Еден ден, влегува еден човек во ресторан во придружба со еден
ној. Конобарката ги запрашала што сакаат да порачаат.
Типот одговорил:
- Хамбургер, помфрит и кока кола. А потоа му се обратил на нојот:
- А ти?
- И јас исто! - му одговорил нојот.
По извесно време конобарката се вратила со порачката.
- Тоа би било 478,00 денари.
Типот посегнал во џебот и извадил токму колку што требало.
Следниот ден типот со нојот повторно влегол во истиот ресторан и повторно порачал:
- Хамбургер,помфрит и кока кола. - А потоа бил запрашан нојот:
- А ти?
- И јас исто!
По некое време конобарката се вратила со порачката.
- Тоа би било 478,00 денари.
Типот посегнал во џебот и извлекол токму толкав износ.
И така тоа прераснало во рутина...
Поминале неколку дена. Човекот и нојот, како и обично, влегле во ресторанот.
- Вообичаеното? -запрашала конобарката.
- Не, денес е петок! Ќе земам лигни, салата и пиво.-Одговорил типот.
- И јас исто! - Одговорил нојот.
Набргу, конобарката се вратила со порачката.
- Тоа би било 776,00 денари.
Типот посегнал во џебот и извадил токму толкав износ. Овој пат конобарката не можела да и одолее на љубопитноста:
- Извинете, но како е можно постојано да имате во џебот онолку пари колку што изнесува сметката?
- Пред неколку години, го чистев таванот и најдов стара лампа. Ја протрив и од нејзе излезе дух кој ми кажа дека ќе ми исполни две желби. Мојата прва желба беше: Секогаш во џебот да имам онолку пари колку што ќе ми треба за да ја платам сметката. И желбата ми се исполни.... Секој пат кога нешто купувам во џебот ми се појавуваат точно толку пари колку што ми требаат.
- Па тоа е одлично! -Викнала конобарката. -Повеќето луѓе би побарале милијарди, но Вие вака ќе останете богат до крајот на животот!
- Токму така! дали ќе купувам литар млеко или најскап автомобил, секогаш ќе можам да платам.
- А зошто секогаш Ве следи нојот?
Човекот длабоко воздивнал и рекол:
- Ех...Мојата втора желба беше: До крајот на животот покрај мене да биде пиленце со долги нозе и големи г*зиња, и секогаш да се сложува со се` што ќе кажам!
Внимателно со одбирањето на желбите, посебно во време кога има многу „духови“ што ветуваат исполнување на желби!