Катче за инспирација - мудри/поучни/мотивирачки текстови

C

Cool Hand Luke

Гостин
Љубовта е како сенка. Ако трчаш по неа никогаш нема да ја стигнеш. Ако и го свртиш грбот ќе те прати. Запри бе! :)

За да вистински сакаш, треба да пораснеш до дете.

Насмевни се ако ти речат дека си мал човек. Не постои мала среќа ни мал човек. Нема мала среќа ни мала болест. Нема мала кражба ни мала смрт. Нема мала војна ни мала поштеност. Нема мал пријател ни мала тајна.
Нема мал човек ни мала љубов.
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
Честопати се чудам, како секој се сака најмногу себеси, а помалку го цени сопственото мислење за себе, отколку мислењето на другите.Ако некој му пријде некому и му заповеда да не мисли и не размислува нешто што не може да го изговори гласно,тоа не би можел да го поднесе ни еден ден. Јасно е дека ние обрнуваме повеќе внимание на мислењето на другите отколку на нашето сопствено.
 

Marionka_z

Omnia mea mecum porto
Член од
16 јануари 2009
Мислења
208
Поени од реакции
29
СЛЕДИ ЈА МЕЧТАТА

Имам пријател по име Монти Робертс, кој поседува ранч и одгледува коњи. Тој ми дозволува да ја користам неговата куќа за одржување на различни семинари, со цел да се соберат пари за разни младински програми и проекти.
Последниот пат кога бев таму, тој ме претстави и кажа:
- Сакам да ви раскажам зошто се согласив Џек да ја користи мојата куќа. Се започна од една случка поврзана со синот на еден патувачки тренер на коњи. Постојано тој патувал од хиподром на хиподром, од фарма на фарма, од ранч на ранч, за да тренира коњи. Од таа причина нормалното основно образование на син му постојано било прекинувано и нередовно. Кога веќе стигнал во погорните класови, учителот му рекол да напише писмена работа и да раскаже каков сака да стане кога ќе порасне и со што би сакал да се занимава.
Една ноќ, момчето ја опишало на седум страници неговата мечта еден ден да поседува ранч за коњи. Ја опишало својата замисла до детали, па дури и го нацртало ранчот од 800 декари, ја обележило положбата на зградите, коњушницата, хиподромот... Дури нацртало и детален план на куќата од 360 квадратни метри, која требала да се наоѓа во ранчот- мечтата од 800 декари.
Со голем жар го опишало сето тоа и следниот ден ја предало задачата на учителот. После два дена ја добило писмената задача назад. На првата страница имало една огромна двојка, напишана со црвено и белешка:" Јави ми се после часот".
Момчето со мечтата отишло да се сретне со учителот и прашало:
- Зошто сте ми ставиле двојка?
-Многу си мал за да имаш така големи мечти- рекол учителот. -А и освен тоа, ти немаш пари. Потекнуваш од семејство кое постојано патува. Немаш никакви средства. За да го купиш ранчот, неопходни се многу пари. Треба да ја купиш земјата. Треба да платиш за стадо расни коњи, а подоцна ќе треба да плаќаш и огромни такси за добитокот. Невозможно е да го постигнеш тоа.
После ова учителот додал:
-Ако уште веднаш ја напишеш писмента со пореалистична цел, ќе ти ја поправам оценката.
Момчето отишло дома и почнало внимателно да размислува за сето тоа. Го прашало татко си што треба да направи, а тој му рекол:
- Гледај сине, ти сам треба да решиш што ќе направиш. Затоа што решението што ќе го донесеш е од исклучителна важност за тебе.
На крајот, откако размислувало цела недела, момчето ја предало истата писмена, без ниту една поправка, со зборовите:
- Можете да ја оставите двојката, јас ќе си ја задржам својата мечта.
Полсе ова Монти се сврте кон насобраната група и рече:
-Ви ја раскажувам оваа историја, зашто се наоѓате во мојата куќа од 360 квадратни метри, во средина на мојот ранч од 800 декари. Сеуште ја чувам писмената работа, врамена и виси над мојот камин.
А после додаде:
-Најубавото нешто од целата оваа приказна е што пред две години истиот учител доведе 30 ученици на летен распуст од една недела на мојот ранч. Пред да си замине, учителот ми рече:
-Види Монти, ќе споделам нешто со тебе. Кога бев твој учител, јас бев еден вид крадец на мечти. За сите тие изминати години јас украдов многу мечти од децата. За среќа, ти пројави доволно здрав разум и не се откажа од својата.

Не дозволувајте никому да ви ги краде мечтите. Следете ги желбите на срцето, независно какви се тие.

Џек Канфилд

Имате ли сили да се справите со критиката?

Нема значење ниту критиката, ниту човекот кој подзастанува, кој се предава пред поголемите пречки и опасности, или кој се радува на посилните кога ќе се подсопнат.
Почит заслужува човекот, кој дејствува и постојано е во арената; чие што лице е обележано со прав, пот и крв; кој се стреми кон своите цели без страв; кој греши, но одново и одново не се откажува од целта, зашто нема напор без грешки и недостатоци; кој знае што значи да си бескорисен и се посветува на каузата која ја заслужува; кој во најдобриот случај ги достигнува височините на триумфот, а во најлошиот, ако не успее, а сепак многу сака, знае дека местото никогаш нема да му биде меѓу плашливите и студени души, кои не ја познаваат ниту победата, ниту поразот.

Теодор Рузвелт


Ризик

Во плодната почва биле засадени две семиња едно до друго.
Првото семе рекло:
-Сакам да растам! Сакам да ги пуштам корените длабоко во почвата под мене и да пуштам ливчиња преку земјината кора и надвор... Сакам да ги развијам нежните пупки како знаменца, за да го најавам доаѓањето на пролетта... Сакам да ја почувствувам топлината на сонцето врз лицето и благодетта на утринската роса врз моите венчени ливчиња.
И така тоа пораснало.
Другото семе рекло:
-Се плашам. Ако ги пуштам корените надолу во земјата, со што ли се ќе се сретнам во мракот. Ако си направам пат нагоре, преку тврдата почва над мене, можам да си ги нахранам ливчињата. Но, што ќе се случи, ако ги отворам пупките и некој инсект се обиде да ми ги изеде? А кога ќе ги отворам цветовите, што ако некое мало дете ме откорне од земјата? Не, многу подобро е да почекам, додека не стане посигурно.
И така тоа почекало.
Една кокошка, која си буричкала низ ровката почва барајќи храна, го нашла семенцето, кое чекало и бргу го голтнала.

ПОУКА

Оние од нас, кои не се осмелуваат да ризикуваат и да растат, биваат проголтани од животот.

Пети Хенсен
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Барај ја среќата секојдневно

Бесмислено е...
Бесмислено е...
да ги мразиш сите рози, затоа што си се изгребал на еден трн...

да се откажеш од своите соништа, затоа што еден од нив не ти се исполнил...

да се откажеш од своите напори, затоа што еден бил залуден...

сите пријатели да бидат виновни, затоа што само еден те изневерил...

да не веруваш во љубов, затоа што некој не ти бил верен или не ти возвратил љубов...

да ја отфрлиш секоја можност да бидеш среќен, затоа што при првиот обид не си успеал...

Запомни дека секогаш...
Може да се појави втора шанса, нов пријател, нова љубов, да се обнови силата.

Биди упорен и барај ја среќата секојдневно.

Сигурен пат кон неуспехот е - да се откажеш!
Често, идните успеси доаѓаат преку сегашните разочарувања и промашувања - ПРОДОЛЖИ ДА СЕ ТРУДИШ!!!
 
Д

ДаркхарТ

Гостин
се извинувам оти е на латиница ама копи пејст му направив само :smir:

Cekori smireno niz vrevata i zabrevtanosta, i seti se na mirot sto moze da se najde vo tisinata. Kolku sto e vozmozno bidi vo dobri odnosi so site luge. Zboruvaj ja svojata vistina smireno i jasno, i slusaj gi drugite duri i glupavite i neukite, bidejki i tie imaat svoja prikazna. Izbegnuvaj gi bucnite i agresivnite lugje, zatoa sto tie se tovar na duhot.
Ako se sporeduvas sebesi so drugite mozes da stanes ogorcen ili gord, bidejki sekogas ke ima pogolemi i pomali od tebe.
Raduvaj se so svoite dostignuvanja kako i na svoite planovi. Odrzuvaj go entuzijazmot za sopstvenata profesija kolku i da e skromna. Toa e vistinsko bogatstvo vo promenlivi vremiwa. No toa neka ne te poprecuva da gi vidis doblestite kolku sto gi ima. Mnogu lugje tezneat kon visoki ideali, i zivotot nasekade e poln so heroizam.

BIDI TOA STO SI- BIDI SVOJ.

Osobeno nemoj da glumis ljubov, nitu pak da bides cinicen kon ljubovta, bidejki i pokraj svojata ogorcenost i razocaruvanjata, taa e vecna kako i trevata.
Spokojno primi go iskustvoto na golemite, skladno napustajki gi rabotite od mladosta. Neguvaj ja duhovnata sila za da te stiti od neocekuvani nesreki, no nemoj sebe da se zalostis so izmislici.
Mnogu stravovi se javuvaat poradi zamor i osamenost. Osven odrzuvanjeto na zdrava disciplina bidi blag kon sebesi.
Ti si dete na Univerzumot, nisto pomalku od drvjata i zvezdite. Imas pravo da bides tuka. Bez ogled dali ti e toa jasno ili ne, nema somnevanje deka Univerzumot se razviva onaka kako sto bi trebalo. Znaci bidi so gospod, kako i da go zamisluvas. I bez ogled kakva i da ti e rabotata, i kakvi ti se aspraciite vo bucnoto previranje na zivotot, zadrzi go mirot vo dusata. I pokraj ovaa necistotija i sruseni sonista, ova e sepak prekrasen svet sozdaden od tvoritelot za tebe.

BIDI VNIMATELEN I TEZNEJ DA BIDES SREKJEN...
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Пред многу многу години, во едно село, некој сиромашен селанец и должел многу пари на селската лихварка. Таа била стара, дебела и грда, но затоа пак, му фрлила око на младото стројно момче, синот на селанецот.И така, таа им дала предлог. Им рекла дека ќе го заборави и избрише долгот на селанецот ако неговиот син се ожени со неа. Таткото и синот се престрашиле и од самата помисла на тоа.Но, итрата лихварка им рекла - Ајде Судбината нека одлучи. Им рекла дека во една вреќа ќе стави едно бело и едно црно камче. Синот ќе треба да одбере едно камче од вреќата.

* Ако го одбере црното камче, тој ќе мора да се ожени со неа, а долгот на таткото ќе биде избришан и заборавен.
* Ако го одбере белото камче, тој нема да мора да се ожени со неа, а сепак, долгот на таткото ќе биде избришан и заборавен.
* Но, ако одбие да одбере камче, неговиот татко ќе оди во затвор.


Таткото и синот се сложиле, бидејќи немале друг излез.
Лихварката се наведнала, зела две камчиња и ги ставила во вреќата и му рекла на младото момче да ја стави раката во вреќата и да избере едно камче без да гледа.Но, острото око на синот приметило дека таа во вреќата ставила две црни камчиња.Замислете дека сте младото момче. Што ќе направите? Што ќе му советувате на момчето? Ако внимателно анализирате, би можеле да дојдете до следниве три можности.
* Синот ќе одбие да избере камче - долгот останува а таткото ќе оди во затвор
* Синот ќе каже пред сите дека таа ставила две црни камчиња во вреќата, и со тоа ќе ја изложи на срам пред јавноста, но долгот на таткото сепак ќе остане и тој ќе оди во затвор
* Синот ќе одбере камче (секако тоа ќе биде црно) и ќе се жртвува за да го спаси татко му.


Размислете. Синот е во дилема. Дали традиционалното логичко размислување ќе помогне. Постои еден друг метод - латерално размислување - израз кој е воведен во психологијата од Едвард Де Боно, а значи метод на размислување од друг агол, со малку поинаква перцепција. Со помош на ваквиот метод, можеме да дојдеме до сознанија и идеи кои не се очигледни веднаш, и до кои не би можеле да дојдеме со традиционалното логичко размислување.


Одговорот

Синот ја ставил раката во вреќата и зел едно камче.Кога ја извадил раката намерно го испуштил камчето да му падне на земја,помеѓу другите камчиња.Камчето се измешало со останатите камчиња на земјата.
Ох,колку сум несмасен-рекол синот.Но, не е проблем.Погледни во вреќата и види кое камче останало во неа,па така ќе знаеме какво камче си извлекол.
А бидејки и другото камче во вреќата било црно,мора да се претпостави дека тој го одбрал белото камче.А бидејки старата дебела ликварка не се осмелила да каже дека била нечесна,синот ја сменил ситуацијата која се чинела практично невозможна,во ситуацијата во која тој победил.
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
Мудар водач !
Во текот на целиот наш живот во нас живеат два човека .Еден од нив е егото кавгаџиско, наложувачко хистерично, сметаџиско , вториот е скриено духовно битие, чиј тивок глас на мудроста ретко го слушаме и ретко водиме сметка за него. Кога ќе почнеме да го слушаме се буди и засилува нашиот внатрешен глас и почнуваме да ја разликуваме својата исконска природа од гласните и лажливи гласови на егото.
Почнуваме да го откриваме во себе сопствениот мудар водач, кој не познава во целост и може да ни помогне . Тој секогаш знае што е за нас најдобро и ни помага да излеземе на крај со својата опседнатост,со навикнатите реакции и збунетите конфузни чувства. Колку повеќе го слушаме толку полесно ќе ни биде да го измениме своето негативно расположение, да го прозреме па дури и да се насмееме на апсурдните драми и комични привиди. Ќе откриеме дека сме способни се повеќе и побрзо да се ослободиме од мрачните емоции што владееле со нас во нашиот живот, а тоа е најчудесната од сите способности. Кога нашиот идентитет ќе почне да закрепнува, ќе сватиме дека закачувањето за себе е корен на сето наше страдање и ќе сватиме дека најблагородно и најмудро е да се грижиме за другите место за себе. Тоа ќе ни го зацели срцето ,умот и духот.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Што е среќа? Да знаеш што сакаш и силно тоа да го сакаш.

Идеален човек - има сила на машко и чувствителност на жена. :)

Животот е премногу краток за да се грижиш што мислат другите.

Вистински продуховена личност е онаа која што има непоколеблива вера во себе, и во состојба е да ја реализира во своите наједноставни мисли и секојдневни работи.
 
Член од
8 февруари 2009
Мислења
911
Поени од реакции
173
И Рисмката империја имала падови па успеала да се воздигне и да стане најмоќна, така да не треба да се разочаруваме од падовите и треба да продолжиме понатаму, лошо е доколку паднеш и не се обидеш да станеш.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Природна убавина

За привлечни усни-говорете љубезни зорови и бидете добри.
За убави очи-барајте го само доброто во луѓето.
За привлечно и секси тело-поделете ја својата храна со гладните.
За добро телесно држење-одете со знаење, затоа што никогаш нема да одите сами.
Луѓето, повеќе од работите, бараат да бидат обновени, оживеани, повторно да се докажат.
Запомни:

  • Ако некогаш ти требаат раце кои ќе ти помогнат, побарај ги под своите рамена.
  • Со тек на време ќе откриеш дека имаш две раце-една да си помогнеш себеси, а другата за да им помогнеш на останатите.




Ако можеш ...

Ако можеш да видиш уништено дело во својот живот

и без ниту еден збор повторно да го изградиш

и без воздишки и протест

да ја поднесеш загубата од она што долго си чекал;


Ако можеш да се заљубиш без да полудиш од љубов;


Aко можеш да бидеш силен, а при тоа да останеш нежен

да не ги мразиш оние кои те мразат

а сепак да се бориш и да се браниш;


Ако можеш да слушаш

како твоите зборови ги испревртува некој безобразник

и да слушаш како луди усти лажат за тебе

а да не кажеш сам ниту една лага;


Ако умееш да го сочуваш достоинствоти при слава;


Ако можеш да бидеш скромен:


Ако можеш да се здобиеш со победа после пораз

и тие две "измамнички" подеднакво да ги примиш;


Тогаш сите кралеви, богови, слави и победи

ќе бидат Твои послушни робови,

а најголемо и највозвишено од сите слави и кралеви,

ЌЕ БИДЕШ ЧОВЕК!
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Љубовта е многу повеќе од обични чувства, љубовта е позитивен електроимпулс.
Не постои далечина која што љубовта не може да ја премости, не постои болест која силно проектираната љубов не може да ја излечи. Љубовта може да ги извојува сите победи. Таа е концентрирана кинетичка енергија, најјака сила во природата. И само кога би можеле да ја одржите љубовта цел живот, не би постоел сон кој не би можеле да го претворите во реалност.
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
Нека некои работи , изложени на надворешни удари ,претрпат по нешто. Оние кои се погодени од тоа можат да негодуваат ако сакаат. Јас ,пак, ако не сметам дека зло е тоа што ме снашло , ќе останам неповреден . Можам да избирам дали ќе се загрижам.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
" Гласот на совеста е толку тивок што може лесно да се замолкне, но јасно е и дека е невозможно да не го препознаеш. "
Мадам Де Стал

" Битни се малите нешта кои ги правиме за другите - обична чаша вода или покажување малку добрина... Не е битно колку даваме, туку со колку љубов тоа го правиме. "
Мајка Тереза

" Кога ќе престанеш да сонуваш, престануваш и да живееш. "
Малколм С. Форбс

Не ме интересира минатото. Ме интересира иднината зошто очекувам таму да го поминам остатокот од животот. " Чарлс Ф. Кетеринг
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Разговор

"Значи ти би сакал да разговараш со мене?"-рече Бог
"Ако имаш време" реков.
Бог се насмевна "Моето време е вечност.Што сакаше да ме прашаш?"
"Што најмногу те изненадува кај луѓето?"
Бог одговори:
"Тоа што детството им е досадно, брзаат да пораснат, а потоа посакуваат повторно да бидат деца.
Што го трошат здравјето да заработат пари, а потоа ги трошат парите за да си го вратат здравјето.
Што толку многу размислуваат за иднината и забораваат на сегашноста.На тој начин не живеат ни во иднината ни во сегашноста.
Што живеат како никогаш да нема да умрат, а кога ќе умрат е како никогаш да не живееле."
Бог ме фати за рака.Останавме на момент во тишина.Тогаш прашав:"Како родител кои животни поуки би сакал твоите деца да ги научат?"
Насмевнувајќи се, Бог одговори:
"Да научат дека не можат никого да присилат да ги сака, можат само да сакаат.
Да научат дека не е највредно она што го поседуваат, туку кои се во животот.
Да научат дека не е добро да се споредуваат со другите.
Да научат дека не е богат оној човек што најмногу има, туку оној на кој што најмалку му треба.
Да научат дека се потребни само неколку секунди да се повреди саканата личност, а потоа се потребни години да се излечи.
Да научат да простуваат....така да самите простуваат.
Да спознаат дека постојат личности кои нежно ги сакаат, но тоа не можат да го кажат или покажат.
Да научат дека со пари може да се купи се', освен среќата и љубовта.
Да научат дека две особи може да гледаат во иста работа, но да ја видат различно.
Да научат дека вистински пријател е оној кој знае се за нив....а сепак ги сака.
Да научат дека не е доволно само другите да им простат.Мораат и самите себеси да си простуваат.

Луѓето ќе заборават што си рекол.
Луѓето ќе заборават што си направил.
Но никогаш нема да заборават какви чувства во нив си разбудил
".
 

Marionka_z

Omnia mea mecum porto
Член од
16 јануари 2009
Мислења
208
Поени од реакции
29
Кредо за оние кои страдале

Му се молев на Бог да добијам сила.
Станав слаб, за да научам смирено да се потчинувам.

Се молев за здравје, за да можам да извршувам големи дела.
Одредена ми беше немоќ, за да правам подобри нешта.

Се молев за богатство, за да бидам среќен.
Речено ми беше да живеам во беда, за да се научам на мудрост.

Се молев за власт, за да заслужам пофалби од луѓето.
Се здобив со земјена слабост, за да ја почувствувам потребата од Бог.

Се молев за се што го исполнува животот со радост.
Даруван бев со животот, за да можам да се радувам на се.

Не добив ништо, за кое се молев, а добив се на кое се надевав.

Дури и пред да осознаам, неизречените молитви ми беа услишени.

Јас сум еден меѓу нај-благословените луѓе.


Рој Кампанела
 

Kajgana Shop

На врв Bottom