Каролина Гочева

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
Конечно новиот спот!!!!!!

 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.947
И само Весна Станоевска вреди во спотов.
 

karlovic

имам срце ама имам и фрижидер
Член од
5 ноември 2010
Мислења
616
Поени од реакции
161
И Каролина цела 40годишна милфица се напрај.....
 

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
ВО СПОТОТ ЗА "НЕ СЕ ВРАЌАШ"

Каролина раскажа тажна љубовна приказна

Тажната љубовна приказна меѓу актерите Весна Стојановска и Игор Стојчевски е раскажана во спотот за песната "Не се враќаш" на Каролина Гочева. Изборот на главните протагонисти, актерите Весна и Игор, е идеја на пејачката, а во спотот се појавува и Влатко Стефановски, задолжен за гитарското соло. Спотот, што го потпишува Томато продукција, по телевизиите ќе почне да се врти од денеска, а беше промовиран на вчерашната прес-конференција на која беше најавен и концертот закажан за 13 мај во спортската сала "Борис Трајковски".

Од матичната продукција на Каролина, Авалон, најавија дека на 24. месецов спотот за српската верзија на "Не се враќаш" и албумот "Кап испод неба" ќе бидат промовирани во Белград, односно дека чекале да се појави спотот за да го промовираат албумот, а во српската престолнина до крајот на годината во план е и концерт.

"Концертот ќе биде поделен во неколку делови за да се најде место за сите песни од мојот шаренолик репертоар. Одлучивме гости да бидат Влатко Стефановски и Беј д фиш. Секоја целина ќе биде различна, а во согласност со песните ќе биде и облеката за на сцена која се осмислува", вели Каролина. На сет листата покрај новите песни ќе се најдат и старите добро познати рефрени како "Знаеш колку вредам", "Крај", "Мојот свет", "Штом сакаш", "Јамајка"...
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Спотот е прекрасен. Рекламите кои одеа месец дена во Бекстеџ и Тротоар беа всушност за овој спот.
Браво Каролина, најдобра и единствена

Приказната е тажна :(
 
Член од
10 февруари 2011
Мислења
23
Поени од реакции
3
Sega koga iskoci spotov, da kazam i jas nesto. Mnogu smesno e kompanija kako Avalon da se kritikuva za vodenje na kariera na Karolina. Setete se Avalon go zede Tose so dve pesni, i sto se sluci za 3 godini. Kakva kariera uspeaa da mu izgradat. Sto mislite vie, da ne bese Avalon dali bi bil Vlatko Stefanovski gostin vo pesnava, dali Karolina bi imala vakva kampanja, skoro dava meseci da gledame isecoci od spot a da ne znaeme za sto se raboti, i slicno... Za kraj, dali Karolina bi ostanala tolku mnogu vreme so Avalon a da ne e svesna so kakva firma ima rabota. A za spotot, mozebi ne e remek delo ama sepak ima prikazna sto e retkost vo makedonskite spotovi a i mosne efektni se delovite so Vlatko i Karolina. I verojatno ke si ja ispolni svojata namena, da pretstavuva voved vo kampanjata za koncertot. Kako i da e na Karolina i posakuvam uspeh i obavezno da napravi koncert i vo Belgrad vo naredniov period...
 

Music_Lady

Kralica
Член од
25 јуни 2009
Мислења
181
Поени од реакции
6
]Сакам дете, но мажот не е задолжителен!



Бракот ја нема таа вредност што ја имал некогаш, искрено зборува поп-пејачката Каролина, која е пред нов предизвик- голем солистички концерт на 13 мај во „Борис Трајковски“


Поп-пејачката Каролина се соочува со нов предизвик - подготовка на големиот солистички концерт што ќе се одржи на 13 мај во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Токму концертот, како и промоцијата на нејзиниот најнов видеозапис за песната „Не се враќаш“ беа причина за вчерашната средба со новинарите на која популарната пејачка најави едно сосема ново и поинакво концертно издание кое ќе биде поделено во неколку дела - етно, рок, електронски звук... Како гости на концертот ќе се појават „Беј д’фиш“ и Влатко Стефановски, кој се појавува и во спотот за „Не се враќаш“, чија премиера уште во самиот старт предизвика реакции. Станува збор за видеоприказна во која доминира алкохолот и која завршува со ужасна сообраќајна несреќа и смрт на главниот актер. Морничавата снимка од сообраќајката е слична на сцена од филмот „Сенки“ и се одигрува на истата раскрсницата пред Владата на РМ. Спотот го изработи „Томато продукција“.

Какви реакции очекуваш по промоцијата на спотот? Лично мислам дека е преексплицитен и шокантен, има премногу алкохол...

„Битно е што шокира. Подобро шокантен момент отколку нешто што нема да помине забележано. Секако дека претходно се договаравме како ќе изгледа, тука се и двајцата актери кои ја глумат приказната. Се' се случува за едно деноноќие, режисерскиот дел му е доверен на Бане од „Томато“.

Деновиве топ-тема во јавноста е твојата соработка со „Беј д’фиш“ за песната „Идеална жена“. Им приреди пријатно изненадување на сите твои обожаватели...

„Тоа беше идеја на ’Беј д‘фиш. Ме исконтактираа и ми ја презентираа, ми рекоа дека сакаат да бидам една од нивните епизоди, зашто албумот им е конципиран како една цела приказна, и да ја одглумам улогата на идеална жена. Тоа, всушност, е само насловот зашто во песната се работи за жена што не е баш задоволна од својот живот - глумам жена која се сеќава како некогаш и' било убаво, но сега има еден пропаднат брак, починат сопруг, деца за кои мора да се грижи... Малку е црн хумор, мие садови по цел ден и замислува како и' било некогаш...

Се работи за тотално необична и неочекувана комбинација и затоа мислам дека е толку успешна. Но, морам да спомнам дека она што се врти на „Јутјуб“ не е официјално видео, тоа е видео од фан кому му се допаднала песната, па склопил некои клипчиња... Претпоставувам дека се планира и официјален спот за песната“.

Според многумина, етнопроектот „Македонско девојче“ ги освои највисоките оценки, одбележувајќи те во сосема нова светлина. Ќе има ли слични проекти во иднина?

„Да, во план е подготовка на ’Македонско девојче 2‘. Се' уште не сме почнале да работиме на тоа, зашто сега брзо излезе мојот последен поп-албум и сум преокупирана со него. ’Македонско девојче 2‘ би било приближно за една и пол година“.

Домашната естрадна сцена е во состојба на летаргија. Веќе подолго време ништо особено не се случува, со чест на исклучоци. Каков е твојот впечаток, во кој правец се движиме?

„Ништо не се случува зашто за да се случи нешто – тоа чини многу, а не ти се враќа ништо. Затоа има мал број имиња, помалку од кога било кои опстануваат и живеат од музика. Претпоставувам дека тоа е главна причина зошто македонската музичка сцена никогаш не била во полоша ситуација од сега.

Имаме наплив на имиња од страна, не велам дека не треба да доаѓаат, но мислам дека треба да се посвети поголемо внимание на нашите изведувачи. Кај нас кога некој ќе закаже концерт, веднаш почнуваат со разни претпоставки и предвидувања што се негативни во однос на пејачот наместо да го поддржат. И се' додека е тоа така, нашата музичка сцена ќе биде се' полоша и полоша.
Веќе подолго време си во стабилна врска која не ја криеш од очите на јавноста, иако многу не зборуваш за својот приватен живот. Што те прави среќна, колкав е твојот круг на искрени пријатели?

„Нормално дека емотивната исполнетост е битна за секоја жена, не само за мене, туку зборувам за сите жени што ги знам, на сите им е битно да бидат емотивно исполнети. Тоа е еден од сегментите што се битни за да функционираш и на другите полиња.

Имам искрени пријатели, со текот на годините кругот се' повеќе се стеснуваше и сега веќе знам точно кои ми се пријатели, се дружам и гледам секојдневно со нив. Исклучително ги негувам своите пријателства и сметам дека се многу битни, најбитни. Се' друго е менливо, но пријателите се константни во животот. Пријателите ми се долгорочни, можеби тоа е еден биковски момент, тоа што сакам стабилност, секогаш сакам да сум на позната територија, не можам да се отворам на секого, треба некого да познавам за да можам да му се доверам...“

Многумина ти забележуваат на ладниот пристап, резервираноста, воздржаноста...

„Воздржаноста, резервираноста е можеби како одбранбен механизам. Јас сум многу емотивна и да сум го немала тој одбранбен механизам, сигурно ќе сум поминала потешко во животот. А со оглед на тоа што кај нас се смета за нормално, а што не... можеби е подобро што сум сметана за резервирана, па некои дури можеби и ме сметале за арогантна, но тоа е подобро отколку да ме сметаат за патетична или за не знам што...“

Некако спонтано ми се наметнува и прашањето за брак... Почна ли да размислуваш на оваа тема, кој е според тебе најдобриот период за стапнување на лудиот камен?

„Нема идеално време за брак. Во последно време често одговарам на ова прашање. Верувајте ми дека не размислувам на таа тема како за нешто што треба да го планирам. Ако се случи - се случи, ако не се случи - ништо страшно. А бидејќи сега се модерни времиња, би сакала да имам дете, меѓутоа мажот не е задолжителна работа, ха, ха, ха!

Никогаш не сум била од тие што сметале дека е трагично да не се омажат. Да сум сакала, ќе сум се омажела уште на 21-22 години. Мајчинството е најбитно, а бракот како брак... Има толку многу разводи што мислам дека и бракот ја нема таа вредност што ја имал некогаш“.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=ED8A27882C15CA4FBB3BD0EFA6F0D803
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
673
Поени од реакции
102
Sega koga iskoci spotov, da kazam i jas nesto. Mnogu smesno e kompanija kako Avalon da se kritikuva za vodenje na kariera na Karolina. Setete se Avalon go zede Tose so dve pesni, i sto se sluci za 3 godini. Kakva kariera uspeaa da mu izgradat. Sto mislite vie, da ne bese Avalon dali bi bil Vlatko Stefanovski gostin vo pesnava, dali Karolina bi imala vakva kampanja, skoro dava meseci da gledame isecoci od spot a da ne znaeme za sto se raboti, i slicno... Za kraj, dali Karolina bi ostanala tolku mnogu vreme so Avalon a da ne e svesna so kakva firma ima rabota. A za spotot, mozebi ne e remek delo ama sepak ima prikazna sto e retkost vo makedonskite spotovi a i mosne efektni se delovite so Vlatko i Karolina. I verojatno ke si ja ispolni svojata namena, da pretstavuva voved vo kampanjata za koncertot. Kako i da e na Karolina i posakuvam uspeh i obavezno da napravi koncert i vo Belgrad vo naredniov period...
Ништо не е смешно ако се искритикува работата на Авалон,зашто факт е дека последниве неколку години тие се посветени како концертни промотери по Белград и Загреб,и факт е дека не се 100% посветени на Каролина и факт е дека можеле многу повеќе.Она што мене не ми се допаѓа кај Авалон е што побрзо им работи устата од мозокот посебно на Бобан,па после тоа се се одбива од главата на Каролина како таа да е виновна,за сите нивни грешки и честопати и биле направени неправди баш поради нив.

--- надополнето ---

Инаку Каролина вечер ќе гостува на ХРТ1 во 20:45 заедно со Александра,Нина и Маја Сар во емисија посветена на нивната хуманитарна акција за борбата против ракот на матката кај жените.
 
Член од
3 февруари 2007
Мислења
293
Поени од реакции
30
И само Весна Станоевска вреди во спотов.
Целосно се согласувам со Tonchie и баш поради тоа што Авалон е име, а Каролина толку години на естрада, не смеат да си дозволат вака некреативен спот. Каква приказна, тука нема никаква приказна, дали и книга на снимање имаат напишано за спотов..... ко кампања за антиалкохолизам, дури и некои од таквите видеа се покреативни.... Весна е феноменална актерка и наместо да го извлечат максимумот од неа, тие дали 1/10000000000 дел искористиле од нејзината харизма и способности..... Ме разочара, песната е добра и дека и Влатко е навистина ѕвезда очекував нешто повеќе. Каролина наместо ко поискусна да прави подобри спотови, она обратно, дури ми е криво за песните, зошто стварно и' се добри пример и оној спотот за песната „За година две’’ со Пежото качено на месечината... според мене исто ко да нема спот, ќе продолжам да си ја слушам песната у mp3.
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
673
Поени од реакции
102
Целосно се согласувам со Tonchie и баш поради тоа што Авалон е име, а Каролина толку години на естрада, не смеат да си дозволат вака некреативен спот. Каква приказна, тука нема никаква приказна, дали и книга на снимање имаат напишано за спотов..... ко кампања за антиалкохолизам, дури и некои од таквите видеа се покреативни.... Весна е феноменална актерка и наместо да го извлечат максимумот од неа, тие дали 1/10000000000 дел искористиле од нејзината харизма и способности..... Ме разочара, песната е добра и дека и Влатко е навистина ѕвезда очекував нешто повеќе. Каролина наместо ко поискусна да прави подобри спотови, она обратно, дури ми е криво за песните, зошто стварно и' се добри пример и оној спотот за песната „За година две’’ со Пежото качено на месечината... според мене исто ко да нема спот, ќе продолжам да си ја слушам песната у mp3.
Спотот како спот и каков год да биде нема каде да биде пуштен освен на youtube,и зошто да инвестира било кој пејач во спот кога тој нигде не се пушта.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Не е лош спотот, ама можеле каде каде подобар да направат.
И почетокот не ми се сфиѓа..... 24 идеја користат што ич не ми е оригинално.
Па мораше во Бардовци да живеат главните ликови у спотот?
Немам ништо јас против населбата, ама ме фати смеа коа прочитав прв пат - си викам овие некои ментално болни пијаници се изглеа.

Можеле и далеку подобро, но што е - тука е:)
 
Член од
10 февруари 2011
Мислења
23
Поени од реакции
3
Спотот како спот и каков год да биде нема каде да биде пуштен освен на youtube,и зошто да инвестира било кој пејач во спот кога тој нигде не се пушта.
Televiziite se mnogu zafateni so Boki i so veliki brat i bavca ili neznam kako se vikaat realnite show-a od nasite severni sosedi, i zatoa sum sreken sto go ima youtube pa si gledam sto sakam, ako sednes 15 min na televizija demek onaka da si pogledas, ke se izretardiras 100% :)
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Малку фали за спотов да е комплетен Fail. Убаво пишал некој на ЈуТјуб, како да гледам спот на Владата на Македонија, фалеше уште Викторија Лоба у спотот да каже како петокот си поминала Ваууууу. Животот е мојот филм и такви мити работи.
Песната е многу добра, се гледа дека вложиле добри пари за спотот, ама очигледно многу лоша замисла има приказната. Алкохолизам? Еден пие, па гледам друг пие и дур се свестиш направил типот сообрајќајка. Многу празен спот. Дури очаен би рекла.
А можеле многу подобро сценарио да смислат за тие пари. Прељуба, љубовници ова она, таман ќе беше. Смешно, ама најдобар момент беа Каролина и Влатко, зашто приказнава не задржува внимание.
Се надевам дека за песната со Бај д Фиш ќе направи подобар спот.

П.С : Кој ќе го гледа спотов ќе има чувство дека гледа 24 и дека Џек Бауер ќе излезе од некаде.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom