Катанец си отиде, според вас кој од домашните стручњаци треба да го наследи?

Кој да го замени Катанец на селекторската функција?

  • Ѓоко Хаџиевски

    Гласови: 29 15,3%
  • Бобан Бабунски

    Гласови: 9 4,8%
  • Драган Канатларовски

    Гласови: 11 5,8%
  • Никола Илиевски - Џиџи

    Гласови: 15 7,9%
  • Бошко Ѓуровски

    Гласови: 6 3,2%
  • Чедо Јаневски

    Гласови: 57 30,2%
  • Ѓоре Јовановски

    Гласови: 15 7,9%
  • Потребен е странски селектор

    Гласови: 47 24,9%

  • Вкупно гласачи
    189

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.338
Поени од реакции
46.463
Џиџи до крај на овие па после преговарам со Анчелоти...да убијам две муви од еднаш :):)))

Од привремениот а и од Анчелоти здравје боже :) очекувам играчите без минутажа во клубовите да не добиваат минутажа со рперезентација, форсирање на мотивирани играчи од домашно првенство и дисциплина.
 

bojann1

desmosedici rr
Член од
7 ноември 2007
Мислења
1.234
Поени од реакции
41
Јас сум за некоја Шваба да донесеме малце ред да внесе во селекцијата. Како привремено решение може да ставиме наш тренер - мојот избор е Ѓоре Јовановски.

Имав големи очекувања од Катанец почна да ме разочарува уште одамна кога почна да игра со 5-3-2 (некој ќе речат 3-5-2) на секоја утакмица и тоа со едни исти играчи и на пријателски натпревари и на официјални. Му посакувам се најдобро во кариерата и порака до ФФМ двапати добро да размисли пред да реши нешто.
 
П

Паспарту

Гостин
Ако Македонија некогаш отиде на некое големо натпреварување (Европско, Светско) тоа ќе биде со странски тренер.

Има доста квалитетни тренери Македонци, но сепак немаат искуство какво што се бара за вакви големи натпревари. Треба некој да го стегне тимот, да им влезе во кожа на фудбалерите за да има резултати и пред се константност во играта. Досега тоа го немаше бидејќи секогаш по некоја сензација на репрезентацијата по три дена се посрамотуваа против „аматерска“ репрезентација. Тоа е суровата реалност.

До крајот на овој циклус квалификациски натпревари ќе се постави Македонец, но ако некогаш сакаме да видиме Македонски фудбалери на завршницата од Светско/Европско првенство ќе треба малку посериозно да се сватат работите со поставување на странец на местото тренер. :toe:
Кажи ми зашто мора да биде странец,немаме ли ние квалитетни тренери? Ајде чим веќе кажуваш странец дај твој предлог кој би можел да биде!? Јас не се согласувам со тебе, не ни треба нов Сантрач или Катанец за селектор...

1. Одличен мотиватор
2. Железна рака, да не речам Хитлер во репрезентацијата
3. Добар тактичар (не мора генијалец), кој би го извал најдоброто од секој играч

Со оглед на то дека не сме фудбалска велесила и побитна е мотивацијата и желбата, овие три работи се доволни; ако има некој таков Македонец, добредојден е, без разлика како се вика!
Се согласувам со ова... Според мене најдобри опции во моментов се Ѓоко или Чеде. Џиџи и Ѓоре додека беа селектори испробуваа некои свои филозофии кои скапо ги плативме (5-0 од Словачка, Унгарија...), а Бабунски е повеќе манекен, него ли тренер... Далеку е он од диктатор, едноставно човекот незнае да викне ниту да искара некого, а за нашиве играчи се знае, мора стапот да игра! :)

Кој и да биде, редно е повеќе внимание да се посвети на други квалитетни играчи што ги имаме, доста е од Петров, Трајанов, Митрески итн...


ЗА КРАЈ - ХАРИ ПЕДЕРУ НЕМОЈ ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ ДА СИ ГО ПОСТАВИЛ КРЕТЕНОТ ЈОНУЗ ЗА СЕЛЕКТОР!!!
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Сите за еден, Јонуз за прецедник!
 
K

kaiser soze

Гостин
Немаше атмосфера во тимот во последно време,изостанаа резултати,па на крајот сосема логично Катанец ја презеде вината и оставката беше само прашање на време.Сега доаѓа нов селектор,во многу незгодно време за нас и со минимални шанси за успех во овие квалификации.Од домашниве што се на листава,повеќето веќе беа селектори и искрено како и со Катанец резултатите ги немаше.Дури и дисциплината не беше на некое ниво,а и кавги со играчи не беа реткост.Единствено на Јаневски би му дал шанса да покаже што знае и умее на репрезентативен тренерски план.Сигурно би го прифатил тој предизвик,а и како клупски тренер не се снаоѓа лошо,така да може да му се даде шанса.
Тактиката која ја практикуваше Катанец,и мене многу не ми се допаѓаше,но го разбирам со оглед на играчкиот потенцијал кој го имаше во средниот ред и крилните позиции,а кој благо речено е доста слаб.Е сега новиот селектор ќе мора да се ослони на истите тие играчи,можеби со мали промени,а со оглед на временскиот рок кој ќе го има за уигрување на тимот.Негова главна цел е да ја подигне атмосферата во тимот,која сите знаеме дека не е на ниво во последно време и да проба да направи резултат овие квалификации,иако тоа ќе е многу тешко.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.658
Поени од реакции
9.241
Според мене Катанец започна добро со репрезентацијата освен поразот од Бугарија. победа над Еквадор и Турција, па Естонија...Ама некако како да го заокружи тимот со едни исти фаци на теренот. Не даде шанса на многу надежи на Македонија. Се надевам дека новиот селектор ќе даде шанса на други фудбалери. Според мене доколку биде селектор Македонец, тоа да биде Чедо Јаневски.
 
Член од
16 ноември 2007
Мислења
3.637
Поени од реакции
3.261
Тешко можам да повервам дека би имало некоја разлика ако дојди некој странец, или пак да се назначи некој македонец. Квалитетот е тој, играчите се тие, тешко дека некој странец ќе промени нешто. Видовме и со Катанец, човекот немаше гледано ни една утакмица од Македонското првенство, а е селектор на репрезентацијата. Каде така?? Состојбата во мак фудбалот му е позната на нашите тренери, и ако некој може да ја крене Македонија да стане каква-таква сила во фудбалот и да ја однесе на светско/европско (поверојатно е европско, ако има некоја веројатност:smir:) тоа ќе биде некој Македонец па макар тоа бил Јонуз :):), не некојси "Катанец".
 
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.553
Поени од реакции
101
Катанец го напушти Македонскиот фудбал
Раководството на ФФМ и селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија Среќко Катанец, се договорија спогодбено да го раскинат договорот со што заклучно од 1 април 2009 година. Од овој датум престануваат сите обврски на комплетниот стручен штаб на националниот тим.
До ваквиот епилог дојде по разговорите меѓу претседателот на ФФМ Хари Хаџи-Ристески и Катанец и заклучокот дека атмосферата во националниот тим од пред средбата со Холандија не е на потребното ниво што може негативно да влијае врз продолжението од квалификацискиот циклус и одигрувањето на важните средби со Норвешка и Исланд во јуни.
- Поднесов оставка на функцијата не поради поразот од Холандија, бидејќи според моментниот квалитет и состојбата во нашиот тим на физички план „лалињата“ беа апсолутен фаворит, туку поради нарушената дисциплина и специфичниот однос на дел од фудбалерите со медиумите.
- Навистина е несфатливо како еден мал инцидент се рефлектираше негативно во базата во Сустендајн и придонесе до „поделба“ меѓу репрезентативците кои почнаа да „истражуваат“ кој експресно ја пласираше информацијата во јавноста наместо да се фокусираат на тренинзите, вели Катанец во изјавата објавена на веб сајтот на ФФМ.

Тој истакнува дека ситуацијата се враќа на почетокот и во овој момент тешко ќе може да ја врати одличната атмосфера што ја имаше на стартот од квалификациите и затоа се повлекува.
- Морам да истакнам дека сум презадоволен од прикажаните игри за време на мојот престој во Македонија со мали исклучоци. Можеби работите ескалираа по оној несреќен пораз на Исланд кој ги наруши драстично нашите планови, но не и амбиции.
- Македонија со две победи во Скопје може да ги задржи шансите за второто место во групата и од тие причини сметам дека мора да ме наследи некој кој ќе ја врати атмосферата во националниот тим што е основен услов за добри игри во продолжението од квалификациите, изјави Среќко Катанец.
Тој им се заблагодарува на раководните луѓе на ФФМ на чело со претседателот Хаџи-Ристески кои од првиот момент, како што посочува, обезбедиле најоптимални услови за подготовки и настап на националниот тим, како и на неговите соработници во Стручниот штаб и воедно и посакува успех на македонската фудбалска репрезентација во понатамошните настапи.
Во деновите што следуваат УО на ФФМ ќе ја разгледа новонастаната состојба во националниот тим и ќе донесе одлука за кој ќе го наследи Среќко Катанец.
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.711
Поени од реакции
5.357
ах да можат да го вратат Андон Дончевски :) :) иначе од понудениве само Ѓоко Хаџиевски никој друг. тој човек едноставно вреди. ама се мислам дека Хари си го спрема бившиот тренер на Победа, Јонуз, за селектор. ако дојде тој селектор уште повеќе ќе тониме надолее . .. . .
 
Член од
28 февруари 2008
Мислења
219
Поени од реакции
2
gjoko vrati se opraj ja reprezentacijata
 
Член од
8 октомври 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
20
Кажи ми зашто мора да биде странец,немаме ли ние квалитетни тренери? Ајде чим веќе кажуваш странец дај твој предлог кој би можел да биде!? Јас не се согласувам со тебе, не ни треба нов Сантрач или Катанец за селектор...
Имаме квалитетни тренери, но нивниот квалитет е доволен само за да Македонија заврши пред Сан Марино и Андора. Несакам секој квалификациски циклус да ги губиме надежите за пласман понатаму волку рано. Време е да се оди понапред.

Кој ќе биде? Тоа ќе одлучи ФФМ, но според мене Билич е одлична опција, но и невозможна. Ако некогаш тој ја превземе селекцијата, тогаш верувам дека ќе има огромен напредок. Но тоа е невозможно. Има и други квалитетни тренери кои би работиле за помала сума на пари од Катанец, но прашење е колку е спремна ФФМ да инвестира во фудбалот и дали сака да се напредува или да се стои во место и паралелно да им се полнат џеповите на функционерите.

Сега до крајот на овие квалификации најверојатно ќе биде назначен Македонец за тренер, па ќе видиме што и како ќе направи.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Јонуз, Чедо Јаневски или Хаџиевски ке биде од нашиве. Јонус зашто е веќе цел живот селектор на младите па сигурно Хари ке го бутне на прв тим. Чедо зашто е докажан тренер во Европа и според мене единствен наш тренер од европски крој. Хаџиевски зашто многу добро ја знае ситуацијата во нашиот фудбал иако долго време не е кај нас но е веќе докажан како одличен тренер за вадење од резултатска криза. А ако биде странец сигурно ке биде или Србин или Хрват.
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.496
Поени од реакции
4.058
Кој и да биде,да биде голем мотиватор.Не сме голема сила во фудбалот,па мотивацијата ни е најважна.:helou:
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923
Конечно и тоа го дочекавме сега ќе видиме дали е до селекторот или до играчите инаку најдобра опција се Ѓоре и Чедо ама тешко дека Чедо ќе ја остави Звезда.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom