Катанец си отиде, според вас кој од домашните стручњаци треба да го наследи?

Кој да го замени Катанец на селекторската функција?

  • Ѓоко Хаџиевски

    Гласови: 29 15,3%
  • Бобан Бабунски

    Гласови: 9 4,8%
  • Драган Канатларовски

    Гласови: 11 5,8%
  • Никола Илиевски - Џиџи

    Гласови: 15 7,9%
  • Бошко Ѓуровски

    Гласови: 6 3,2%
  • Чедо Јаневски

    Гласови: 57 30,2%
  • Ѓоре Јовановски

    Гласови: 15 7,9%
  • Потребен е странски селектор

    Гласови: 47 24,9%

  • Вкупно гласачи
    189

|И.И|

говно интерашко
Член од
24 јуни 2008
Мислења
5.560
Поени од реакции
6.673
Кој и да биде,да биде голем мотиватор.Не сме голема сила во фудбалот,па мотивацијата ни е најважна.:helou:
Мурињо!?!? :) Тешко дека некој може да ги среди сега......со господ напред кој и да биде селектор
 
Член од
16 ноември 2007
Мислења
3.637
Поени од реакции
3.261
Јонуз, Чедо Јаневски или Хаџиевски ке биде од нашиве. Јонус зашто е веќе цел живот селектор на младите па сигурно Хари ке го бутне на прв тим. Чедо зашто е докажан тренер во Европа и според мене единствен наш тренер од европски крој. Хаџиевски зашто многу добро ја знае ситуацијата во нашиот фудбал иако долго време не е кај нас но е веќе докажан како одличен тренер за вадење од резултатска криза. А ако биде странец сигурно ке биде или Србин или Хрват.
Или можи грк па :pos: :pos: :pos: :pos: Стварно безвеза ќе биди ако дојди некој пак од страна селектор да биди. Најдобра опција Ѓоре, ако не Ѓоре, тогаш нека биди Канатларовски или Хаџиевски.
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.496
Поени од реакции
4.058
Мурињо!?!? :) Тешко дека некој може да ги среди сега......со господ напред кој и да биде селектор
Сега јас не викам да биде било кој,да има познавање од фудбалот да го интересира македонскиот фудбал а не како Катанец си зима многу пари не се замара.
Според мене Ѓоре ќе биде најдобро решение.:pipi:
 

vac 13

партизановец
Член од
21 мај 2008
Мислења
5.426
Поени од реакции
530
Јаневски е добар тренер,и се спомнуваше нешто дека преговара за селекторското место,бидејќи на крајов од сезонава му истекува договорот со звезда.
 

Тетекс фан ^

100% МАКЕДОНЕЦ
Член од
24 јануари 2009
Мислења
2.394
Поени од реакции
881
Јаневски е добар тренер,и се спомнуваше нешто дека преговара за селекторското место,бидејќи на крајов од сезонава му истекува договорот со звезда.

а изгледа ќе го бркаат ако сеа изгуби у среда од партизан па ќе биде слободен и може да го земемо заш да не таке:toe::toe::toe:
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Мирсад Јонуз јас на него типувам дека ке биде селектор:salut:
 
П

Паспарту

Гостин
Имаме квалитетни тренери, но нивниот квалитет е доволен само за да Македонија заврши пред Сан Марино и Андора. Несакам секој квалификациски циклус да ги губиме надежите за пласман понатаму волку рано. Време е да се оди понапред.

Кој ќе биде? Тоа ќе одлучи ФФМ, но според мене Билич е одлична опција, но и невозможна. Ако некогаш тој ја превземе селекцијата, тогаш верувам дека ќе има огромен напредок. Но тоа е невозможно. Има и други квалитетни тренери кои би работиле за помала сума на пари од Катанец, но прашење е колку е спремна ФФМ да инвестира во фудбалот и дали сака да се напредува или да се стои во место и паралелно да им се полнат џеповите на функционерите.

Сега до крајот на овие квалификации најверојатно ќе биде назначен Македонец за тренер, па ќе видиме што и како ќе направи.
Билиќ!? Го бара Хамбургер, Борусија и уште мал "милион" други клубови и мислиш он ќе прифати да ја води Македонија!? Нема теоретска шанса друже... Ги преплативме Сантрач и Катанец, што добивме!? 4-5 место, така да... Ни треба тренер кој ја познава нашава лига, нашиве играчи, а не тренер кој ќе седи во Врање, Чаковец или Велење. Некој кој целото свое време ќе го посвети на натпреварите од нашава лига, кој ќе оди да ги следи нашите интернационалци, кој ќе ги следи младите, е таков селектор ни треба! Некој што нема да се плаши да се критикува самиот себе,репрезентацијата,ффм, а не само да зема 15 000 евра плата и нигде да го нема...
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.344
Поени од реакции
57.967
Според мене Ѓоре ќе биде најдобро решение.:pipi:
Тебе те цитирам зошто е последен ваков пост што стои да не ги пребарувам сите. Значи не се согласувам дека најдобро решение е некој кој добил шанса и не направил ништо. Ѓоре ја покака уште на првиот натпревар со тоа што успеа да ја расипе атмосферата и да ги избрка Седлоски и Христов, поради доцнење од 15 минути. Мала дигресија, Адриано 100 пати до сега ќе го избркаа од Интер да се решаваа така работите. Ѓоре си е тренер кој сака железна дисциплина и се тоа го почитувам но мислам дека Ѓоре е тренер за клуб а не за репрезентација.

Исто и Цапар, не гледам како може да биде идеално решение кога човекот имаше 2 шанси до сега. Последниот меч со Чешка на градски беше жив резил игравме со 5 класични дефанзивци и не излеговме од 16 метри. За таков фудбал немам разбирање или поддршка.

Единствено Ѓокица од оние што беа би можел да добие нова шанса зошто тој барем изгради некој тим и имаше некои резултати.

Јас мислам дека треба свежа крв. Се е во ред тоа со Чеде но мислам дека тој нема да биде слободен. Бошко е далеку од мак-фудбалот со години и мислам дека е горе-долу како странец да си донесол, не ги познава фудбалерите и други ќе му шептат исто како на Среќко.

Стојам на тоа дека од тие тренери што се слободни треба да му се даде шанса на Бабунски, кој има скромно тренерско искуство што му е недостаток, но има правилни и позитивни сваќања за фудбалската игра и има харизма, може да донесе промени во играта. Кога ја ангажираа онаа несреќа од селектор Сантрач, фудбалерите викаа дека Бабунски е за него тренериште. Мислам дека тој човек може да ја врати атмосферата. Но како е се тргнато наопаку во ФФМ, ќе го добиеме Јонуз, и понатаму не би коментирал...
 
Член од
8 октомври 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
20
Билиќ!? Го бара Хамбургер, Борусија и уште мал "милион" други клубови и мислиш он ќе прифати да ја води Македонија!? Нема теоретска шанса друже... Ги преплативме Сантрач и Катанец, што добивме!? 4-5 место, така да... Ни треба тренер кој ја познава нашава лига, нашиве играчи, а не тренер кој ќе седи во Врање, Чаковец или Велење. Некој кој целото свое време ќе го посвети на натпреварите од нашава лига, кој ќе оди да ги следи нашите интернационалци, кој ќе ги следи младите, е таков селектор ни треба! Некој што нема да се плаши да се критикува самиот себе,репрезентацијата,ффм, а не само да зема 15 000 евра плата и нигде да го нема...
Реков дека е невозможно, но за резултат треба таков калибар на тренер. :toe:
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.692
Поени од реакции
4.520
Ѓоре Јованов нормално.
 
Член од
19 март 2007
Мислења
6.574
Поени од реакции
163
Djabe. Koj i da dojde, pa pogotovo od nasive "strucnjaci" pak ke bide ista pesna. So ovie igraci, tolku moze.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.186
Поени од реакции
16.054
Конечно!
Нека го замени било кој од домашниве тренери, барем наши луѓе ќе ги трошат парите.:smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom