Каролина Гочева

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.151
Поени од реакции
5.915
ГОЛЕМ ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ ЗА ПОМОШ НА ЛИЦАТА СО ХЕНДИКЕП
...На концертот ќе учествуваат познати музички уметници од македонската естрада меѓу кои: Каролина, Биба Додева, Елена Ристеска, Ламбе Алабаковски, Дани, Некст Тајм, Мартина, Ѓоко Таневски, Елена Чадиковска, Ристо Самарџиев, Зоран Џорлев, Елена Петреска, „Пука козметика“, Круме Спасовски, КУД „Никола Ј. Вапцаров“, КУД „Владо Тасевски“ и многу други!...
Ќе бидат фешти со типциве. Се кладам дека ќе направат најдобра атмосфера. Каролина ни за мал прст не може да им се фати :baeh:.
 

Music_Lady

Kralica
Член од
25 јуни 2009
Мислења
181
Поени од реакции
6
Кaролина со нов фраер

Најпопуларната македонска поп-пејачка http://www.svet.rs/clanak/%D0%9A%D0%90%D0%A0%D0%9E%D0%9B%D0%98%D0%9D%D0%90-%D0%9D%D0%98%D0%A8%D0%A2%D0%9E-%D0%9F%D0%A0%D0%95%D0%94-%D0%91%D0%A0%D0%90%D0%9AКаролина Гочева е во голема љубов, бидејќи во нејзиниот живот се појави нова личност по име Анте. Среде снимањето на српскиот албум и потпишувањето на новиот договор со „Емоушн“, Каролина реши да ја продолжи својата летна љубовна афера и повеќе да поработи на својот приватен живот. Почетокот на оваа феноменална бајка се случи пред месец и половина кога таа со своите пријатели беше на одмор во Хрватска, на Хвар. Додека се сончала на „Карпе дием“ го добила првото изненадување од својот таен обожавател - кошница полна со овошје. Збунета, поп-пејачката го прифатила подарокот и оттогаш почнале слатките „маки“. Следниот ден таинствениот пријател и подарил букет со 101 роза. Потоа во дискотеката следело и студено шампањско “дом перињон“, упатено кон сепарето на Каролина. Тогаш за првпат Каролина и Анте поразговарале. Но Каролина само студено разменила неколку зборови. Ловот на Анте продолжил, поп-дивата каде и да се движела, секогаш била пречекувана со многу изненадувања: ВИП-влезници, бесплатни лимузини, двесте хелуим балони пуштени во воздух на кои било напишано името на пејачката, а како јагода на шлагот бил приватниот хеликоптер што Анте и го понудил на Каролина, доколку сака да се прошета до Сплит. Упорноста на Анте конечно се исплатила. Поканата за вечера по неколкуте одбивања Каролина конечно ја прифатила. Оттогаш двајцата се почесто комуницирале, а летната авантура полека, но сигурно преминала во љубовна врска. Инаку, Анте е познат бизнисмен, кој живее во Загреб и е партнер на една емиратска компанија, која работи со нафтени полиња. Згодниот црномурест Хрват живее во куќа (речиси во замок) со четири слуги, а има свои станови во Будимпешта, Белград и во Атина. Дека и на Каролина не и е сеедно говори фактот што таа се почесто го посетува скопскиот аеродром „Александар Велики“. Во рок од месец и половина дури трипати е видена како влегува во приватен џет-авион и се упатува кон Хрватска. По се изгледа дека стиховите: „Ме знаеш мене многу лесно ќе се снајдам...“ од песната „Крај“ се остварија.
Каролина ја контактиравме телефонски, а таа од Белград ни изјави:
„Немам поим шта ти причаш“, низ смеа ни прокоментира Каролина и додаде: „Точно е дека одморот во Хвар го поминав со многу изненадувања. Вистина е дека постои дечко, кој ме опсипуваше со подароци, но тој мене не ми е дечко и не е од Загреб, туку е од Белград, ни одговори насмеаната Каролина. Ние и посакуваме многу среќа во новата врска, или неврска, па се надеваме дека „Хрватот“, или „Србинот“ ќе стане македонски зет.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Браво ма Каролина, те обожаваме:smir::smir::smir: Ти посакувам се најубаво, биди си со тој што сакаш колку сакаш и ич да не ти е гајле:back:
 

krstenik

first things first
Член од
24 август 2009
Мислења
525
Поени од реакции
21
кога бев 5то и 6то оделење ја слушав по некад ... или бев 1во или 2ро ... не се сеќавам баш!
 

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Е со овој сигурна сум дека Каролина ке се омажи!! Не знам ни дали е убав или стар, ама има кеш, ке може да си ја зајакне кариерата надвор од Македонија и и угодува. Ајде за најмногу 6 месеци чекаме најава за свадба:pipi:
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Вечер сите на платото спроти ТЦ Бисер на голем хуманитарен концерт за лицата со хендикеп. На концертот свој придонес ќе даде и Каролина Гочева.
Бидете хумани, присуствувајте на настанот и помогнете им на оние на кои им е потребно тоа.
Директен пренос од концертот ќе дава и Македонска Телевизија - 20 часот.
Воедно големо изненадување подготвуваат и фановите на Некст Тајм
 

Music_Lady

Kralica
Член од
25 јуни 2009
Мислења
181
Поени од реакции
6
Нашата гордост - Каролина, како и секогаш беше прекрасна :back:
 
Член од
4 февруари 2007
Мислења
1.094
Поени од реакции
165
Eve vi edna pesna od nejzinata antologija:

Karolina_Goceva_Niz_Oblaci_Jas_KePreletam.mp3.html

Ovde ne ''graka'' tolku kolku sega sto ''graka''.

Едит од Тончи: Пиратерија не е дозволена на форумов.
 

Music_Lady

Kralica
Член од
25 јуни 2009
Мислења
181
Поени од реакции
6
хахахахах друже оваа песна не е од каролина :helou: од една група порано што беше е, ин мислам дека се викаше, а песната "и сега знам" се вика хаха :pos: другпат прво провери па после кажувај ок? :smir:
 
Член од
4 февруари 2007
Мислења
1.094
Поени од реакции
165
хахахахах друже оваа песна не е од каролина :helou: од една група порано што беше е, ин мислам дека се викаше, а песната "и сега знам" се вика хаха :pos: другпат прво провери па после кажувај ок? :smir:
Kako ne e?Prviot album na Karolina Mamo pusti me,mise cini ja imase ova pesna.
 

Music_Lady

Kralica
Член од
25 јуни 2009
Мислења
181
Поени од реакции
6
Kako ne e?Prviot album na Karolina Mamo pusti me,mise cini ja imase ova pesna.
Епа ти се чини :) Оваа е од групата Ин, баш сега проверив, песната И сега знам, се вика, тие имаа уште неколку песни, Божица, Биди ин, и уште неколку. :helou::smir:
 

Music_Lady

Kralica
Член од
25 јуни 2009
Мислења
181
Поени од реакции
6
Ama tie pesni bea od 1999.
знам дека тоа време некаде излезе песнава, ама 100% сум сигурна дека е од групата ИН песнава, ако не ми веруваш ја има на оваа страна за симнување URL избришана од страна на модераторот. i ќе бараш ин- и сега знам. имаше и спот за песнава, ама не можам на интернет да го најдам. ако го најдам ќе го видиш. А друго, откако знам за себе ја слушам Каролина и ги имам сите нејзини песни, така да сигурна сум дека не е нејзина :smir:
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Chris? Каква песна од Каролина, оваа е песна од тој период, али не е нејзина.:pos2::pos2:Ноуп, не е нејзина, и јас ги имам сите албуми нејзини, оваа не е нејзина песна. Инаку јас стварно не знам што има издадено пред нејзиното влегување во Авалон, мислам на ЦДиња, а Мамо пушти ме е песна од 1991 година.
Инаку вчера Каролина беше дефинитивно најубаво облечената ѕвезда на таа сцена на концертот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom