се фали
7. Не биди на терет (доколку е можно)
8. Не памти зло
9. Не одговарај на злото со зло, туку со добро
10. Не го посакувај тоа што не го сакаш за себе си


Никого
1. Не навредувај
2. Не потценувај
3. Не се гнаси
4. Не се срди
5. Не исмевај
6. Не осудувај
7. Не сметај други за полоши од себе, туку спротивно
8. Не оговарај
9. Не прави идоли од смртниците


Што луѓето сакаат:
1. Добар однос кон себе
2. Почит, љубов
3. Бескрајно среќен и млад живот
4. Слава, пари и богатство
5. Сите можни задоволства и забава
6. Среќа во семејството
7. Вкусна храна
8. Накит, убава и модерна облека
9. Одмор. Патувања
10. Голем имот
11. Да имаат одлично здравје
12. Брзо задоволување на своите желби
13. Да остават поволен впечаток пред другите


Што луѓето не сакаат:
1. Грубост, потценување во однос на себе
2. Невнимателност
3. Омраза и гнев од страна на другите
4. Да стареат, болуваат и умираат
5. Да бидат во сенка и незабележани
6. Сирмоштво и беда
7. Досада и едноличност
8. Семејни караници и разводи
9. Гладување
10. Да бидат лошо облечени
11. Напорна работа
12. Непрестаен престој на една место
13. Да имаат малку имот
14. Да доживеат физичка болка и страдање
15. Исчекувања
16. Да изгледаат лошо
 
Член од
15 април 2009
Мислења
130
Поени од реакции
37
OСУМ ЛЕКЦИИ ЗА ЖИВОTOT



  • Помисли за тоа што мислиш... и ако се фатиш себеси како мислиш на несреќа, болест или немаштија, смени го каналот и почни да мислиш на она што го посакуваш.
  • Кога ќе се случи нешто случајно, следи го. Среќни се оние кои можат да ги следат и да делуваат според добрите работи кои се случуваат случајно.
  • Верувај дека доброто може да се случи. Очекувањето ќе ти се исполни.
  • Кога ќе се случат лоши работи, погледни ја ведрата страна и прашај се: “Што научив јас од ова? или Како да се заштитам за да не ми се случи повторно? Не се задржувај на лошото, туку продолжи.
  • Ако умре коњот, симни се од него. Не вложувај пари и напор во она што умира.
  • Не ја барај љубовта на погрешни места. Овде не мислам само на романтичната љубов, туку и на сакањето на предмети. Убаво е да посакуваш предмети, но не смееш да го сведеш животот на: “Ќе бидам среќен кога ќе го имам тоа, или кога ќе живеам таму, или кога ќе се случи она... Среќата е состојба на умот, а за да ја достигнеме, нашите мисли треба да се постојано пријатни.
  • Неуспехот е избор кој го создава недисциплината. Ако не ги постигнавте своите цели, какви и да се, тоа само значи дека на нешто друго му дадовте предност во вашиот живот. Ако не успеете, значи дека избравте да не успеете.
  • Не фаќаме депресија, како што не фаќаме среќа. Ние ги креираме преку мислите. Затоа, внимавајте што читате, што слушате и со какви луѓе се дружите.
 

PhantomerX

Несопирлив
Член од
30 октомври 2008
Мислења
623
Поени од реакции
46
Си била една слепа девојка. Мразела се` околу себе и секој околу себе освен нејзиниот дечко. Мнооогу го сакала. Еден ден дечкото ја прашал дали би се омажила за него? Таа одговорила: 'Кога би можела да го видам светот, би се омажила за тебе!'
По некое време се појавил донор на очи за девојката. Операцијава поминала успешно. КОга ги отворила очите девојката прво штопогледнала бил нејзиниот дечко со спуштени очни капаци. Сфатила дека е слеп. И на однови поставеното прашање дали ке се омажи за него... Девојката со самата помисла дека цел живот треба да се грижи за него морала да одговори со негативен одговор.
Навреден дечкото си заминал... Другиот ден и напишал писмо: `Драга, уживај во твоите очи, кои пред да бидат твои беа мои. Со нив по цел ден, радосно ја гледав твојата убавина.`




Животот е подарок.
Пред да кажеш погрден збор помисли на оние што не можат да зборуваат.
Пред да почнеш да викаш поради неубавата храна, помисли на тие што немат што да јадат.
Пред да почнеш да го караш оној што ја нема завршено домашната обврска, помисли на оние кои немаат дом.
Пред да почнеш да се жалиш на животот, помисли на оние што умреле прерано.
Пред да покажеш со прст кон некого, осудувајќи го за тоа каков е и што е, помисли дека никој на светот не е совршен.
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
Каде што има омраза ,биди љубов
Каде што има навреда , биди прошка
Каде што има сомнеж, биди верба
Каде што има очај , биди надеж
Каде што има тага , биди радост
Каде шти има мрак , биди светлина .

 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Си била една слепа девојка. Мразела се` околу себе и секој околу себе освен нејзиниот дечко. Мнооогу го сакала. Еден ден дечкото ја прашал дали би се омажила за него? Таа одговорила: 'Кога би можела да го видам светот, би се омажила за тебе!'
По некое време се појавил донор на очи за девојката. Операцијава поминала успешно. КОга ги отворила очите девојката прво штопогледнала бил нејзиниот дечко со спуштени очни капаци. Сфатила дека е слеп. И на однови поставеното прашање дали ке се омажи за него... Девојката со самата помисла дека цел живот треба да се грижи за него морала да одговори со негативен одговор.
Навреден дечкото си заминал... Другиот ден и напишал писмо: `Драга, уживај во твоите очи, кои пред да бидат твои беа мои. Со нив по цел ден, радосно ја гледав твојата убавина.`




Животот е подарок.
Пред да кажеш погрден збор помисли на оние што не можат да зборуваат.
Пред да почнеш да викаш поради неубавата храна, помисли на тие што немат што да јадат.
Пред да почнеш да го караш оној што ја нема завршено домашната обврска, помисли на оние кои немаат дом.
Пред да почнеш да се жалиш на животот, помисли на оние што умреле прерано.
Пред да покажеш со прст кон некого, осудувајќи го за тоа каков е и што е, помисли дека никој на светот не е совршен.

леееееееееее стварно браво за текстов. ѕверски е

Јас дома имам една тетратка од околу 200 страни полна со вакви ствари збирани од секаде па еве нешто


ако....
Ако можеш да зачуваш глава кага сите ја губат, а те обвинуваат тебе, ако можеш да си веруваш себеси кога сите во тебе се сомневаат, но да им дозволиш да се сомневаат, ако можеш да чекаш но да не се умориш од чекање, или да слушаш лаги а во нив да не учествуваш, или да те мразат а да не давашпричини за омраза, а сепак да не изгледаш премногу убаво и да не зборуваш премногу мудро; ако можеш да сонуваш а сништата со тебе да не загосподарат, ако можеш да мислиш а притоа мислите да не ти станат цел, ако си во состојба да се соочиш со Триумфот и Пропаста, а кон нив да се однесуваш подеднакво,ако можеш да ја поднесеш вистината што сам си ја изрекол, а која лагите ја извртеле за да ги залажуваат лугето, или да гледаш на нештата на кои си им го посветил животот - испокршени и се наведнеш да ги поправиш со своите изабени алатки,ако си во состојба да ги прибереш сите свои победи и ги ризикуваш во еден миг на коцка, ги загубиш и почнеш повторно од своите почетоци, а за загубата не прозбориш ниту збор, ако си во состојба да ги присилиш срцето, нервите и мускулите да те служат долго одкако веќе ги нема и да продолжат така кога во тебе нема ништо освен волја која им наредува Продолжете, ако можеш да зборуваш со толпа и да не ја загубиш доблеста или да се дружиш со кралеви и да не ја загубиш обичноста а сите на тебе можат да сметаат но никој премногу,ако минливата минута можеш да ја исполниш со долго бегство од шеесет секунди........... Твоја е земјата и се на неа, и уште повеќе-ќе бидеш човек, сине мој

Радјард Киплинг
 
Член од
15 април 2009
Мислења
130
Поени од реакции
37
Еден ден, влегува еден човек во ресторан во придружба со еден ној. Конобарката ги запрашала што сакаат да порачаат.
Типот одговорил:
- Хамбургер, помфрит и кока кола. А потоа му се обратил на нојот:
- А ти?
- И јас исто! - му одговорил нојот.
По извесно време конобарката се вратила со порачката.
- Тоа би било 478,00 денари.
Типот посегнал во џебот и извадил токму колку што требало.
Следниот ден типот со нојот повторно влегол во истиот ресторан и повторно порачал:
- Хамбургер,помфрит и кока кола. - А потоа бил запрашан нојот:
- А ти?
- И јас исто!
По некое време конобарката се вратила со порачката.
- Тоа би било 478,00 денари.
Типот посегнал во џебот и извлекол токму толкав износ.
И така тоа прераснало во рутина...
Поминале неколку дена. Човекот и нојот, како и обично, влегле во ресторанот.
- Вообичаеното? -запрашала конобарката.
- Не, денес е петок! Ќе земам лигни, салата и пиво.-Одговорил типот.
- И јас исто! - Одговорил нојот.
Набргу, конобарката се вратила со порачката.
- Тоа би било 776,00 денари.
Типот посегнал во џебот и извадил токму толкав износ. Овој пат конобарката не можела да и одолее на љубопитноста:
- Извинете, но како е можно постојано да имате во џебот онолку пари колку што изнесува сметката?
- Пред неколку години, го чистев таванот и најдов стара лампа. Ја протрив и од нејзе излезе дух кој ми кажа дека ќе ми исполни две желби. Мојата прва желба беше: Секогаш во џебот да имам онолку пари колку што ќе ми треба за да ја платам сметката. И желбата ми се исполни.... Секој пат кога нешто купувам во џебот ми се појавуваат точно толку пари колку што ми требаат.
- Па тоа е одлично! -Викнала конобарката. -Повеќето луѓе би побарале милијарди, но Вие вака ќе останете богат до крајот на животот!
- Токму така! дали ќе купувам литар млеко или најскап автомобил, секогаш ќе можам да платам.
- А зошто секогаш Ве следи нојот?
Човекот длабоко воздивнал и рекол:
- Ех...Мојата втора желба беше: До крајот на животот покрај мене да биде пиленце со долги нозе и големи г*зиња, и секогаш да се сложува со се` што ќе кажам!

Внимателно со одбирањето на желбите, посебно во време кога има многу „духови“ што ветуваат исполнување на желби!
 

Џ.

Ќутам на различни теми!
Член од
14 јули 2007
Мислења
868
Поени од реакции
183
Ние човечките суштества не си наоѓаме одмор и спокој. Набљудувајте го светот околу себе: дрвјата, птиците, тревата, животните... Се што е создадено. Ќе ви кажам нешто. Целиот свет е преполн со радост. Се што живее е среќно! Знам, знам: постои болка, страдање, минливост, стареење, смрт. Да сето тоа е дел, од овој свет но сфаќате ли вие што навистина е среќа. Само човечкото суштество е жедно и немирно. Зарем тоа не е малку чудно? Зошто е човекот несреќен и што може да стори својата тага да ја претвори во радост? Зошто луѓето се тажни? Затоа што тргнуваат од погрешни идеи и изопачени ставови, од илузии и предрасуди.
Она што го уништува духовното спокојство е “јас“ нашето его. „Ова мене ми припаѓа и нема со никого да го поделам“. Кога ваквиот егоистичен став ќе надвладее, срцето станува се покруто. Тоа е најголемиот непријател на внатрешниот мир и спокојство: тврдо срце полно со егоизам и себичност.
Што е љубов? Погледнете го цветот! Може ли тој да каже: „Го нудам својот мирис на добрите но не и на лошите?“ Погледнете како дрвото ја дарува својата сенка на сите без разлика и добри и лоши, млади или стари на луѓето и на ѕверовите па и на оние кои му приоѓаат со намера да го пресечат.
Тоа е само првата смисла на љубовта: Нејзината неделивост.
“НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА НИ ГО ОДЗЕМЕ ОНА ШТО НИКОГАШ НЕ СМЕ ГО ИМАЛЕ“
“ЉУБОВТА НЕ Е ОДНОС ТАА Е СОСТОЈБА НА БИТИЕТО“. ДАЛИ СЕ НАОЃАМЕ ВО ЉУБОВЕН ЗАНЕС?
Од каква полза му е на човекот да го освои целиот свет а по пат да ја загуби душата.
Сакате ли да го промените светот?
Зошто не почнете од себеси? Чудно-но е така. Кога ние ќе се промениме се, ќе биде поинаку. Ќе имаме почиста перцепција. Треба само да станеме свесни за реалноста, за она што се случува околу нас. Свесноста значи МУДРОСТ а мудроста СВЕСНОСТ. Мудроста се јавува кога ќе ги урнеме пречките меѓу поимите и условеноста. Мудроста не е нешто што се стекнува; Мудроста не е искуство; Мудроста не е примена на вчерашните илузии, на денешните проблеми. Мудроста значи да се прифати оваа ситуација, оваа личност, без влијанија кои потекнуваат од минатото. Сето ова е поинакво од начинот на кој повеќето луѓе се навикнати да мислат, нели.
Би додал уште:„Ако срцето не е блокирано резултат е љубовта“.
Што не спречува да бидеме среќни: нашата услованост, врзаноста, нашите ментални проекции, предрасуди, етикети итн. Кога детето е сигурно во љубовта на својата мајка ја заборава, излегува да го истражува светот, љубопитно е. Кога детето постојано се држи за мајчинското здолниште, тоа е лош знак. НЕСИГУРНО Е. Можеби неговата мајка се обидува да ја извлече од него љубовта место да му ја подари сета слобода и сигуност која му е потребна. Неговата мајка секогаш го уценувала на многу суптилен начин, дека ќе го остави.
Значи навикнати сме на различни дроги: одобрување, успех, престиж, моќ, способност да се истакнуваме, да се појавуваме на насловни страници, да бидеме шефови.
Изложени на овие дроги сме станале зависници и така сме почнале да страхуваме да не ги загубиме.
Личноста која е будна е личност која не маршира повеќе во ритамот на друштвото.
Па видете сега вие...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom