Кaролина со нов фраер
Најпопуларната македонска поп-пејачка
http://www.svet.rs/clanak/%D0%9A%D0%90%D0%A0%D0%9E%D0%9B%D0%98%D0%9D%D0%90-%D0%9D%D0%98%D0%A8%D0%A2%D0%9E-%D0%9F%D0%A0%D0%95%D0%94-%D0%91%D0%A0%D0%90%D0%9AКаролина Гочева е во голема љубов, бидејќи во нејзиниот живот се појави нова личност по име
Анте. Среде снимањето на српскиот албум и потпишувањето на новиот договор со „Емоушн“, Каролина реши да ја продолжи својата летна љубовна афера и повеќе да поработи на својот приватен живот. Почетокот на оваа феноменална бајка се случи пред месец и половина кога таа со своите пријатели беше на одмор во Хрватска, на Хвар. Додека се сончала на „Карпе дием“ го добила првото изненадување од својот таен обожавател - кошница полна со овошје. Збунета, поп-пејачката го прифатила подарокот и оттогаш почнале слатките „маки“. Следниот ден таинствениот пријател и подарил букет со 101 роза. Потоа во дискотеката следело и студено шампањско “дом перињон“, упатено кон сепарето на Каролина. Тогаш за првпат Каролина и Анте поразговарале. Но Каролина само студено разменила неколку зборови. Ловот на Анте продолжил, поп-дивата каде и да се движела, секогаш била пречекувана со многу изненадувања: ВИП-влезници, бесплатни лимузини, двесте хелуим балони пуштени во воздух на кои било напишано името на пејачката, а како јагода на шлагот бил приватниот хеликоптер што Анте и го понудил на Каролина, доколку сака да се прошета до Сплит. Упорноста на Анте конечно се исплатила. Поканата за вечера по неколкуте одбивања Каролина конечно ја прифатила. Оттогаш двајцата се почесто комуницирале, а летната авантура полека, но сигурно преминала во љубовна врска. Инаку, Анте е познат бизнисмен, кој живее во Загреб и е партнер на една емиратска компанија, која работи со нафтени полиња. Згодниот црномурест Хрват живее во куќа (речиси во замок) со четири слуги, а има свои станови во Будимпешта, Белград и во Атина. Дека и на Каролина не и е сеедно говори фактот што таа се почесто го посетува скопскиот аеродром „Александар Велики“. Во рок од месец и половина дури трипати е видена како влегува во приватен џет-авион и се упатува кон Хрватска. По се изгледа дека стиховите:
„Ме знаеш мене многу лесно ќе се снајдам...“ од песната „Крај“ се остварија.
Каролина ја контактиравме телефонски, а таа од Белград ни изјави:
„Немам поим шта ти причаш“, низ смеа ни прокоментира Каролина и додаде:
„Точно е дека одморот во Хвар го поминав со многу изненадувања. Вистина е дека постои дечко, кој ме опсипуваше со подароци, но тој мене не ми е дечко и не е од Загреб, туку е од Белград“, ни одговори насмеаната Каролина. Ние и посакуваме многу среќа во новата врска, или неврска, па се надеваме дека „Хрватот“, или „Србинот“ ќе стане македонски зет.