Каролина Гочева

Член од
22 ноември 2008
Мислења
673
Поени од реакции
102
Да, ама Авалон и Каролина доцнат со спотовите и тоа со месеци. За песните да станат легендарни треба најпрво да почекаме неколку децении, за да ги оцениме како легендарни.

А инаку синоќа на 27.02 Каролина беше во Белградската Арена на концертот на британската виолинистката Vanessa-Mae.
Да точно е тоа дека доцнат со спотовите и најмногу ми пречи кај било кој изведувач(а е случај речиси кај сите),но тоа е пред се вина на непрофесионализмот кај Авалон,тие повеќе последниве години се посветени на други активности,а и Каролина не е личност која е премногу амбициозна па да им досадува на нив по цел ден и ноќ,Каролина е и хедонист кој сака и да ужива во животот.
Можеби во иднина би требало да се променат и Авалон а и Каролина да биде поамбициозна,зашто знам дека може многу повеќе.
Инаку за спотовите би требало да ги снимаат уште пред да ја објават песната,зашто знам дека тие немаат проблем со финансии.
 
Член од
31 декември 2007
Мислења
441
Поени од реакции
111
Да точно е тоа дека доцнат со спотовите и најмногу ми пречи кај било кој изведувач(а е случај речиси кај сите),но тоа е пред се вина на непрофесионализмот кај Авалон,тие повеќе последниве години се посветени на други активности,а и Каролина не е личност која е премногу амбициозна па да им досадува на нив по цел ден и ноќ,Каролина е и хедонист кој сака и да ужива во животот.
Можеби во иднина би требало да се променат и Авалон а и Каролина да биде поамбициозна,зашто знам дека може многу повеќе.
Инаку за спотовите би требало да ги снимаат уште пред да ја објават песната,зашто знам дека тие немаат проблем со финансии.
Отсекогаш имав чувството дека е вака ,нека, нека си го гледа животот и нека ужива
 

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
Да, точно. Многу убаво ја опиша Каролина во врска со нејзината амбициозност.
А за спотовите уште само сакав да надополнам дека посебно ми смета тоа што, еве конкретно за „Веќе не се враќаш„, спотот сигурно е веќе сниман и беше најавен низ медиумите со синглот, а чекаме само да го промовираат. Ако е готов спотот, зошто толку да се одолговлекува? Стварно не ми е јасно.
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
673
Поени од реакции
102
Отсекогаш имав чувството дека е вака ,нека, нека си го гледа животот и нека ужива
Па знаеш амбициозноста е секогаш поголема на секој почеток,но кога сето она што си го посакувал и кон што си итал ќе го оствариш и тоа на релативно многу мала возраст,Каролина во МКД постигна се што еден пејач може да постигне,повеќе нема.А за снимање албум на англиски е сосема свесна дека тоа е губење само на време,енергија и пари,а ефект никаков(што е случај со сите нејзини колеги кои снимале).Каролина последниве година две е посветена само на Балканот,но тука сега се јавуваат Авалон кои многу сакаат да заработат преку ноќ,а да вложат многу малку,доколку вложат многу повеќе и Каролина ќе постигне многу повеќе,за да им бидеш вистинска конкуренција на оние од Ех ју мораш да вложуваш како нив за да бидеш рамноправен со нив,за жал сите наши музичари не вложуваат во себе,затоа и ефектот помал.А едно е факт дека Авалон имаат пари и можат да вложат.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Мене ми се допаѓа во глобала како Авалон ја водат кариерата на Каролина, а сега ќе кажам зошто. Каролина го достигнала тоа што некој можел кај нас како пејач да го достигне и нивното водење на кариерата постојано ја одржувало понатаму Каролина на врвот што е неверојатно тешко во денешни услови кога се појавуваат многу нови и млади пејачи и пејачки, кои полнат дискотеки итн. Каролина според популарноста била секогаш на врвот, што сепак е еден голем плус за Авалон. Некој друг да се грижел за нејзината кариера, ќе била само инстант тин ѕвезда во некој период или популарноста ќе се намалела, а со тоа ќе згаснувала и кариерата. А за Балканот навистина треба поагресивно. А и кај нас нема да штетат повеќе спотови, а не една песна со спот да се промовира повеќе од пола година.
За некои ете можеби и не е во ред начинот на Авалон, но со таков начин кариерата на Каролина секогаш била стабилна и постојана.

А што мислите дали Каролина треба да сними шоу како оние за претходните два албума, снимени од Томато ?
Убаво би било, но во ова време е џабе. А1, МТВ и К15 тогаш постојано го пуштаа првото шоу, сега не верувам дека некој ќе го пушти повеќе од еднаш. А музичка телевизија немаме, за жал.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.407
Поени од реакции
7.692
Џангл ТВ, К-15 мјузик... какви се овие телевизии Дијаманте?
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
К15 Мјузик не дава нови спотови. Тоа што останало од пред некоја година, тоа го даваат. К15 даваа нови спотови, ама таа телевизија веќе ја нема. Оваа Мјузик не потсетува на тоа како изгледале спотовите во 2001.
А Џангл сигурно нема да даде цело шоу како што беа претходните шоуа. Не ни знам дали македонски поп песни се даваат на таа програма.
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
673
Поени од реакции
102
Концертот на Каролина е презакажан за 13 мај во арената Борис Трајковски,инаку датумот е поместен поради доцнењето на техничката опрема која од објективни причини не може да стигне во април.
 

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
Кратко интервју на англиски јазик, во кое Каролина кажува дека НЕМА да настапи по трет пат на Евровизија.

 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Да, такво нешто кажа и во едно интервју на макеоднски. Причина е стресот кој го доживеала 2007 година околу влезот во финалето.
 

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
ПЕЈАЧКАТА ГИ ИЗНЕНАДИ СКОПЈАНКИ

Каролина со рози и кекс за дамите

Каролина Гочева вчера на дамите им го честиташе Денот на жената со рози и кекс. На плоштадот Македонија три часа се дружеше со фановите и дамите, кои сакаа да се фотографираат со неа, но и за миг да видат како е да бидат на нејзиното место и поставеното пано со фотографија од нејзиното тело во костим за капење да го искористат за да го вметнат своето лице. Студеното време не и беше проблем на битолчанката со насмевка на лицето да ужива во времето одвоено за оние кои ја почитуваат.

 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Мислам дека по првата Евровизија исто така имаше кажано дека не би одела по вторпат. :)
Кога се врати од втор пат во 2007-ма, изјави дека би одела и по трет пат. :)
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086

Најуспешната Македонка со фотосесија и насловна на 1Е
100 седмици 1Е Магазин! Екслузив на фотосесијата за едиторијалот за јубилејниот број.
Кики ја красеше и првата насловна страна на 1Е, Каролина често ги испишуваше нивните страници.​
Кики и Каролина меѓу најдобрите во својата професија, Наташа млада актерка која допрва ќе се покажува и докажува!​
Женственост и убавина вовлечена во модели од македонски дизајнери, Сите три на насловната на најдобриот македонски магазин!епа целото ова асоцира на 100% македонски успех










Каролина не доби подарок за 8-ми март
Иако е единствената македонска поп-принцеза, сепак денес Каролина остана без ниеден подарок.од толку обожаватели, а да не зборуваме за дечко и, не им текна барем ако не повеќе, да и подарат едно цвеќе.
Но затоа пак...
Па нормално. Секој би сакал 364 дена да добива подароци, а тој еден, кому му е гајле.
Но, сепак, иако вели дека 8-ми март не го чувствува како нејзин празник, понекогаш знае да празнува со другарките.
А ако случајно денес бевте на плоштад и ја видовте Каролина без глава, или на местото каде што треба да стои нејзината глава видовте многу други фаци, не плашете се.





Браво за идејата. АКо не друго, на сите оние кои досега сонувале да имаат нозе како на Каролина им се исполни фантазијата, макар на две минути.




извор А1 Ексклузив


 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
673
Поени од реакции
102
Денес конечно ќе биде промовиран спотот за Не се враќаш,во салата Борис Трајковски,каде ќе бидат објавени и детали за концертот на Каролина во истава сала закажан за 13 мај.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom